Како што модерниот стил на 20-тиот век беше воспоставен наспроти традиционализмот, така постмодерната е поттикната од досадниот модерен функционализам, а е охрабрена од политичките и културните протести уште во почетокот на 70-тите години на минатиот век. Таа одново ги открива емоционалните вредности и присуството на историјата. Постмодернизмот, исто така, може да се смета како едл од модерното движење кое настојува да се извлече од сопствената криза преку прмислено оживување на историјата и орнаментот. Постмодерната истражува различни стилски епохи заради можноста за нивна повторна делумна употреба, така што одново ги открива класицизмот и методите на историцизмот.
Модернистичките догми, како формата ја следи функцијата, постмодерните архитекти ги занемаруваат со помош на нивно дополнување, како формата ја следи функцијата, историјата и средината.
Постмодерниот бран ја ослободи мислата на голем број архитекти, овозможувајчи им да се свртат кон богатото архитектонско минато за да најдат инспирација. Се овозможи разновиден пристап кон архитектурата, што совршено одговара на богатата европска историја.
Познатиот архитектонски критичар, Ранко Радовиќ, ќе заклучи “дека постмоедрниот простор (како тој милува да ја нарече денешната архитектоника) носи смели промени, кои го прават можеби најбогат во вкупната историја на архитектурата...Границите се поместуваат далеку од сртогоста и поедноставувањето на Мис ван дер Рое, бидејќи архитектите денес се служат со разновидни елементи, недефинирани стилови, метафора, парадокси, форми и полуформи, композиции и декомпозиции...”
Сето ова мешање и коминации на денешната архитектура со најквалитетните дела на модерната, па и подалеку, на ренесансата и барокот, не подразбира имитирање или повторување на нивните форми, туку непоколебливо редефинирање на нивните принципи со цел да се решат архитектонските проблеми. Тоа подразбира создавање форми засновани на принципи, форми без произволност, кои се соодветни на поголем број нивоа...