Савле или Павле - кој беше тој?

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Шаул (Савле) Павле израснал во богата фамилија. Грчко - Римскиот прекар Паулус му е даено како вообичаено кај богатите Евреи од дијаспората и римски граѓани. Татко му бил трговец со козини, а Павле самиот научил да прави шатори. Имотноста му дозволи да замини во Ерусалем и да се образува кај учителот Гамалиел, нешто што не можел секој да си го приушти. Према апокрифниот текст “Историјата на Павле“ од 2ри век се вели дека бил ќелав со шилест нос и големи веѓи. Боледувал од некоја загадоточна болест која го мачела цел живот. Таа болест како самиот Павле кажува - кај своите ученици и другари предизвикувала искушениа и гнасење. Најверојатно станува збор за епилепсија према самиот Павле кој во второто послание до Коринтјаните се жали дека Сатаната го боди со трн по телото и лицето. Веројатно како последца на тие напади имал и визии дека бил вознесен на третото небо, но и самиот не е сигурен дали физички или духовно бил вознесен. Ова негова изјава е дотолку почудна бидејќи кај христијаните немаше поделба на повеќе неба.Во Посланието до Филипјаните вели “Добив се и имам во изобилие, се пренаполнив со блага....“ Па и веројатно богатството на Павле го натерало намесникот Феликс да се надева на голем откуп за да го пушти од затвор. Па белки нема Феликс да чека откуп од некој беден и сиромашен еверин од далечниот Таз и тоа цели 2 години? Павле ја имал и привилегијата две години да биди во домашен притвор привилегија која не би му се дала на некој сиромашен и беден евреин туку на богат човек кој имал пари да изнајми и држи под наем куќа во Рим. Сиромашните и бедните судењата ги чекале во занданите и подземните затвори на Рим. Тој веројатно од своја позиција на имотен човек многу ја ублажува мислата на Исус за положбата на богатите во царсвото небеско и ги повикува само да не бидат надмени и да од “вишковите“ уделуват на сиромасите, а ги повикува и луѓето да плаќаат даноци оти службеници божји се и оние кои данок собираат. Власта мора да се почитува оти е од бога дадена, и оние кои се протиставуваат на власта - се протиставуваат на бога, а слугите ги повикува на верност и послушност кон земните господари. Ќе ги скокнам сомненијата на теолозите и научниците околу тоа колку и кои посланија навистина напишал Павле. Посланието до Тимотеј и до Тит, настанале по смртта на Павле и во нив се опишуваат и се зборува за односите во заедницата кои таму постоеле во 2-риот век НЕ (пресметка со ересите кои се јавија по Павловата смрт). А и самиот Ориген се прашува “Господ знаи кој го напишал Посланието до Евреите“. Павле не го познавал Исуса, и се што дознал и научил за него беше од други извори и сведоци, така да по неговите писанија тогашните верници можеле да дознаат само дека Исус умрел на крстот и потоа воскреснал. Павле (додека беше Савле) жестоко ги гонел Христијаните, Стефан, христијанин и агитатор на новата вера, темпераментен говорник бил уапсен и однесен во Синедриумот, каде во одбрана со жар ги нападнал евреите зе неверство во светиот дух и убиство на Исуса. Разгневените евреи поведени од Павле (Савле) го извлекла Стефана надвор од градот и го каменувала до смрт. Павле генијалниот втемелувач на Христијанството ја водел толпата и го предводел каменувањето на Стефан, младиот и искрен Христијанин. Во делата Апостолски се вели дека Павле (Савле) је “пустел црквата“, одел од куќа до куќа и ги извлекувал од дома луѓето обвинети за верата во Христа и ги затворал в зандани, а на учениците Господови им се заканувал со смрт. Забележливо е дека апостолите беа на два пати испитувани во Синедриумот, но тогаш Павле не бил присутен па беа еднаш опоменати а друг пат камшикувани, но во случајот кога Павле бил присутен Стефан бил експресно извлечен и заради својата вера каменуван предводен од Павле. Единствената врска која Павле ја имал со Христијанството била преку апсење и затворање на христијаните. Тој проповедал христијанство по прреоѓањето во новата вера а да не се сретнал ниту зборувал ниту посетил ниту еден ученик Исусов. Барем не во првите 3 години од неговото делање кога на кратко (15сет дена) престојува во Ерусалем и се сретнува со Петар и со братот Господов - Јаков. Тој додуша тврди дека му се јавил Исус во силен блесок и му ја доверил мисијата, но секако постојаните конфликти и напади на Павле од страна на братот Господов - Јаков, Петар, Варнава и Јован Марко ни кажуваат дека во тоа време тоа негово тврдење не било прифатено, како и неговото самопоставување за апостол. Никогаш на пат не одел сам туку со придружба. На првото патување одел со Варнава и Јован Марко. Откако се скарале тие двајца заминуваат за Кипар. На второто патување нив ги заменуваат Сила и Тимотеј. На третото веќе оди со голема дружина Сопатр, Аристах, Секунд, Гај, Тимотеј, Тихик и Трофим.
 
..Најверојатно станува збор за епилепсија према самиот Павле кој во второто послание до Коринтјаните се жали дека Сатаната го боди со трн по телото и лицето...


Сум слушнал многу претпоставки за "болеста" на Павле, ама оваа "епилепсија" ми е најсмешна :pos2:

Веројатно како последца на тие напади имал и визии дека бил вознесен на третото небо, но и самиот не е сигурен дали физички или духовно бил вознесен.

Си утнал малце тука раководителе, Павле воопшто не вели дека он бил вознесен на третото небо, туку тоа го зборува за друг, еве ти го стихот...

Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае, беше грабнат и издигнат до третото небо. (2 Коринтајните 12:2)

Ова негова изјава е дотолку почудна бидејќи кај христијаните немаше поделба на повеќе неба.

Твојата изјава погоре е лажна, а Павловата, иако тешко разбирлива, си е во ред.
Првиот стих во Библијата вели: "На почетокот Бог Ги создаде Небото и Земјата". Зборот "Небото" во оригиналот (а и во посериозните преводи на Библијата) е во множина "Небесата".

Тој додуша тврди дека му се јавил Исус во силен блесок и му ја доверил мисијата, но секако постојаните конфликти и напади на Павле од страна на братот Господов - Јаков, Петар, Варнава и Јован Марко ни кажуваат дека во тоа време тоа негово тврдење не било прифатено,

:pos2: Абе ти со цел памет веруваш дека некој ќе ти поверува во овие измислици? Амбициозен си нема што.
Еве што вели Библијата..

"..и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа (Петар) и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото;" (Галатјаните 2:9)

Инаку, преобраќањето на Савле (прогонителот на христијаните) во Павле (најревносниот пропагатор на евангелската порака) е едно од најголемите сведоштва за Христијаните, и колку и да се мачиш нема да најдеш некоја друга причина или мотив што го променила Савле во Павле ;)
 
Павле се преобрати во христијанин на основ на контрадкторни изјави, имено дошол и рекол “На патот видов светлина... у ствари не на патот туку на небото и мене ме огреа... у ствари сите не огреа таа светлина... и јас паднав на колена, али не сите паднавме на колена и тие ја видоа светлината но у ствари не ја видоа туку гласот го слушаа, али не го слушаа и ми рече Исус да одам во Дамаск и да чекам напаствија али у ствари таму ми го даде напствието и ме ослепи привремено, у ствари не ме ослепи...“
Затоа и не е чудно што ни Петар кој беше вистински апостол на Исус, негов следбеник и ученик) ни Јаков (братот на Исус) ни првите христијани не го прифатиле Павле никогаш како апостол ни како проповедач на вистинското христијанство, туку го прекорувале и казнувале. Но тој не ги послушал и им го свртил грбот на вистинското христијанско учење.
 
Павле нема контрадикторни изјави, туку различни изјави. (п.с. да не ја премостуваме цела тема тука)
Павле бил прифатен како апостол од Петар, Јаков и Јован - столбовите на верата и најблиските ученици на Христос.

"..и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа (Петар) и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото;" (Галатјаните 2:9)
 
Тоа го вели Павле но не и Петар, тие го прекоруваат за прекршување на налозите за законите и заповедите божји та дури е казнет парочно и морал да го помини обредот за исчистување од гревовите, и пак кога замина од ерусалим, ги прекрши налозите на Јаков и Петар за условите за прием на паганите во верата
 
Имаш бујна фантазија...ама скаран си со факто-аргументите. Можеш да ги заведуваш само оние кои не го виделе Новиот Завет. Ама такви на овој подфорум тешко налетуваат, а и да налетаат обично не задржуваат многу внимание.

А да, ќе заборавев, еве што вели Петар за Павле...

"А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост; како што и во сите свои писма зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел." (2 Петрово 3:15,16)

Значи како го нарекува Петар Павле? "нашиот возљубен брат" :)

п.с. Се препознаваш во крајниот дел од стихот? :)
 
Петар Павле однос?

11 А кога дојде Петар во Антиохија јас лично му се спротивставив, оти се беше изложил на осудување
Галантјаните 2
 
Таму Павле не вели дека се скарале со Петар, туку само дека му се спротиставил (не физички :) ) заради тоа што Петар малку лицемерно се однесувал спрема евреите. Павле братски го укорил својот, како што погоре го нарекува, својот возљубен брат (2 Петрово 3:15,16), оној на кому му ја дал десната рака во знак на заедништво (Галатјаните 2:9).
 
Па не велам дека се тепале... с краја да е него дека Павле го отфрлил христијанството (на Исуса, апостолите и Јакова) и дека создал своја религија
 
"..и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа (Петар) и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото;" (Галатјаните 2:9)

Овој стих не вели дека Павле го отфрлил христијанството и дека си создал своја религија, туку напротив, дека склучил заедништво - ЕДИНСТВО со столбовите на христијанската вера, Петар, Јаков и Јован.
 
11 А кога дојде Петар во Антиохија јас лично му се спротивставив, оти се беше изложил на осудување
Галантјаните 2

Заедништво??
 
Таму Павле не вели дека се скарале со Петар, туку само дека му се спротиставил (не физички :) ) заради тоа што Петар малку лицемерно се однесувал спрема евреите. Павле братски го укорил својот, како што погоре го нарекува, својот возљубен брат (2 Петрово 3:15,16), оној на кому му ја дал десната рака во знак на заедништво (Галатјаните 2:9).

"..и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа (Петар) и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото;" (Галатјаните 2:9)

"А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост; како што и во сите свои писма зборува за ова;" (2 Петрово 3:15,16)
 
Павле кога доаѓа во Ерусалем кај братот на Исуса, Јаков и Петар кои ја водат првата христијанска заедница бива прекорен дека ги отфрла старозаветните закони и дека меѓу евреите проповеда да не ги почитуваат законите Мојсиеви, та затоа му налагаат да плати казна (во вид на плаќање на обреди за 4ца евреи) и самиот да биди очистен од гревовите СПОРЕД МОЈСИЕВИТЕ закони во храмот. И му налагаат да може да прима пагани во верата но под 4ти услови (од кој едниот 3тиот) се однесува на јадење. Но Павле кога замина од ерусали (од Јакова и Петра), тоа не го почитува и понатаму му дозволува на паганите да јадат месо и кое е жртвувано.
Тоа е непочитување и спротивставување на правилата на првите христијани на апостолот Петар и братот на Исус Јаков Справедливиот. Тоа е отфрлање на правилата на тие први христијани.
 
Ова што погоре го напиша од збор до збор ти е лага :) Сега сфатив колку ти имаш читано Нов Завет. Веќе ме мрзи да ти ги поправам грешките.
Не е Павле тој што е укорен заради непочитување на старозаветни норми, туку Петар е укорен од Бог заради придржување до нив во новозаветно време.

"Во него беа сите четвороножни животни, и земни лазачи, и небесни птици. И еден глас му рече: „Стани, Петре, заколи и јади!” А Петар рече: „Никако, Господи, зашто уште никогаш не сум јал нешто погано и нечисто!” И гласот повторно му се јави: „Она што Бог го очистил, ти не наречувај го погано!” (Дела 10:12-15)
 
Еднаш те прашав, еве пак... ти чиј нов завет имаш??

Методистички?

Делата, 21: 21 24, 25

Му се префрла за непошитување на законите старозаветни му се налага да се исчисти од тие гревови и му се кажуваат условите под кои може да прима пагани во верата а кои услови (во 25) Павле НЕ ГИ ПОЧИТУВА вопонатамошното свое дело.
Што е ова
Разбирање или Разотидување??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom