Член на раководството
Форевер тугедер
- Член од
- 15 март 2006
- Мислења
- 698
- Поени од реакции
- 20
Шаул (Савле) Павле израснал во богата фамилија. Грчко - Римскиот прекар Паулус му е даено како вообичаено кај богатите Евреи од дијаспората и римски граѓани. Татко му бил трговец со козини, а Павле самиот научил да прави шатори. Имотноста му дозволи да замини во Ерусалем и да се образува кај учителот Гамалиел, нешто што не можел секој да си го приушти. Према апокрифниот текст “Историјата на Павле“ од 2ри век се вели дека бил ќелав со шилест нос и големи веѓи. Боледувал од некоја загадоточна болест која го мачела цел живот. Таа болест како самиот Павле кажува - кај своите ученици и другари предизвикувала искушениа и гнасење. Најверојатно станува збор за епилепсија према самиот Павле кој во второто послание до Коринтјаните се жали дека Сатаната го боди со трн по телото и лицето. Веројатно како последца на тие напади имал и визии дека бил вознесен на третото небо, но и самиот не е сигурен дали физички или духовно бил вознесен. Ова негова изјава е дотолку почудна бидејќи кај христијаните немаше поделба на повеќе неба.Во Посланието до Филипјаните вели “Добив се и имам во изобилие, се пренаполнив со блага....“ Па и веројатно богатството на Павле го натерало намесникот Феликс да се надева на голем откуп за да го пушти од затвор. Па белки нема Феликс да чека откуп од некој беден и сиромашен еверин од далечниот Таз и тоа цели 2 години? Павле ја имал и привилегијата две години да биди во домашен притвор привилегија која не би му се дала на некој сиромашен и беден евреин туку на богат човек кој имал пари да изнајми и држи под наем куќа во Рим. Сиромашните и бедните судењата ги чекале во занданите и подземните затвори на Рим. Тој веројатно од своја позиција на имотен човек многу ја ублажува мислата на Исус за положбата на богатите во царсвото небеско и ги повикува само да не бидат надмени и да од “вишковите“ уделуват на сиромасите, а ги повикува и луѓето да плаќаат даноци оти службеници божји се и оние кои данок собираат. Власта мора да се почитува оти е од бога дадена, и оние кои се протиставуваат на власта - се протиставуваат на бога, а слугите ги повикува на верност и послушност кон земните господари. Ќе ги скокнам сомненијата на теолозите и научниците околу тоа колку и кои посланија навистина напишал Павле. Посланието до Тимотеј и до Тит, настанале по смртта на Павле и во нив се опишуваат и се зборува за односите во заедницата кои таму постоеле во 2-риот век НЕ (пресметка со ересите кои се јавија по Павловата смрт). А и самиот Ориген се прашува “Господ знаи кој го напишал Посланието до Евреите“. Павле не го познавал Исуса, и се што дознал и научил за него беше од други извори и сведоци, така да по неговите писанија тогашните верници можеле да дознаат само дека Исус умрел на крстот и потоа воскреснал. Павле (додека беше Савле) жестоко ги гонел Христијаните, Стефан, христијанин и агитатор на новата вера, темпераментен говорник бил уапсен и однесен во Синедриумот, каде во одбрана со жар ги нападнал евреите зе неверство во светиот дух и убиство на Исуса. Разгневените евреи поведени од Павле (Савле) го извлекла Стефана надвор од градот и го каменувала до смрт. Павле генијалниот втемелувач на Христијанството ја водел толпата и го предводел каменувањето на Стефан, младиот и искрен Христијанин. Во делата Апостолски се вели дека Павле (Савле) је “пустел црквата“, одел од куќа до куќа и ги извлекувал од дома луѓето обвинети за верата во Христа и ги затворал в зандани, а на учениците Господови им се заканувал со смрт. Забележливо е дека апостолите беа на два пати испитувани во Синедриумот, но тогаш Павле не бил присутен па беа еднаш опоменати а друг пат камшикувани, но во случајот кога Павле бил присутен Стефан бил експресно извлечен и заради својата вера каменуван предводен од Павле. Единствената врска која Павле ја имал со Христијанството била преку апсење и затворање на христијаните. Тој проповедал христијанство по прреоѓањето во новата вера а да не се сретнал ниту зборувал ниту посетил ниту еден ученик Исусов. Барем не во првите 3 години од неговото делање кога на кратко (15сет дена) престојува во Ерусалем и се сретнува со Петар и со братот Господов - Јаков. Тој додуша тврди дека му се јавил Исус во силен блесок и му ја доверил мисијата, но секако постојаните конфликти и напади на Павле од страна на братот Господов - Јаков, Петар, Варнава и Јован Марко ни кажуваат дека во тоа време тоа негово тврдење не било прифатено, како и неговото самопоставување за апостол. Никогаш на пат не одел сам туку со придружба. На првото патување одел со Варнава и Јован Марко. Откако се скарале тие двајца заминуваат за Кипар. На второто патување нив ги заменуваат Сила и Тимотеј. На третото веќе оди со голема дружина Сопатр, Аристах, Секунд, Гај, Тимотеј, Тихик и Трофим.