Фан Клуб: Португалија

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување
Не ме чуди ваквата дефанзивна игра, со вакви технички непотковани играчи во средниот ред не можеше и некаква друга игра да се очекува. Бразил иако имаа 60+ % посед на топка, сепак беа без вистинска шанса за гол, освен онаа на Нилмар кога цела одбрана на Португалија изреагира многу лошо, инаку во останатите ситуации беа одлични.

Ако не падне брз гол во второ полувреме, ваквата игра ќе продолжи, и еден потег ќе го реши натпреварот, а јас искрено очекувам натпреварот да заврши нерешено.

И да, раката на Хуан, чист црвен, ако не ја удреше со рака, Роналдо испаѓаше во чиста еден-на-еден ситуација за гол.

--- надополнето ---

За разлика од првото полувреме, во второто видовме една многу поофанзивна игра од Португалија, но повторно без вистинска шанса за гол. И двете репрезентации како да беа задоволни со реми, и овој натпревар како да го играа ради-реда.

Шпанија имаат реални шанси да завршат први во група, и најверојатно тие ќе бидат противниците во осминафинале, но кога Швајцарија успеаа да ги победат, зошто да не и Португалија. Да не го заборавиме и Чиле кој одигра два одлични натпревари, и се надевам ќе направи изненадување против Шпанија.

Força Portugal !
 
Чиле мора да освои бод затоа што во спротивно 90 отсто ќе завршат како трети во групата. Дури и да победи Шпанија не се знае дали ќе биде прва, се зависи од тоа колку ( и дали) Швајцарија ќе го победи Хондурас. Доколку Швајцарците слават поубедливо од Шпанците тогаш тие ќе бидат први. Како и да е ... останува да видиме. Досега на првенствово само ние и Уругвај немаме примено гол ... ама Рики и Бруно АЛвеш матер е*ат. ФОРЦА ПОРТУГАЛИЈА.
 
Стварно одбраната е одлична, единствен кикс на цело првенство е оној денеска кога сите четворица само ја прогледаа топката, и Нилмар имаше изгледна шанса за гол. Голем придонес за тоа имаат и последните играчи од средниот ред, Пепе денеска многу топки спречи, исто направи и неколку почетнички грешки но тоа е кога немаш играно фудбал 194 дена, Мендеш подоцна одлично го замени, а Велосо исто така може да одигра и како играч за врска и како последен играч во средниот ред.

Дефинитивно на наредниот натпревар мора да стартува Симао, внесе живост и брзина во играта, многу покорисен ќе биде од било кој напаѓач кој ќе биде форсиран по страна. Со опоравен Деко, со ваква цврста игра на одбраната, овој тим може да направи големо изненадување на ова Светско.
 
Loso so spanija, ali gi pominuvame, nemaat nekoja kohezija vo igrata, so toa ke pokazat deka se sseriozna ekipa. 7 dadeni 0 primeni vo grupi, too.
 
Уф како би било добро да ги акнеме од земја нафураниве Шпанци. ДОколку ја минеме Шпанија полуфинале не ни бега, али ќе биде жестоко утре. Потребно е средината да изигра на ниво и борбено и се е можно. Ако постигнеме први гол наши се после. ФОРЦА ПОРТУГАЛ !!!
 
Ајде ајде, и да бидеме поразени нема да биде ништо изненадувачки, сепак мора да се признае дека со овој состав не може да се очекува многу повеќе, но во спортот секогаш постојат изненадувања, а на такво нешто и јас се надевам утре. Се надевам одбраната ќе одигра цврсто и пожртвувано како на минатите натпревари, средниот ред конечно ќе се разигра како што треба. Очекувам многу од Роналдо на овој натпревар, мора да се искористи неговата експлозивност, мора да се користат контрите. Се надевам дека нападот ќе биде составен од Роналдо и Симао по страните, и Хуго Алмеида во центарот, мислам дека тоа е најдоброто решение.

Força Portugal !
 
Се шпекулира дека Квеироз планира во првиот состав да ги вметне Симао и Мигел, затоа што многу добро го познаваат шпанскиот фудбал. Ако навистина така размислува Квеироз, тоа ќе биде одличен потег според мене.
 
Ако дадат први гол Португалија сигурен сум дека поминуваат,после ке нападне Шпанија а Роналдо преку контри ке ги буши:toe:!!Ајде Роналдо ајде Португал идеме на победааа:vozbud:
 
Ако дадат први гол Португалија сигурен сум дека поминуваат,после ке нападне Шпанија а Роналдо преку контри ке ги буши:toe:!!Ајде Роналдо ајде Португал идеме на победааа:vozbud:

:pos2: ќе ги буши??? во одбрана не се сувиот, доматот и борко бе...па не игра против Капе Верде:toe:
 
Ајде ПОРТУГАЛЛЛ. Досега сме единствената репрезентација без примен гол. ДОколку издржат и вечерва ќе го пратиме европскиот шампион дома. Португалија има квалитет да и се спротивстави на Шпанија. ФОРЦА ПОРТУГАЛ !!!
 
Во напад почнуваме со Алмеида,а по крилните позииции ке играат К.Роналдо и Симао :vozbud:НАПРЕД ПОРТУГЛАИЈААА:vozbud:
 
Рикардо Коста десен бек, можеби требаше да стартува Мигел, но и вака е добро, Коста беше добар со Бразил. Средниот ред одличен, Пепе маме ќе ебава, Тиаго и Меирелес ќе даваат топки кон Роналдо и Симао, штета само што Деко го нема.

Форца Португал !
 
Многу добра игра на Португалија, за одлична фалеше гол. Најважно е што одбраната цело полувреме го одигра максимално добро. Шпанците се без идеа, ја пимплаат топката на средина од терен, доаѓаат до 20-25 метри и шутираат, ништо друго. Од друга страна пак Португалија имаше две до три поконкретни шанси, контрата на Симао, ударот со глава на Хуго Алмеида кога требаше да му ја препушти на Роналдо топката затоа што Роналдо ќе беше во многу поизгледна шанса, и ударот со глава на Тиаго.

Во второ мора да се продолжи со ваквата цврста игра, и да не им се дозволи многу простор на Чави и Иниеста. Една шанса како тие што ги набројав погоре ќе биде клучна за натпреварот, затоа мислам дека мораше една од тие да биде реализирана. Роналдо цело време е пратен од 2-3 противнички играчи, со тоа се отвора простор за другите играчи, и мора тоа да се искористи. Одиме со иста игра во второ полувреме, ваквата игра дава надеж дека Португалија може да издвојува победа на овој натпревар. Força Portugal !

--- надополнето ---

169lp1u.jpg


Не глеам веќе што, да ти ебем и судии и све.
 
Гол од офсајд,нема фаули врз Роналдо и без потреба црвен ебати судиите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom