Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.415
- Поени од реакции
- 6.037
Никогаш не верував дена на 30+ ќе се претворам во намќор и мрчало кон помладите од себе, ама ете дојде и тоа време, не знам дали со право или не, времето ќе покаже.
Имав можност периодов да бидам во околина каде што седат или излегуваат тинејџери и 20+ девојки и дечки и со тоа некако несвесно да го набљудувам нивното однесување. Дремат на маса со кутија снус (воопшто не сфаќам што е шемата со тој снус, ама ај тоа е друга тема) и наргиле пред себе, воопшто не разговараат. Скролаат ко роботи по телефоните и си покажуваат нешто едни на други. И толку. Во тоа се состои нивното излегување на места кајшто има настап на бенд, пејач, DJ, сеедно и е наменето за да се забавуваат. Не знам, можеби тоа е забавата сега.
Освен ноќниот живот, кој не беше нешто сјајен и во „мое време“, сѐ повеќе забележувам различно однесување и во секојдневни навики кај младината денес. Сите се однесуваат исто/слично, нема креативност, немаат интерес за ништо што се случува околу нив, апатични се и ништо не им го држи вниманието повеќе од 2 минути. Немаат емпатија кон останатите. Ко да немаат свој став, или пак само се плашат да го искажат? Ретки се индивидуалци кои се издвојуваат од останатите, ко да имаат некој заговор и да се договориле да не чувствуваат (да не покажуваат емоции?) или да се разликуваат на било каков начин од групата. Доказ на некој начин е и форумов, пред 10-тина години да речеме тука се зачленуваа млади луѓе со желба да дискутираат и да научат нешто, последниве неколку години се добива впечаток дека освен на ТикТок младите генерации ги нема на друго место. Дури имам впечаток дека многумина имаат проблеми со вокабуларот и тоа што го знаат не можат да го поврзаат во реченица, се губат едноставно.
Секако, зборувам за генералната слика што ја имам, сигурно дека има исклучоци, но сѐ помалку, сѐ поретко.
Тоа е мојот впечаток, слободно побијте ме ако имате други искуства (се надевам дека е така).
Би сакала да дискутираме на што се должи тоа?
Дали на достапноста кон сѐ што им е (не)потребно, дали на брзото време, дали на тоа што се родени во интернет добата (тие родени по 2000 не знаат како е да се расте и живее во време без интернет), дали системот некако потфрлил или пак проблемот е некако поголем и подлабок?