Септопластика - девијација на носни прегради (искуства, совети..)

  • Креатор на темата Креатор на темата GavolRulz
  • Време на започнување Време на започнување

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.817
Поени од реакции
11.803
Возраст
32
Локација
Струмица
Веб-сајт
www.manutd.com
Носната преграда (септум) е тенка ѕидна структура изработена од коска и ‘рскавица, која го дели носот на две ноздри. Таа помага правилно да се насочува воздухот при дишење и го одржува нормалниот проток на воздух низ двете носни шуплини. Кај некои луѓе, преградата може да биде искривена (девијација), што може да доведе до потешкотија при дишење, хронично затнување на носот и други проблеми.

1752908065251.png

Септопластиката претставува хируршка интервенција на носната преграда (септумот), која има за цел да го исправи нејзиното искривување. Искривен септум може да биде последица на вродена аномалија, траума или постепено изразена девијација со тек на времето. Иако кај многу луѓе постои одредено искривување, септопластиката се препорачува само кога тоа сериозно го попречува нормалното дишење и квалитетот на животот.

Индикации за септопластика:
  • Хронична носна конгестија (затнат нос) без јасна причина
  • Потешкотија при дишење низ едната или двете ноздри
  • Чести синусни инфекции
  • Главоболки, чувство на притисок околу носот или челото
  • Хрчење или апнеа при спиење предизвикано од носна опструкција
  • Неуспех на медикаментозна терапија (спрејови, антихистаминици и сл.)
Контраиндикации:
  • Акутна инфекција на горните респираторни патишта
  • Неконтролирани системски заболувања (како дијабетес, хипертензија)
  • Нарушувања на коагулацијата
  • Нереални очекувања или неподготвеност за постоперативна нега
1752908364839.png

Што да очекувате?
Операцијата најчесто се изведува под општа анестезија и трае околу еден час. Се прави преку внатрешноста на носот, без надворешни лузни. Постоперативниот период може да вклучи блага болка, оток, чувство на притисок и краткотрајно крвавење. Најчесто, пациентите се отпуштаат истиот или следниот ден, со препорака за неколкудневен одмор и избегнување физички напор.

Искуства – што велат пациентите?
Најголем дел од пациентите известуваат за значително подобрување на дишењето, намалување на хрчењето и општо подобрување на квалитетот на живот. Некои чувствуваат промени уште по неколку дена, додека кај други, целосното олеснување доаѓа по неколку недели, кога ќе спадне целосно отокот. Ретки се компликациите, но можни се инфекции, повторно искривување или привремено намален осет на мирис.

Важно е да се знае:
Септопластиката не е козметичка операција – таа не го менува надворешниот изглед на носот, освен ако не се комбинира со ринопластика.
Таа е функционална интервенција, насочена кон подобрување на дишењето и решавање на хронични проблеми поврзани со носната проходимост. Оваа интервенција може да биде вистинско олеснување за луѓе кои со години се мачат со дишењето, хроничен ринитис или синузитис. Секако, важно е да се консултира специјалист – оториноларинголог, кој ќе направи проценка дали сте кандидат за оваа интервенција.

Јас ќе се оперирам некаде почеток на септември во "8 септември", па ако некој поминал низ тој пекол нека сподели искуства и нека даде неколку совети :)
 
otvaram kajgana random gledam septoplatika .. koja slucajnost pred 1 mesec se operirav vo sistina za papiloma vadenje i uspat i septum devijacija mi ispravi doktorot dok sum pod anestizija mu vikam teraj :D
 
Кажувај како помина пост оперативно, a богами и пред да те внесат у сала? :icon_lol:
 
Последно уредено:
Вака, ќе пробам во кратки црти цела историја бидејки мислам е потребна за големата слика/дијагноза
1. не памтам колку години веќе (10+) ставам капки во нос за да спијам а и често за преку ден (значи не памтам од кога го имам проблемов)
2. лани се решив да одам по доктори конечно да откријам што е (затоа што апчиња за алергии и спрејови не помагаа)
3. одам во 8ми септември - таму една докторка 2 секунди со камера ме виде и одма "девиатед септум операција - оди јане сандански сними се магнет на синуси и после тука на операција"
4. си вика во себе жено ти не ме гледаш на операција
5. правам снимката (секако ова се чека месеци со државно термини) и едноставно нејкам операција да правам да ми сечат септум етц. етц..
6. почнувам да одам по неколку приватни ОРЛ доктори низ скопјево и објаснувам што ми е, снимката со себе си ја носам, и кажувам дека нејкам операција шубе ми е, не ми се ризукува пак да се врати по некоја година проблемот или некој нов БЛА БЛА
7. мислам дека сите приватни да не ме одбијат ми го вртеа филмот - да да нема гајле 90% од луѓето имаат девијација ке пробаме со кортико спрејови, чистење нос и слично да намалиме отоци да можеш да дишеш колку да функционираш без Оперил капки...
8. до пред 2 месци ништо џабе се они не ми го лечеа проблемо само малку симпотмите али џабе пак без капки ништо не можев :(
9. Последа препорака слушнав за некоја си Др. Мирка Шалич кај дом на новинари јосип броз тито и одам таму
10. го гледа ЦДето - јас и кажувам истата моја прикаска и она исто ко другите .. е да ај да видиме без операција дали ќе може..
11. разликата тука беше што оваа докторка уште пред камерата да ја земе со ОКО виде дека имам папилома во носот (баш тој кај сто ми е и девијацијата) и дека последиве години и крв ми тече од носот чат пат и оваа тртка јас сигурно ја имам со години а другите не ја дијагнистицирале а фукинг на почеток е... (кредит ќе морам да дадам само на 8ми септември докторката што одма виде девијација голема)
12. И сега ми вика ова (највероватно) бенигно тумурно ткиво мора одма да се извади за не дај боже во иднина стане канцерогено или слично и успат да видиме со негово тргање дали ке се отвори малку пат за да можеш да дишиш без капки..
13. На лице место ми кажува докторка од 8ми државно (мислам дека рече докторка не ми текнува) или Др. Лазаревски систина (демек само овие 2 доктора ги признавала за ваква операција во македонија - папилома вадење)
14. бидејки на државно нејкам да стапнам а не па операција да правам одма и викам Систина бидејки имам приватно осигурување
15. директ приватен број од докторот ми дава одма без закажување ме вика - идам систина ме гледа исто со око одма знае што е и плус ЦДето го гледа за септумот и истио филм и тука сите луѓе имаат девијација етц етц :D
16. Закажуваме одма термин за операција и ми вика плус носи го ЦДто на денот.. одма ми падна чудно зошто кога тоа е за септумот а за ова со око го гледа ама океј си викам (веќе знаев дека ме спрема и за тоа ама ај хахаха)
НОТЕ: само да пишам дека јас мислев ако е толку крив на една страна (левета) зашто да не дишам со десниот нос само ама нешто што гооглав искочи дека демек телото осекја голем проток на воздух во другата ноздрва и од паника да не помиат вируси (и плус не може да го згрее) и таму прави оток и мрсули и тој простор изгледа сам си го затвара телото ццц

Сега стигнавме до пред операција делот:
1. сабајлето не треба да си јаден НИТ ПИЕН ВОДА (мене ми рекоа може кафе и вода дома сабајле затоа што знае дека нема шанси да ме оперираат пред 12 часот дека децата ги оперираат сабајле први)
2. се пријавувам во систина во 10 саат ме соблакаат ставаат на инфузија и чекам и чекам
3. тек накај 2 -3 поручек ме земаа за припрема сала
4. припрема анестезија и гас маска за тотално нели успивање со туба за кислород
5. во самата сала пред анестезија иде докторот со ЦДето и вика "абе тебе сепак многу ти е крив септумот сепак ке треба малку да го исправиме АКО сакаш додека си успан за другата операција" И знаев дека ќе е тоа и одма викам слободно докторе се што мислите правите оти пак под анестизија не ме гледате :D
6. саат и пол операција (техничи 2 за мене) и будење во шок соба
7. 2,3 саати лежење нема ни вода
8. само инфузии и некои мали апчиња за болка, парацетамоли (преку инфузија)
9. тек накај 7 вечер малку вода и накај 8 малку супа и сок и толку за денес мртов гладен 24 саати ама тоа е
10. тампон во левиот нос другиот затнат , дишење на уста (МИ РЕКОА да си земам лабело за устата) болка тапа голема како некој да те тепал со безбол палка во носот
11. не можев да заспијам молев за појаки апчиња и за спиење тек накај 2,3 заспав
12. утредента будење и прв реален доручек и пак инфузии
13. накај 12 ми го извади тампонот од нос и 1литро крв истече ама прв пат во живот земав здив од левиот нос како дупка да иам се шокирав и после пак се затна од мрсули и крв ..
14. не течеше многу крв ама со хартија нон стоп
15. побарав да ме пуштат вечерта да не спијам уште една нок бидејки сум добар
16. дома ме праќаат со нели конци во нос и пластични едни внатре да го држат септумот
17. со ибобруфен се спие ок и све е добро дома

сеа неам време ќе допишам утре или после за месецот дома и опоравакот и типс анд трикс..
 
95% истите маки како мене си ги имал, а 100% ме чека истата судбина како тебе.
Од 8 септември да не беше др.Никица Атанасова? Она само ме виде со тој металниот инструмент и за 1 секунда вика “ти си за операција, 100% ти е затната левата страна” :ROFLMAO:

А можеш да си носиш аналгетици од дома?
 
Не памтам која беше во 8ми така да тука не можам да ти помогнам хаха

во приватна не можеш ништо да си носиш.. во државна не знам како е ама 99.9% сум сигурен дека не смееш никакви лекови да носиш нигде :D е сеа тоа што на државна не важат сите правила секаде плус мито и слично не знам ..

ама не страшно за една вечер ќе издружиш плус ја 2 различни операции во исто време и на две места сум сечен сигурно па потешко ми беше и опоравок и се..
Автоматски споено мислење:

уште опоравакот:
1. една недела многу затнат затоа што има сплитнови во нос + конци али се издржува ништо страшно
2. ми препушаа спреј морска вода оние исо марин како и да беа и нон стоп прскање влажнење на носот
3. после една недела вадење на сплинтовите (0 болка силикони се влечат не се врзани) вадење на конците (онака болка ама се трпи ништо страшно) и на крај во мојот случај плус вадење на корупки засушени внатре во носот на раната и се таложеле едно врз друго и такви суви стврднати мрсули/крв (и овде малку ми се слоши ќе се онесвестев не бев јаден сабајлето не знаев што ме чека) ми корнеше мислам од мозокот дека искочија..
4. после секоја недела идев (4 до сеа) да ми ги чистат односно вадат овие коруси од носот и синусите што се сушеле врз раните..
5. секоја следна визита помалку болеше и последниот пат ич
6. сега веќе не сум ни имал демек супер готово уште една контрола за 2 недели..

ЗНАЧИ морало нонстоп влажен да е носот секои 30минути прскање спреј морска вода 10 потрошив.. ама иронијата е што јас тоа и го правев и пак џабе.. ми преипишаа една маст NISITA за навечер да бутнам внатре многу и додека спијам тоа да држи валга ова мислам дека највеќе ми помогна! значи таа маст да си ја прашаш и одма да си ја купиш затоа што усвари влажнењето на носот е идисвтениот опоравок дома што ќе треба да го правиш...

и сега заклучок: Јас до операцијата не можев без капки барем еднаш два пати на ден со сила пробување да издржам.. после операцијата јас неам ставено капки еднаш!! :O значи да се разбереме уште не дишам фул на левата ја осекјам воспалена дишам најголем дел на десната ама не знам како за чудо не ми требаат капки и си спијам без проблем .. уште сум во неверување хаха

ама чекам да осетам и денот кога со двете ноздрви ќе дишам исто (а не ко сега осекјам повеќе со здравата) ама ми рекоа тоа е процес што ќе треба месеци и месеци (ем за отокот и раната скроз да помине ем и телото да се навикне не дишоло претходно лол)

и финален ноте: јас можеби сум малку полош исклучок бидејки 2 операции отеднаш и многу ми е сечен носот - ако си само за исправање на септмум мислам дека побрзо од мене ќе биде опоравкот и полесен.. ама ова е само некое си мислење што го погодувам не сум доктор :D

и исто така целиот муабет зошто јас нејкев операција е дека демек за неколку години може обратно да ти се десело нешто да ти пропаднал септумот бла бла пак проблеми со дишење демек никој доктор не ти гарантирал доживотен фикс.. и плус нејкам во државна болница оперативна сала да стапнам ама тоа е друг муабет :D

заклучок: за сега не се каам што ги правев операциите иако тек доброто би требало кај мене да следи за некој месец (прв пат вчера се разбудив без да дувам коруси и зелени тешки мрсули и уште ми е чудно) значи презадоволен за сега :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom