Kajgana Song Contest #333 - Севдах

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.756
Поени од реакции
39.233
Локација
Скопје
Севдалинка / Севдах е традиционална фолк музика од Босна и Херцеговина. Таа е интегрален дел од босанската култура, но е исто така популарна и раширена и низ другите држави од поранешна Југославија, најмногу во Србија, Црна Гора, Македонија и Хрватска. Станува збор баш за народна музика, авторите на севдалинките се непознати. Од 2024 година севдалинката е вклучена во заштитените културни наследства на УНЕСКО.

Карактеристиките на севдахот се: некое умерено темпо и емотивни мелодии и текстови. Најчесто се сметаат за „женски песни“ и темите на текстовите се љубовна болка, копнеж, и љубов, често невозвратена и нереализирана. Но постојат севдалинки кои се испеани од мажи, исто така. Традиционално, севдахот се пеел без музика, но современите аранжмани на севдалинките вклучуваат мали оркестри, задолжителна хармоника, виолина, акустична гитара и други жичани инструменти како саз, бас гитара или шаргија (босанска тамбура) и понекогаш флејта или кларинет, а ретко и перкусии. Во модерните интерпретации честопати вокалот е придружуван само од хармоника или виолина помеѓу строфите.

Зборот „севдах“ доаѓа од турскиот збор „sevda“ што означува „состојба да се биде заљубен“, значи заљубеност и најмногу се употребува во ситуациите кога тој кој е заљубен пати поради невозвратена или невозможна љубов и потекнува од Отоманското царство. Денес во српскиот/босанскиот јазик зборот „севда“ има значење „да пати од љубов (кон личност, време или место)“ - слично како синонимот „меланхолија“. Интересно, во португалската Фадо музика, централниот термин „saudade“ ја означува истата состојба, а и по звучност е ист, а потекнува од арапскиот јазик каде веројатно бил навлезен од Отоманската империја, исто така.

Потеклото на севдалинките не е познато, но се верува дека корените ги влечат со доаѓањето на Османлиите на Балканот. Нивните мелодии и честата употреба на зборовите „аман, аман“ сугерираат на поврзаност со традицијата на сефардските Евреи бегалци во Отоманска Босна, но и со Андалузија, но поверојатно со османо-турскиот јазик каде зборовите имаат значење „имај милост“. Првото историско појавување на севдалинката се смета дека е песната „Болест Мује Царевича“ за која се верува дека е создадена во 1475 година. Друг пишан документ кој потекнува од 1574, од некој италијански патеписец вели дека луѓето во регионот пееле некакви песни кои го правеле да се чувствува тажно - очигледно референца за севдалинките. Во раниот 16 век, некој војвода од Сплит исто пишува за севдалинка во која се опевала љубовта на христијанка со име Мара Ворниќ и момче муслиман со име Фадил или Адил.

Меѓу најпознатите изведувачи на оваа музика се: Решад Бешлагиќ, Вука Шехеровиќ, Заим Имамовиќ, Химзо Половина, Беба Селимовиќ, Сафет Исовиќ, Зехра Деовиќ, Нада Мамула, Силвана Арменулиќ, Емина Зечај, Неџат Салковиќ, Ханка Палдум, Мехо Пузиќ и други. Севдалинките често се преработувани и препевани и од други не-босански mainstream изведувачи како Јосипа Лисац, Жељко Бебек, Ибрица Јусиќ, Јадранка Стојаковиќ, Здравко Чолиќ и нашиот Тоше Проески. Во последните неколку години оваа музика оживува и преку песните на изведувачи како Дамир Имамовиќ, Божо Вречо, Амира Меѓуњанин и Шејла Зониќ како и бендот Диванхана, честопати преработени со модерни аранжмани и комбинирани со модерни стилови како рок, електроника, џез па дури и хип хоп.

Во 1990 година во Мостар се оформува бендот Mostar Sevdah Reunion и стануваат многу популарен World Music бенд со концерти насекаде низ светот, особено во 2000-тите, а постојат и настапуваат и ден денес.

Иако се смета за традиционална музика, постојат и авторски песни кои наликуваат на севдах, па како такви и се класифицирани. Еден таков изведувач кој стекна огромна популарност во Босна но и на балканот баш со изведување на таква музика, но новосоздадена а не традиционална е Ал Дино.

Дел од најпознатите севдалинки се: „Ah što ćemo ljubav kriti“, „Da sam ptica“, „Omer-beže na kuli sjeđaše“, „Što te nema“, „Zapjevala sojka ptica“, „Zaplakala stara majka“, „Zvijezda tjera mjeseca“, „Kad ja pođoh na Bembašu“, „Ne klepeći nanulama“, „Voljelo se dvoje mladih“, „Žute dunje“, „Čudna jada od Mostara grada“ и веројатно најпознатата од сите: „Moj dilbere“.
___________________________________________________________________________________
Прв пат ја имаме оваа тема на KSC. Малку е ограничен изборот со севдалинки во традиционална смисла на зборот, па затоа се прифаќа се чиј изведувач е од Босна, а песната е балада или со умерено темпо и наликува на севдалинка (само не претерувајте - Бјело Дугме на пример, не може да помине тука).

И еден единствен исклучок - не може да учествува „Мој дилбере“, зашто однапред се знае дека таа песна веројатно ќе победи. Бидете покреативни, стајте си чашка ракија и да кршиме чаши!

Јас ќе играм со мојата омилена
 
ovaa e pop so sevdah touch...se priznava?
Се прифаќа. Реков - полиберална е темата, се прифаќа се што е од Босна и личи на севдах, без разлика на жанрот. Еве пример дури и за хип хоп што е исто така прифатлив во темава, зашто повеќето се по хип хопот тука -

Ама Тома Здравковиќ не ;) Тој е српски пејач, нема врска со темата.
 

Учествувам со песната ,, Kad ja podjoh na Bembasu''.
 
Нека продолжи пријавувањето до четврток, во четврток ќе отворам тема за гласање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom