Формула 1 - сезона 2025

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
Знаев дека не сум шизофрен, уште! :pipi:
Возеа бел ливери во чест на Хонда таа година, мислам Хонда славеше некој јубилеј и РБ решија да ги удостојат како благодарение на добрата соработка и моторот што го испорачаа Хонда.

Интересен факт е што читав статија како РБ успеал да оствари добра соработка со Хонда во споредба со фијаското на Мекларен.

Имено, првично Хонда се префрли со Торо Росо/Алфа Таури не сум сигурен како се викаа таа сезона. Франц Тост со поддршка на РБ ресурси организирал работилници фокусирани на културни разлики меѓу Јапонија и Швајцарија (Европа, со оглед на разноврсноста на тимот). Односно, начини на комуникација, односи меѓу луѓе, и се ова неколку месеци уште пред да почне официјалната соработка.

Многу труд вложен од РБ под маска на Торо, бидејќи РБ знаеа доколку Хонда покаже издржливост ќе ги земат, перформансите сами по себе ќе дојдат. А верувале или барем имале инсајдерски информации дека неуспехот со Мекларен доаѓал ради токсичната околина која ја креирале британците. Односно со нивното одмено понашање и кривење на Хонда цело време наместо да седнат и да видат како да го решат проблемот заеднички. Јапонците тоа многу лично си го сфатиле и биле на мисија да докажат дека можат, а РБ едноставно бараше партнер кој може да пружи стабилност пред се, после проблемите со Рено.

И така се случи, останатото е историја. Во РБ кога влегоа Хонда, веќе практично се познаваа луѓето меѓу себе и на пониско ниво, остварен систем на комуникација и функционирање и со големо ниво на почит за двете страни, станаа шампиони.
 
Криво ми е за Хонда, токму кога почнаа да остваруваат успеси им текна да се повлечат па да се премислат. За тоа РБ реши да створи свои мотори. Едноставно да не бидат зависни. Но сепак да видиме како ќе се покажат у тој дел.
 
Главниот на ФИА изјавил дека ќе се разгледа опција за В10 со синтетички горива за следната итерација на правила од како ќе влезат во правилник новиве следна година.

Нов ришафл за 10 години
 
Не треба СК да вршат пренос и од тестирање? Лани вршеа ако не се лажам
 
Nema na Sk. Ako najdes stream, spodeli.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk
Се откажав барање стримови се префрлив на холандски канали дека имам IPTV. Viaplay имаат свои F1 канали, побарај од нив може има стрим негде
Автоматски споено мислење:

Стандардно тестирањата не покажуваат многу бидејќи има милион непознаници. Не можев многу да испратам поради состаноци на работа, освен една пируета на Ло(в)сон мислам дека немаше поголеми настани.

Времето на Хамилтон е 1 сек побрзо од лани што возеше Леклер на ФП 2 во Бахреин како симулација на трка. Но ова е вреден извор само ако нивото на гориво е слично.

image_2025-02-26_124535009.png
 
Последно уредено:
од тестирањево што гледам, некои болиди имаат крилца покрај halo-то. Тоа е единствениот апгрејд за сезонава. Правилава им се толку ригидни што нема што да иновираш.

482030312_922450833433143_6411069500430002448_n.jpg
 
од тестирањево што гледам, некои болиди имаат крилца покрај halo-то. Тоа е единствениот апгрејд за сезонава. Правилава им се толку ригидни што нема што да иновираш.

482030312_922450833433143_6411069500430002448_n.jpg
Гарантирам дека ќе се вложи приговор за појаснување на правила, бидејќи оригиналните нацрти беа без дополнителни столбови.
Мекларен доста стабилни при напаѓање на апек во кривини, изгледа имаат пак солиден пакет.

Ферари експериментираше вчера со екстремни сетапи, болидот одеше од андерстир до оверстир на моменти. Практично барааа граници.

Сајнц денес како дете на картинг кога ќе пуштиш, лета со Вилијамсот. Очекувам да го изедат Алпин за доручек со оглед на тоа дека имаат боља постава, Волвс е супер лидер кој не прави ствари на памет туку калкулирано и врз основа на податоци.

РБ моментално вози брзи кругови и тоа Лосон врти времиња паралелни на Сајнц. Не е ова рамниште на РБ временски гледано со оглед на тоа дека сите се побрзи од лани АМА не знаеме која количина има на гориво внатре. Пример може да вртат брз круг со пулн резервоар за да маскираат времиња. Малце лизга во брзи свиоци, но може и они прават експерименти со сетап.

Мерцедес исто иако по број на кругови изгледаат издржливо моментално Антонели вози симулаицја на трка со стабилни времиња.

Се на се мислам дека ќе имаме интересна сезона
 
Мекларен и РБ по се изгледа дека ќе се дават за титула, Мерцедес и Ферари од втор план.
Хамилтон возеше многу едноставна верзија на предно крило во први обиди, без никакви додатоци ваљда за да ја осети основата па после да видат каде ќе тераат со сите аеродинамички додавки што ги имаат.

10ти свиок добро го фаќаат во Ферари но на други сака да бега задницата, добрата ствар е што тоа е нешто што може да се оптимизира. Улога игра и тоа што сменија тип на вешање па сега се привикнуваат кон новиве работи што произлегуваат. На момети на задницата имаат bottoming односно прибивање кон под и подскокнување, пак се надевам дека ова е се ради тестирања и да видат до каде можат.
 
Имав очекувања од Астон Мартин и Њуи, но по се изгледа ќе бидат втор ешалон. РБ и Мекларен ќе се борат за првите 2 места а Ферари и Мерцедес ќе гледаат да украдат некоја победа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom