Значи која маркетиншка варка ја прават од Вип, алал им вера.
На сите што сме нивни претплатници ни следува некаков си бонус или субвенција за лојалност која се користи при купување на мобилен телефон.
Пазете муабетот: Еве Ви даваме 5.500 денари бонус, што ќе може да го искористете при купување на мобилен телефон.
Им викам како сам да си пресметам за кој телефон колку ке му биде цената, ако се префрлам на Вип Л (пошо нели, не можеш да продолжиш договор ако си мигрирал од One туку мораш на некоја од тарифите на Вип), и ми вика: “Од цената на уредот (Цена за посебни потреби) ќе го минусираш бонусот и добиваш колку ќе те кошта телефонот.
Е сеа пример да земеме Самсунг А3 2016. Телефонот во Вип Л тарифата како нов корисник кошта 12.500 денари.
А пошо јас сум веќе корисник, ми даваат бонус од 5.500 денари, ама од Цената на уредот.
Цената само за уредот е 18.000 денари а бонусот како што кажав е 5.500, значи телефонот ќе го добијам за 12.500 денари, како лојален драпај мадиња корисник.
Прашањето што ќе ме измачува наредниов месец или година а воедно барам и мозок од вас е: Каква субвенција добивам јас што сум постојан и лојален корисник на Вип кога и во едниот и во другиот случај телефонот ќе ме кошта 12.500?!
*Не ми спомнувајте дека можам пониска тарифа можам да земам, па така телефонот ќе биде поефтин ако би го зел како нов корисник.