12 Алхемиски клучеви на Базил Валентин

mALEFACTOr

..:[iluzionist]:..
Член од
30 април 2007
Мислења
512
Поени од реакции
24
Basilius Valentinus, исто така познат по англиска верзија на името, Базил Валентин, бил алхемичар во 15 век. Во своите дела се претставувал како каноник на Бенедиктинскиот приорат Св. Петар во Ерфурт, Германија. Неговиот вистински идентитет и до денес останува мистерија. “Дванаесет кључеви на Базил Валентин” препознатливо е како едно од најпознатите и највлијателни алхемиски делови. Прв пат е објавено 1599 год. Само како текст, али широка дистрибуција достигнува како преглед на Tripus Aureus (Златен троножец) кој го уредил Михаел Маер, а издал Лукас Џенис во Франкфурт 1618год.
Херметизам Вебвам ги претставува неговите 12 слики кои во себе носат длабоки херметички пораки и се предмет на долготрајно проучување на херметички и алхемиски симболи.


ПРВ КЛУЧ - Кралот од лева и кралицата од десна страна, стојат на отворен простор. Кралот во својата десна рака држи жезло. Кралицата во десна рака држи цвеќе со три цвета, а во левата пауново перо. Пред Кралот, волк и куче прескокнуваат трокутаста реторта поставена во сад со оган. Пред Кралицата, старец со осакатена нога ( фигура на Сатурн ) зачекорува преку оган на кој се загрева сад.



ВТОР КЛУЧ - Крилест Меркур стои,во двете раце држи кадучеа. Од лева страна е Сонце, а од десна Месец, под нозете му се двоструки крила. Од лева страна му се приближува човек кој во раката држи мач околу кој е замоткана змија, додека од другата страна му се приближува друг човек со мач на чиј врв стои птица.



ТРЕТ КЛУЧ - Крилест змеј стои во просторот ,опашот му е свиткан, а јазикот зашилен, во негова позадина има високи планини. Позади змејот лево, волк или лисица бега носејќи во устата птица ( можно е кокошка ), а на грбот му се спушта орел кој го напаѓа.


ЧЕТВРТ КЛУЧ - Костур стои на нешто сто личи на прекриен ковчег. Од лева страна гори свеќа, додека од десната страна е стебло кое трули. Во позадина е црква.


ПЕТИ КЛУЧ - Од десна страна стои жена покрај правоаголна печка. Во десна рака држи срце од кое цвета ружа со седум цветови. Шише поставено на печката во себе содржи течност од која се крева пареа. Врвот на шишето изгледа како да се спојува со главата на жената. Покртај жената стои алхемичар со мев во ртацете, а пламени излегуваат од неговата уста и врвот на главата. Пред печката стои купид со врзани очи, со својата стрела и лак цели на жената. На левата страна стои лав со круна изнад главата, кревајќи ја левата шепа како да ја напаѓа жената или купид. Над главата на лавот свети големо Сонце.


ШАСТИ КЛУЧ - Бискуп со десна рака подигната за благослов, ги венчава Кралот од лева и Кралицата од десна страна, под мрачен облак од кој паѓа силен дожд. Над облакот се формира виножито, од левата страна е Сонце, а од десна Месец. Лево од Кралот, овален сад се загрева на оган. На врвот од садот се наоѓа глава со две лица, и двете во устите држат садови за собирање. Оган гори на врвот од главата. Позади тоа во далечина се наоѓа лебед или гуска. Десно пред Кралицата, алхемичар со трозабец се занимава со печката, налевајќи вода од шише во када, во која се загрева реторта- тиквица. Настанатата пареа се згуснува и собира во шишето кое се наоѓа испод и во него веќе има течност.


СЕДМИ КЛУЧ - Жена, држи вага во десна и мач во лева рака, стои позади големо шише, на чиј врат се наоѓа “Хермесов печат”. Внатре во садот е “Хаос”, a внатре на тој круг се четири годишни времиња околу квадрат, означен како “Sal philosophorum” (сол на мудроста), во чија внатрешност е тријаголник со натпис “AQVA” (вода).


ОСМИ КЛУЧ - Во заграден кружен простор, два човека со самострели седат и целат на квадратна мета со округла цел и кључ на врвот. Седум стрели веќе ја погодиле метата. Помеѓу двата човека се наоѓа гроб од кој излегува човек или оживеан леш. Лево од тоа расте пченка. Во преден план , труп лежи на ораница, по која човек од лево посејува семе и поздравува крилест ангел кој свири на труба и држи копје. Позади човекот, четири птици јадат од семето.


ДЕВЕТИ КЛУЧ - Во кругот на дно се наоѓаат три срца од кои излегуваат змии, тие се свиткуваат, како да се обидуваат да се фатат една со друга за опашот. На врвот од кругот се наоѓаат маж и жена така свиени да заедно со своите нозе и глави ги покажуваат четирите смера. Кај нозете на жената – југ, се наоѓа паун , а кај главата –запад, лебед . Кај нозете на мажот – север, се наоѓа врана, а кај главата- исток, орел со раширени крила.


ДЕСЕТИ КЛУЧ - Околу сјајниот триаголник чиј врв е надолу усмерен се наоѓаат зборовите “Роден сум од Хермогенес. Хиперион ме одбрал. Без Иамсоф осуден сум на пропаст”. Внатре во аглите на триаголникот се наоѓаат симболите :Сонце на лево, Месец на десно и Меркур долу. Внатре во триаголникоѕ се наоѓа двослоен круг во кои се испишани некои хебрејски слова.


ЕДИНАЕСЕТИ КЛУЧ - Два лава се приближуваат еден кон друг и се напаѓаат еден од лева а другиот од десна страна. Лавот од десно ја фаќа муцката на другиот со своите заби. На грбот на двата лава јава по една жена, секоја од нив во рака држи срце од кое расте цвеќе со цвет на Сонце и Месец .( жената од лево цвеќето го држи во десна рака, а таа од десно во во левата рака). Позади жената од лева страна стои витез со подигнат меч во раката, како да ќе нападне. Позади лавот од десно, одат четири млади лавчиња.


ДВАНАЕСЕТИ КЛУЧ - Во лабораторијата стои алхемичар со клешти во левата рака, додека десната рака е усмерена кон триаголна реторта на клупа позади него, од која растат два цвета налик на ружа, а над нив е симбол на Меркур. На лева страна се наоѓа печка во облик на бочва од која се дигаат пламени. Од десна страна , лав јаде змија. Низ отворениот прозорец во позадина се гледаат Сонце и Месец.

Извор
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Јас многу не се разбирам во ова ама сепак е нешто интересно и несекојдневно и мислам дека ќе има дијалог од другите
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Да, убаво ги опишале сликите. Сето тоа можевме и самите да го ЗАКЛУЧИМЕ.

Кога ќе ги отклучи некој, нека ми се јави. Јас имам отклучено две досега, и не ми падна таванот на глава.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Ма какво отклучување какви херметизми.Човеков преку слики ни ги кажува моќните 4 елемента кои ни даваат живот и манипулирањето со нас од страна на неуки суштества кои целат на тоа да ја научат мудроста на нашите предци за лошо.

Како и да е има неколку слики кои неможам да ги разберам.Но не за долго.:sakas_ust:raz::icon_lol:
 
S

smart ass

Гостин
ме потсеќа малце на резидент евил...комбинациите со слики
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Да, убаво ги опишале сликите. Сето тоа можевме и самите да го ЗАКЛУЧИМЕ.

Кога ќе ги отклучи некој, нека ми се јави. Јас имам отклучено две досега, и не ми падна таванот на глава.
Што со тоа коа ќе ги отклучиш?
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Па ти си алхемичар
Алхемичар сум и знам што значат четвртиот,седмиот и десетиот клуч.Другите не ми се јасни никако.Кога ќе го добијам каменот на мудроста ќе објаснам сите што значат.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Алхемичар сум и знам што значат четвртиот,седмиот и десетиот клуч.Другите не ми се јасни никако.Кога ќе го добијам каменот на мудроста ќе објаснам сите што значат.
Ќе ти го дадам сосе Хари Потер и тоа гратис ако не прекинете да заебавате по темава.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Јас сум само случаен минувач и ништо не ве разбирам.
Зборот алхемија и алхемичар ми е познат но никогаш не сум се заинтересирал да проверам што значат.
Убаво би било за ваквите како мене да пишеш нешто во врска со алхемијата и алхемичарите.
Што значи, кои биле тие луге, што изучувале тие...?
 
S

smart ass

Гостин
Јас сум само случаен минувач и ништо не ве разбирам.
Зборот алхемија и алхемичар ми е познат но никогаш не сум се заинтересирал да проверам што значат.
Убаво би било за ваквите како мене да пишеш нешто во врска со алхемијата и алхемичарите.
Што значи, кои биле тие луге, што изучувале тие...?
имале воглавно два мотива,едниот бил да го најдат начинот за производство на злато-значи тоа ти иде од џам врата-од бакр-злато

а вториот мотив им бил еликсирот за вечен живот...

ништо од тоа не им успеало но сепак имале придонес.

јас би ги споредил со овие група перпетум мобилаши:vozbud::pos2::pos2:

Алхемичар сум и знам што значат четвртиот,седмиот и десетиот клуч.Другите не ми се јасни никако.Кога ќе го добијам каменот на мудроста ќе објаснам сите што значат.
дај не биди себичен и кажи што нзначат...па да ја решиме мислам има доволно членови така да појше мозоци појше мислат...квад кор технологија ебаго...додуше имаме и некои на форумов со транзистори,ламби па следствено на тоа и багови но воглавно повеќе мислиме заедно...ај сега кажи го значењето на клучевите???
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Некако слаба заинтересираност а баш мислев ќе има муабет на сликиве?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom