Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
е може да купил 1.000, знам некој имаше што купи голема количина, а мислев 50 се. јас сум тогаш грешка, ама тоа значи дека ако тој купил 1.000 уште помалку се индивидуите кои купиле.
 
е може да купил 1.000, знам некој имаше што купи голема количина, а мислев 50 се. јас сум тогаш грешка, ама тоа значи дека ако тој купил 1.000 уште помалку се индивидуите кои купиле.
И каква врска има ако помалце индивидуалци купиле карти ? Битно е бројка на карти продадени а не колку индивидуалци. Не знам што тоа толку го форсираш.
 
И каква врска има ако помалце индивидуалци купиле карти ? Битно е бројка на карти продадени а не колку индивидуалци. Не знам што тоа толку го форсираш.

Стварно не знаеш? :)
 
Инаку ако не е возможно ова погоре да се оствари, може бившите играчи да организираат акција со продажба на нивни дресови со цел да се помогне финансиски. Ама со оглед на тоа што има уште играчи на кои им се должат финансиски средства, ретко кој би се нафатил на ваков чекор.
 
Стварно не знаеш? :)
Знам. Ама никој тука не тврди дека Вардар има богзнае колку фанови и дека со бројката на купени карти се рефлектира тоа. Најважно е дека акцијата успеа и се распродаде стадионот. Тоа значи иако бројката на фанови не е нешто wow има некоја основа и желба да се спаси Вардар. Работата беше што го форсира истото во неколку поста фактот дека таа бројка е мала, а никој тука не го негира тоа за да мора се форсира истото.
 
Последно уредено:
Што мерак ќе ми се направи да отвориме со победа утре... :jeeee:
 
Ај да споделам нешто интересно со вас, што ископав овие денови.

Веројатно многумина љубители на фудбалот се прашуваат кој беше фудбалерот што го постигна првиот гол з Вардар по неговото формирање во далечната 1947 година.

п.с еве и решението за формирање на клубот.
fk vardar.jpg

Вардар требаше да одигра две средби со Слога од Нови Сад(подоцна Војводина).
На првиот натпревар во Нови Сад, на 4 август 1947 година по голема борба мечот заврши без победник 1:1. Стрелец на првиот официјален меч за Вардар и првиот гол беше професорот Саво Цветковиќ.

-Се уште се сеќавам на тој меч во Нови Сад, на мојот гол првенец за Вардар што го постигнав со левата нога иако бев изразит деснак. Додека играв за клубот Македонија играв халф. Но првиот тренер на Вардар Благоја Павловски-Ситното, кој како техничар работеше во Радио Скопје и не беше платен за тренирањето на играчите, бараше од мене во Нови Сад да носам дрес со број 9 и да бидам центарфор, ни раскажуваше Цветковиќ. Ме чуваше Симо Милованов, подоцна репрезентативец на Југославија, не многу нежно. Сепак, во еден момент на нафрлената топка од Цинциевски успеав да ја упатам кон голот на Слога и таа покрај изненадениот голман се најде во мрежата. Не беше тоа силен шут, но топката доби некое чудно ефе. Дури во финишот домаќините израмнија но со овој резултат имавме големи шанси да се пласираме во Првата лига со оглед дека реваншот се играше во Скопје. - изјави Саво Цветковиќ во интервјуту со Миодраг Мицковиќ за ФФМ.

FB_IMG_1613865371265.jpg

Првата вардарова генерација што заигра во првата сојузна фудбалска лига на Југославија, Вардар како трет македонски прволигаш.
Од лево кон десно: ДРАГАН ГЕРОВ-ГАГУШ, АНТЕ АНДОНОВСКИ-КОЗИЦА, ХРИСТО ХРИСТОВСКИ-МУЛАЦ, ГАЛЕ ГЕРАСИМОВСКИ, ТОШО НИКОЛИЌ, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, БЛАГОЈА ПЕТРОВСКИ-БАЛА, ГОТА СЕЗАИР, КИПРО КИПРОВСКИ, ВАСКО КОКИНОВСКИ-МАКАРА И ВАСИЛ ДИЛЕВ.
Од овој прв состав на Вардар најмногу првенствени и пријателски натпреватри во неговиот дрес има одиграно Васко Кокиновски -335, Цинциевски 277, Јаневски 242, Геров 134, Петровски 101, Балевски 59, Гота 53, Ивановски 52, Давидовски 36, Димитровски 15 и Цветковиќ само 2, најважните.
 
Напад ништо не изигравме освен грешката што ја искористивме. Одбраната доста несигурна, ама па среќа ни они не се нешто посебно. Илиќ имаше 1-2 добри интервенции. И овој Нето од 5 корнери, 4 му беа нерегуларно изведени. Да ти ебам лигата. За примениот гол не сакам ни да коментирам.

Се надевам дека децава со тек на време ќе соберат некое искуство и храброст. Со малку среќа и до бодови за опстанок во 1ва лига.
 
Само едно не ми е јасно. Зошто играат зонска одбрана? Џиџи грлото го одра од викање , за секој да си чува играч.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom