Најтешка работа во домаќинството

  • Креатор на темата Креатор на темата Бејко
  • Време на започнување Време на започнување

Најтешка работа во домаќинството

  • перење

    Гласови: 5 3,9%
  • спростирање алишта

    Гласови: 5 3,9%
  • пеглање

    Гласови: 10 7,8%
  • готвење

    Гласови: 8 6,2%
  • миење садови

    Гласови: 17 13,2%
  • работа со правошмукалка

    Гласови: 11 8,5%
  • бришење прозорци

    Гласови: 8 6,2%
  • бришење прашина

    Гласови: 8 6,2%
  • чистење на загорени површини

    Гласови: 12 9,3%
  • чистење на WC

    Гласови: 45 34,9%

  • Вкупно гласачи
    129
Де бре... Не сум некој којзнае каков работник по дома но најтешко според мене би било бојадисување. Не е за работата (работам молер со татко ми) туку чистење после молерот, перење на теписи, средување... тоа е тешко!
 
максимумот е 10 прашања, овие ги одбрав како почести. инаку перење теписи е незамисливо потешко од сите наброени.
 
Трпење на мажот.:hehe:

Гласав за готвење.Знам да зготвам нешто едноставно,а за покомплицираните...:sviri:
 
чистење загорени површини побогу....а ужифам у домашно водено-насапунето перење теписи, викајте кај треба!!
 
Најмногу мразам да мијам садови, ама затоа правосмукалката ја владеам.:icon_lol:
 
Чистење веце бре, так нормално. Не би можела да припарам со средство за чистење таму, бар сеуште не. (освен кадата, таа редовно си ја чистам :)).

И готвење во лето, ептен заебана работа, посебно ако треба нон-стоп да стоиш и надгледуваш а пареа те мава у лице (ко демек не ти е доволно топло).
 
Гласав за чистење на ВЦ, ама тоа уште не сум пробал, а неам намера ни да пробам :) А од овие другиве, што сум пробал, готвење toeto
 
Спростирање алишта и пеглање. Тоа е нешто што најмногу го мразам! Попрво би ја миела ВЦ школката, отколку да пеглам.
 
Најтешка работа во домаќинството е да бидеш добар домаќин:) Енивеј идејата за чистење вц не ми се допаѓа, а и простирање алишта ми е штуро. Пеглање онака, не сум љубител баш, баш, па и бришење прозори... Другото не ми е проблем. Да готвам обожавам, дури и на жешково време често сум пред шпорет. Миење садови ми е омилено хоби, не знам зошто ми е толку забавно тоа...
 
Бришење прозорци убедливо најтешко. Треба на еден стол да се качам и да изигравам циркузант со тоа крпата по стаклените површини.За готвењето би ставил дека ми е занимација иако не знам многу готвачки трикови.
 
Па видете, најтешка работа во домакинството е готвењето. Зошто?
Епа вака, пред да се зготви нешто се поставуваат неколку дилеми „што да јадам сега?“ и дур се прашуваме што да јадеме времето тече, и тек коа ќе ни дојде идеја што да се јаде доаѓа друга дилема „колку време е потребно да се приготви тоа?“ и дур се мислиме колку време е потребно пак тече времето, и одеднаш ни текнува да јадеме нешто друго и пак иста дилема се јавува, и се тоа така продолжува... затоа боље земи чисти прозорци... :)
 
Више ми е заморна физичка отколку умствена работа :pos:
 
Мразам да мијам садови!!!!!Уживам во бришење прозорци,и чистење со правосмукалка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom