Глупи се бе овие од Влен, огласите за вработување не треба да бидат само форма без суштина, а уште помалку средство за политичка манипулација. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги полни клучните државни институции како МВР, УЈП, ЕЛЕМ, МЕПСО, Централниот регистар и други со свои кадри, на ВЛЕН му фрлаат трошки , огласи за наставници, чистачи, биохемичари, мајстори, инсталатери и слични позиции.
Многу понижувачко и срамно! ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува коалицијата за да ја задржи целата моќ, а ВЛЕН, наместо да реагира, молчи и прифаќа да игра улога на декор. Како е можно албанскиот народ да гледа и да не реагира на оваа очигледна навреда и неправда ? Ова не е партнерство, туку отворена политичка манипулација и потценување!