Пронајдена и четвртата Македонска престолнина

  • Креатор на темата Креатор на темата AnDoN
  • Време на започнување Време на започнување
Тентов и Миленко зборуваа за 2012 година--многу интересна година во однос на астрономијата и астрологијата, но најбитното беше околу пророштвата на Нострадамус. Последното негово пророштво-гатање што и да е е исполнето 1999 година. За таа година се предвидувал голем земјотрес со многу жртви. Сите очекувале тоа да биде Парис,но.... земјотресот се случил во близина на Истанбул, и однесе многу жртви. Утката во пророштвото беше за само 6 или 7дена(датумот). Следното пророштво е околу возобновувањето на древното царство во ликот на лавот. Тоа се лоцира во близина на местото на земјотресот за 13 години отпосле што се поклопува со 2012 година. ЕЕЕ па во близина на истанбул единствено древно царство во ликот на лавот е МАКЕДОНСКОТО.... доста интересно
Ова го имаш од негде извадено или..?Ако да,може линк да остаиш?И ај вратете се на темата..:smir:
 
Ова го зборуваа Миленко и Тентов, јас не знам ништо за Нострадамус. Доколку сакаш можеш да ја гледаш емисијата на сајтот на миленко

www.milenko.com.mk

ги има сите до сега емисии ставено.
поздрав
 
Да не испадне дека млатев празна слама.

Kamene grobnice drevnih tračkih vladara otkapa bagerima i buldožerima, što mu omogućuje da za tjedan dana obavi posao koji bi pažljivijim, tradicionalnim ručnim metodama iskapanja potrajao mjesecima. Nema izbora, kaže. Pljačkaši vrebaju posvuda, spremni da poharaju arheološka nalazišta. “Imaju više novca od mene i bolje strojeve”
http://www.nationalgeographic.com.hr/default.asp?ru=240&gl=200611270000003&sid=&jezik=1

Линк за она што зборував, нема време за чекање на етичко работење.

Нека се впрегнат машините.:toe:
 
Да не испадне дека млатев празна слама.


http://www.nationalgeographic.com.hr/default.asp?ru=240&gl=200611270000003&sid=&jezik=1

Линк за она што зборував, нема време за чекање на етичко работење.

Нека се впрегнат машините.:toe:

Се слагам потполно, нема време!

Треба да го поканат човекот официјално да дојде во Македонија и да ги обучи нашите археолози за неговиот метод а освен тоа и да се воспостави и одредена соработка бидејки го имаме истиот проблем и истражуваме отприлика ист период.

Нека се впрегнат машините!
 
Mоре ајде, булдожери.

Hие имаме нов пристап: Паско ќе го населува Стоби (со археолози).

Aј да видиме...
 
Има доста простор во Стоби за да се остане таму и да се помогне во ископувањето и слично , и нема да има само археолози туку и историчари на уметноста , што повеке луге од оваа катедра тоа подобро! поздрав!
 
nego za prestolninata.. sega ja pronajdoa ili ne ja pronajdoa???
na sto go temelat tvrdenjeto deka e pronajdena i deka tamu se naogja???
mislam temava e na toa posvetena a nemame duri nitu sturi informacii postirano :(
 
Уште една одлична вест...

Мариово е неистражено археолошко наоѓалиште

4166527600D97941AD8C4E588D465A0E.jpg


ПРИЛЕП - На локалитетот Висока, на врвот од Селечка Планина во Мариовско, на височина од 1.472 метри, пред три години е откриен антички град и дворец со огромни блокови. Археолозите потенцираат дека Мариово е богато, но неистражено археолошко наоѓалиште.

Објектите датираат од 4 век пред нашата ера, што е претпоставка дека тука владеел некаков крал или помал кнез. Гробницата во подножјето на планината е потврда дека тој великодостоинственик бил погребан тука.

„Досегашните истражувања се реализирани на површина од два хектара, во должина од 350 метри и широчина од околу 100 метри. Таму е документиран град со одбранбен ѕид во доцен антички опус. Годинава сме во фаза на дооткривање на гробницата. Најголем проблем е тоа што не можеме да работиме на врвот Висока поради непристапноста на теренот“, објаснува професор Виктор Лилчиќ.

Според него, откриени се разни видови керамика од 4 век пред новата ера, делови од накит и од копци од облеката на воините, монети на македонските кралеви, Александар Македонски, монети од градовите...

Но, натамошните истражувања треба да ја решат дилемата кој владетел владеел во дворецот и кое било името на овој антички град“, додава Лилчиќ. За досегашните истражувања се потрошени над 1,4 милиона денари. (Мн.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6D02A34BB4DE5541AF5CE96E5DAF4D2A
 
:)

нека ме слушат мене поќе, ќе им кажам точно кај да копаат.

ајде од летово ќе ја туркаме работата многу поозбилно :)

само немојте да се чудите ако најдиме и пирамидални и монолитски градби :)

иначе, тоа е една од причините зошто се минираше константно посериозно археолошко истражување на Македонија.

Тоа шо ќе се најде не одговара никако во рамките на „официјалната“ историја :)
 
Одлична вест !!!!
Се надевам дека ова ќе е дел од преродбата што ја протежира владата и ќе бидат обезбедени доволно финансии. Мора да се открие и презентира нашата историја....
 
Откриена изгубената престолнина Пелагонија?

Се повеќе се потврдуваат тезите дека кај локалитетот Бонче можно е да се наоѓа четвртата изгубена македонска престолнина, градот Пелагонија. Со најновите годинешни открија, под раководство на професорот Виктор Лилчиќ, целосно е откриена гробницата која е единствена од ваков тип на Балканот.
Слична има само во Пела во Грција.
„Според начинот на градење и според монументалноста на самата гробница може да претпоставиме дека во оваа гробница е погребан некој пелагониски крал, за жал за кого не знаеме се уште кој е“, изјави д-р Антонио Јакимоски, раководител на Археолошките ископувања.
Оваа гробница потекнува од четвртиот век п.н.е. кога и постоело Кралството на Пелагонците. Се претпоставува дека е ограбена уште во антиката.
„Ова е единствената гробница во Македонија и пошироко и меѓу ретките објекти од четвртиот век п.н.е.“, вели Јакимоски.
Гробницата се наоѓа веднаш под врвот Висока каде се претпоставува дека се наоѓал градот. Откривањето на градот Пелагонија на овие простори би било од огромно значење за Македонија затоа што другите три старо антички престолнини Пела, Амфиполис и Тесалоника се наоѓаат на територија на денешна Грција.
За жал, оваа година државата не оддели средства за да се истражува и на врвот Висока. По овој град археолозите трагаат повеќе од 150 години.
Тука пред две години беа откриени и три штитови со Сонцето од Вергина на кралот Деметриј. Кога ќе се реставрираат, за прв во светот ќе се добие како изгледал штитот на Македонската фаланга.
 
хаха ради тебе мораах да си ја бришам темата :) превари ме...
 
Во врска со Пелагонија, во последно време се обновија ископувањата на локалитетот Стибера кај Тополчани, Прилепско. Тоа е во самиот центар на Пелагонија, и се работи за еден импозантен локалитет. Градот што се наоѓа под слоевите земја е навистина огромен. Бев таму минатата недела на еден ден, и видов дека копаат археолозите. Сега засега е ископано многу малку од целиот локалитет, ама од тоа што е се гледа дека местото е се огромни димензии! на пример, ископани се ѕидини со дебелина од метар и пол! Еден дел од ѕидините е полукружен, со долапи во нив, што укажува дека се работи за религиозен, сакрален обејкт. Понатаму, има и остатоци од една огромна просторија, најверојатно темел на одбранбена кула или дел од ѕидините! Се копа на големо, за се забележува и дена темелите од одбранбениот ѕид продолжуваат во нивјето пред и во ридчето зад локалитетот...

следниот пат, ќе прикачам некои слики!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom