Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се сеќаваш Хамилтон во каков тим почна?По мене пре младо и неискусно е детево да го стаиш во топ тим одма прва сезона во Ф1. Ама знаеме како функционира системот ако си од богата фамилија и имаш јаки конекции се е можно. Наредна година кога Расел ке му го расцвета гзот може и да му заврши кариерата. Требаше Мецедес да си земат некој искусен возач од типот на Албон, Саинц па и Ботас и Хулкенберг не се лоша опција за 1 до 2 години договор, а детево да иде во Вилијамс да се навикне малце на Ф1 барем една сезона.
Хмилтон 2007 имаше 22 години со поголемо искуство во ниските категории, види го Антонели на сликиве ко 7мо одделенец е.Се сеќаваш Хамилтон во каков тим почна?
Алонсо не е во оваа група за пензионирање? Младичи се овие за негоТреба малце ф1 да живне со млади шофери. Овие како Хулк, Рикиардо, Магнусен, Ботас, Перез се сите за пензија.
Алонсо не е во оваа група за пензионирање? Младичи се овие за него![]()
Треба малце ф1 да живне со млади шофери. Овие како Хулк, Рикиардо, Магнусен, Ботас, Перез се сите за пензија.
Муабетов со млади возачи го терате веќе 2-3 сезони а усвари не ви фалат „млади“ возачи, ви фалат промени.
Како ретко до сега, последниве 7-8 години е ист падокот, без преголеми измени. Со исклучок на Ветел, другите промени секогаш беа за второто место во Торо Росо и кој ќе вози за Вилијамс.
Тоа што почнале како ептен деца, и тие неколку генерации се енормно талентирани, не ги праи стари, ги праи искусни. Следниве возачи се сите на возраст 24-28, а или се победници или можат во најмала рака да бидат победници во конкурентен болид: Макс, Леклер, Ландо, Оскар, Расел, Гасли, Окон, Јуки, Албон.
Усвари пола од падокот се млади.
Потоа ги имаш Алонсо и Хамилтон, што се класа за себе.
Перез и Ботас, што се на рамниште на Баричело, а Баричело долго време беше човекот со најмногу ГП.
Строл, што вози во сопствен тим и един начин да не вози е да му ја одземат дозволата.
Жу што е солиден, во однос на тоа во каков тим е и башка што носи премногу спонзорства со себе.
Саинц што е непозната. Дали квалитетот му е нешто подобар од Перез и Ботас или стварно има потенцијал за повеќе.
И остануваме со Рикиардо, Магнусен, Хулкенберг, Сарџент. Првиот сеуште нема договор за наредна година ако не се лажам. Вториот го измоча начисто Шумахер ( што беше шампион во малдински категории ). Третиот е екивавлент за мид-тејбл клуб. Ќе ти собира поени и ќе има константност. Последниот е веќе набркан.
Од друга страна, со исклучок на Лосон и Кими и можеби Бартолето, кој друг од младиве заслужува шанса, во било кој тим ?
Од Берман не очекувам премногу. Јесда имаше солидна трка ама не е нешто импресивен во младински категории.
4 години повеќе возење е на секако повеќе искуство без разлика на титули.