Европско првенство(мажи)-Германија 2024 [10-28 јануари]

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување
швеѓаните газ истаја благодарение на Начевци...првото полувреме ги вратија во игра наместо пробивање и црвен картон ....аркада му ја пукна...штета одлично издание на лалињата на денот на лалињата.
 
Браво за Словенија, сестриве ги утепаа денеска, апла судење за Норвешка, баш ми е драго што на крај ги попарија.

Словенците делуваат доста спремни, во напад многу креативни, цело време воиграни акции, правење вишоци, секој метар од теренот го користат максимално, да ти е мерак да ги гледаш, ги има распоредено силите Зорман и сите играчи одлично се надополнуваат, во одбрана коска беа кога беше најпотребно, Лесјак ги закопа на крај.

Им се отвараат вратите за полуфинале, со оваа победа се чекор поблиску, сепак имаат уште многу до таму, ќе биде интересно да ги гледаме со Данска и Шведска, не чека атомски ракомет, ќе биде возбудливо.
 
Сакам да го посветам овој пост на дечкото што пред...8+ години пиша нешто во стил на "Еве сум во Фарски Острови, овие решиле да инвестираат во спорт ептен, и направиле анализа дека најдобра шанса имаат во ракомет да инвестираат, пазете ги, за пар години ќе играат на ЕП ако им успее ова"

И ги запамтив, и ги пратев од тогаш дури и кога играа Б квалификации или што и да беше.

Ваљда ако е активен ќе ме цитира, ама секоја чест и за него и за Фарски Острови. А и клупскиот фудбал им е кренат и е за пофалба.

Не е до "toa e, malce narod sme, sto da praime" туку има нешто и во немање на масивно корумпирана федерација и крајно политизирано општество што нема тронка разум или морал.
 
Чоче се бори а на српче му треба, интересно, ама голманот на Црна Гора доби Црвен
 
Стварно незнам како можеш да примаш голови од толку далеку. Абе ко ќе го затнам тоа голот комарец нема да влезе, али тоа е кога стават идиоти со две леви раце.
 
Звукот е официјален од ЕХФ, МРТ само го превземаат.
Го има и на РТЛ Хрватска истото.
Ваљда не е звуков официјален и пола сат после крај на пренос. Ушите тапани ни ги направија :LOL:
 
Леле Србија која брука хахаха 4 секунди не можеа да се одбранат а имаа шанса и за водство пред тоа, дефинитивно најголема мизерија испаднаа на ова првенство
 
Леле овој Јури Кнор според мене најдобриот среден бек моментално
 
Дедовците од Шпанија ништо чудно да бидат исфрлени уште од групната фаза, посебно сега во второто полувреме кога се без Душебаев, кој заработи црвен.
Добро голманчето на Австрија (y)
 
Дедовците од Шпанија ништо чудно да бидат исфрлени уште од групната фаза, посебно сега во второто полувреме кога се без Душебаев, кој заработи црвен.
Добро голманчето на Австрија (y)
интересно, за Австрија која можеби ке влезе во финалниот круг играат босанци или срби, а БиХ многу слаба а и Србија ...
а кој глупи обложувалници, 13 коефициент за Х
 
Последно уредено:
Поголеми џупци и од самите џупци, во сите спортови. Мрш дома.
Денес станаа Европски прваци во ватерполо и официјално во сите спортови имаат по едно злато минимум :)
Извинете за офтопик
 
Јак беше моментот кога Митев во скок и без гледање асистираше до Петар Атанасијевиќ.
Страшно добра партија одигра детето, секоја чест. :bravobe:
Кога Митев е на среден бек, Кузмановски и Талески играат одлично на лев.
Добро е што Лазаров го увиде тоа и не ги става во иста постава на Талески и Кузмановски, едноставно не функционираат заедно.
Ненад Костески конечно добра партија за репрезентацијата, против силен противник. :)
Само нека продолжи така и ќе се изделка во солидно крило.
Добро сме покриени на десната крилна позиција, замената Никола Костески не е воопшто лош, добар изведувач е и на пенали, нешто што е слабост во репрезентацијата.
 
Ќе им го земе ли некој скалпот на овие Данци:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom