Во однос на навивање на репрезентација...
Според мене, имаме чоек во федерација кој не сме го искористиле доволно. Знаете за кој зборам, со сите има коректни, да не речам пријателски однос. Ако ја тргнеме утакмицата со косово, јас мислам "организацијата" на утакмиците би требало да оди на начин: еден сектор од стадионот(400/500 карти) зависно од утакмицата шо би се делеле по градови на навивачи кои имаат желба да навиват на репрезентација. Без многу комплицирање на работите...Забрана за внесување на клупски реквизити и тоа е тоа. Погоре некој спомна, тие шо ја пратат репрезентацијата редовно, веќе и се имаат "спријателено" меѓу себе. Значи можно е да функционира некој заеднички коп од навивачи кои сакат да ја пратат репрезентацијата. Без никакво мешање на групите. Веќе има некоја база на редновни навивачи во сите градови, потребно е само истите да седат заедно а не раштркано низ стадион. Вчера имаше многу навивачи но не седеа на ист сектор. Знам дека и ффм делат карти намерно раштркани низ стадион како превенција, но кога истите можат надвор од Македонија да седат заедно, можат и во Македонија да седат заедно. Кога ќе почни да функционира еден таков сектор, кога ќе има навивање, мислам и репрезентацијата ќе стани поатрактивна и за останатите навивачи.
Најбитно од се е, кој и да оди во тој сектор од кај и да биди, да си ја остави суетата и егото дома и нема причина зошто не би функционирало. Вчера на таа публика беше потребно само некоја група да започне песна или скандирање.