Мојот совршен миг

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.756
Поени од реакции
39.233
Локација
Скопје
Благодарение на @Варвара и еден „совршен“ филм кој штотуку го изгледав, а беше предлог во Клубот, се роди оваа идеја која се надевам барем кај некои ќе го разбуди креативното во вас и ќе создаде катче со прекрасни спомени на кои сите со задоволство би се навраќале. Еве за што се работи:

Замислете некој, некако, магично или како на филм да ве врати во вашиот совршен миг, час, ден, недела, месец, година... И да можете да ги доживеете убавините на истиот одново. Е па нека тоа се случи во моментов! Вратете се назад во вашиот совршен миг, час, ден, недела, месец, година... и раскажете ни го. Опишете ги чувствата, мирисите, боите, како ѕвездите трепкале, песната која сте ја слушнале во моментот, звуците кои ве опкружувале... Дозволете ни додека вие го доживувате истиот миг одново и ние да бидеме дел од него...

Јас знам дека на форумов има многу креативци кои ќе споделат спомени полни со убавини. И се надевам дека оние кои чуваат само горчина во себе ќе не одминат наместо да се обидат да ни ја пренесат горчината и тука. Па да видиме дали може нешто да испадне од ова!
 
Убава е темата, па ајде скрши го мразот за да тргне работата.
 
Еве јас.
Мојот совршен миг беше кога успеав да ја снимам на касета, од почеток до крај, без реклами, Better Off Alone од Alice Deejay.
Песната ја сотрев од слушање, касетата ја чував како капка на дланка, али нажалост ѓаволот ме натера да ја позајмам на другарче од клас кое несакајќи ми ја уништи... . :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom