Ѓаволот-старата змија

  • Креатор на темата Креатор на темата alf
  • Време на започнување Време на започнување
Ѓаволот стои на секоја твоја раскрсница и ти ги мери одлуките - ако има и малку пресметка да си во добивка, ќе ти земе 100 кратно повеќе од тоа што имаш намисла да дадеш за да добиеш нешто од цената...
Занаетот си го испекол, раскрсниците се твој.Но, ти кажав и порано, не ми се крева духот на тебе.
:)
 
Занаетот си го испекол, раскрсниците се твој.Но, ти кажав и порано, не ми се крева духот на тебе.
:)
Твои - во множина кажа раскрсници... мои твои беспаѓа, така се говори македонски.

Јас лично не би сакал било што да ти се крева на мене, ама ти си знаеш :LOL:
Штом се препознаваш по темиве како да ти буричкам во џигерот - ти се крева егото или косата на глава од тоа што ме читаш, а не треба до толку да се возбудуваш.
Ѓаволот си ја брка работата - јас и ти небитни на форумов...

И не кажувате кој е ѓаволот и дали ѓаволот, сатаната, е исто со змијата и со стапот на Мојсеј, и со змијата која се јази по Дрвото на Животот... овој @PROROKOT па и Сатанил си го нарекува ѓаволот (како да поткраднува од Гностиците и Богомилите), исто му е Сатана и змијата од рајот и тоа што и е допуштено да искушува и да иницира...
Не знам кај ви се губат нишките во однос на еврејскиот начин на размислување за нештата... изгледа премногу македонскиот превод на „стариот завет“ ви ги мати водите и ако додадеме дека врска немате од еврејската мисла во таканаречениот „стар завет“ од страна на христијаните како обид да се дискредитира еврејскиот закон од кој позајмиле цело учење и философија... премногу христијански притискате околу симболите и ви се губи нишката!
Не знам искрено... но така се добива впечаток.
 
Абе „ќе биде“ ајде...

Абе батали ги сатанистите, кој зборува за нив - нека прават што им е волја, секој со својот ум... онака ги спомнав бидејќи христијанинот веднаш трча да сатанизира сешто што не е според неговото верување, малку да ве пецнам...
Реално само прашав зошто никој не зборува за ѓаволот кој е, човек ли е, нели е, после неколку страници прочитав прашање:
Кој е ѓаволот?

И навистина наназад натегање и цитати од Библијата за тоа кој би можел или што би можело да биде ѓаволот, дал е змија, дали змеј, дали има една или 7 глави, дали зборува - со што владее и што ќе правиме во врска со тоа?
И никој не знае... до толку е тајно ова? Или тешко да се одговори од страна на верните во Христа бога?

Ајде можеби на 131ва страница ќе добиеме одговор и некој ќе се одважи да каже,.,,,

Јас те прашав за Сатанаил од кај го ископа името, си премолче... ајде молчи си, не мора да ми кажеш...

А како треба да биде напишано за да ти стане јасно кој е ѓаволот? Па чак и равенка ти напишав....ај уште еднаш, оти „повторувањето е мајка на учењето„.

Сатанаил е Небесното име на ангелот-херувим (слично на другите архангели, како: Михаил, Гавриил, Уриел...), кој сакаше да го завземе престолот Божји. Откако Сатанаил се побуни со неговите пајташи (1/3 од Небесните ангели тргнаа по имот од Луци...) и падна од Небесата нз Земјава и ја изгуби благодатта Божја, Сатанаил стана црн демон/ѓавол, („диаволос„-клевтник, дволичник), кој ги лаже луѓето како ќе стигне.

Просто кажано, ѓаволот е Сатанаил, односно Луцифер, духовно битие кое има само една цел-да удри по Бога посредно, удирајќи непосредно по најдобрата Божја креација, а тоа е човекот.

Сатанаил=Луцифер=ѓавол/демон.
 
Просто кажано, ѓаволот е Сатанаил, односно Луцифер, духовно битие кое има само една цел-да удри по Бога посредно, удирајќи непосредно по најдобрата Божја креација, а тоа е човекот.
Сега е јасно. Ѓаволот е духовно битие и кој што има единствена цел е да удри по богот.... ок.

Од каде ова „Сатанаил“ - го нема во Библијата мислам или брзо ја читам и скокам редови...
 
Последно уредено:
...и ѓаволот бил на почетокот ангел,па добил желба да гради кариера...и ондак то:)
 
Сега е јасно. Ѓаволот е духовно битие и кој што има единствена цел е да удри по богот.... ок.

Од каде ова „Сатанаил“ - го нема во Библијата мислам или брзо ја читам и скокам редови...

Името „Сатана„. под кое е познат лукавиот и по кое е запишан во Писмото, е скратено име од „Сатанаил„. Објаснив и зашто...

Нешто повеќе:

Автоматски споено мислење:

...и ѓаволот бил на почетокот ангел,па добил желба да гради кариера...и ондак то:)

И након то?...:kafence:
 
Е браво де, демек досега ние не знаевме дека Луцифер е ѓаволот...но, прашањето е која е поентата на темава со која Алф не замајува и сака да мозгаме и да помислиме дека е некој друг ѓавол??
 
Е браво де, демек досега ние не знаевме дека Луцифер е ѓаволот...но, прашањето е која е поентата на темава со која Алф не замајува и сака да мозгаме и да помислиме дека е некој друг ѓавол??
Па оти е сатаниста некоја ко овие јеховини сведоци што идеа по врати на времето сега немора веќе да идат по врати интернетот е отворена врата за сите и за јеховини и за сатанисти така и алф ни пере мозок преку неговата книга во која сигурно пишува дека натемаго е бог.
 
Е браво де, демек досега ние не знаевме дека Луцифер е ѓаволот...но, прашањето е која е поентата на темава со која Алф не замајува и сака да мозгаме и да помислиме дека е некој друг ѓавол??
Темата треба да биде потик за себеосознавање, а ѓаволот е само процес на вкусување од доброто и лошото(животот и смртта)!

Откако жената вкуси од плодот и му даде на мажот, па и тој вкуси,прво што видоа е дела се голи.
7. Тогаш им се отворија очите на обајцата, и увидоа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала.

Претпоставувам дека размислувате дека си ги покриле срамните делови.
Духовна книга е ова,не е телесна.

Еве што покриле/сокриле.
Адам засрамен ја покрил својата душа бидејќи се поклонил на една мала "глава",жената засрамена ја покрила својата мисла-главата која ја добила од змијата (ќе бидете како богови..пожелно поради знаењето ),
и бог ја сокрил змијата!

Сите тројца ги покриле/сокриле својте глави од кој исфрлаат семе/зборови!
Ова е само производ од вкусување на плодот!
Најубавиот ангел(ѓавол) е всушност најубавиот плод од дрвото поставено во средина од рајската градина!Го вкусите ли,саде ѓаволи ќе гледате!:gjavol:
 
Е браво де, демек досега ние не знаевме дека Луцифер е ѓаволот...но, прашањето е која е поентата на темава со која Алф не замајува и сака да мозгаме и да помислиме дека е некој друг ѓавол??

Поентата е во тоа што @alf нема што да работи во текот од денот и редовно отвора се‘ нови и нови теми, кои се одамна разјаснети, ама само нему не му е јасно па своите редовно погрешни ставови ги изнесува на форумов...
 
Само со негирање ништо не правиме, како Болдрик.
Ако не те мрзи сега, повели мислење , цитати од твојата света книга се што треба да развиеш дискусија и да ме демантираш.
 
Само со негирање ништо не правиме, како Болдрик.
Ако не те мрзи сега, повели мислење , цитати од твојата света книга се што треба да развиеш дискусија и да ме демантираш.

Веќе си демантиран, нема потреба и од втор пат.

И не ме мрзи, оти редовно добиваш мои одговори на твоите прашања, ама се чини дека твоето незнаење е појако од моето знаење...мислим...:(
 
Веќе си демантиран, нема потреба и од втор пат.

И не ме мрзи, оти редовно добиваш мои одговори на твоите прашања, ама се чини дека твоето незнаење е појако од моето знаење...мислим...:(
Редовно..:tapp:
Ме мрзи да ти одговорам, оти ќе треба цело неделно попладне да го изарчам на пишување одговори...:)

Ајде, осоколи се, што си се упрпал толку.Така ли ќе го браниш твојот бог?

Цитати најди и демантирај ме.
Да не го барам пак Болдрик по јутуб.
 
.. теми, кои се одамна разјаснети,

Можеш ли да докажеш???
Мене ми е многу интересно размислувањето на Алф и се разбира, вистината никој не ја знае, само си нагаѓаме и веруваме.:)

@alf КАДЕ БОГ јa сокрил змијата?
 
Името „Сатана„. под кое е познат лукавиот и по кое е запишан во Писмото, е скратено име од „Сатанаил„. Објаснив и зашто...
Нешто повеќе:

Србите најдобро знаат...

Каде во „Писмото“ е запишано името на лукавиот како Сатанаил па потоа некој му го скратил името?

И нели знаеш дека доаѓа од хебрејскиот јазик שָׂטָן Шејтан што го користат и арапите бидејќи се блиску до еврејскиот јазик?
Каков Сатанаил какво секташко толкување тука ми се губите и преземате од други учења имиња само за да зборувате сешто? Ова би поминало кај г-ѓа @pozdrav eden topol бидејќи се што е тешко кај нејзе за умот, значи нешто многу јако е и битно!
Кај други не поминува...

Да не е од друго место ова позајмено Сатанаил, од гностиците или Богомилите? Хм?
Прво од Гностиците во првите векови, а потоа од Богомилите кога почнуваат коментирањата и толкувањата - бидејќи многу тешко писмото :)

И јас претходно те прашав од библијата е името Сатанаил, од коментари на „свети отци“ или од друго место... и сега ми вадиш коментари некој што зборува за Сатанаил :)

„ Затова богомилите учеле дека човекот со телото го создаде Сатанаил, а бог му ја даде само душата. Бог нема ништо со овова што е на земјава, демек не е вистина оти тој ги дал и поповите и феодалите и сета лошотиа што идела от ним. И така богомилите дошле до заклучение дека сета вера на државното христианство е лажна, дека по црквите владеат гјаволите, и дека земјата на феодалите им ја дал гјаволот, а не господ. И сега кај нас има една таква народна сказна, во која се кажуе како гјаволот му ја дава на Адама земјата под кирија. “
- Коста Солев Рацин/ Богомилите

Во втората книга на Енох што замисли, некој од многу јаките фаци на соборите што се собирале и одлучувале што е „мило на бога“, не ја ставиле да биде „канонска“ и ок - пишува за Сатанаил :)
Но во канонските книгишта - нема Сатанаил, нема скратено, по милост извлечено име Сатана од Сатанаил! Ќе го викаме Тоде бидејќи вистински името му е Теодоракис!

Тоа се туѓи учења, не христијански, но вам не ви смета да си преземате нешта од туѓи учења кои ги презирате ако тоа е полза на догмата.... Кога веќе сакате во вакви мрачни патишта да се симувате, бујрум за читање - малку душата да ви рече „оп“ :)

The devil is the evil spirit of the
lower places, as a fugitive he made
Sotona from the heavens as his name
was Satanail, thus he became differ-
ent from the angels, but his nature
did not change his intelligence as
far as his understanding of righteous
and sinful things.

Understanding (Разбирање) е Binah на еврејски, над бездната! Над разумот! :)

P.S. Ете ви ја целата Book of Enoch.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom