Во последно време на Јутуб од страна како сугестии цело време ми излегуваат видеа поврзани со возови, а се почна кога кликнав на едно видео од типот “најчудното патување со воз“ и беше за релацијата Белград - Бар и попатните авантури на истото, па така и денешните научени информации ми се поврзани со воз.
Научив дека единствен брз воз(bullet train) во Африка е во Мароко и се обраќа меѓу градовите Казабланка и Тангер, возот има максимална брзина од 320 km/h, Al Boraq му е името на тој bullet train.
Ова другото е логичко уствари, ама јас сега го сфаќам, бидејќи воопшто не сум ги истражувал овие селца. Името Чинкве Тере (во последно време доста тури почнаа таму да прават, ги ставаат на Инста по сториња) во превод значи 5 земји и така гласи бидејќи во тој регион има 5 селца. Ептен се брзо достапни со воз од Ла Специја, за околу 5 минути, најодалеченото за 14 минути.