Не ги разбирам фрустрациите, ако има леб по пониска цена увезен од странство, купи го. Ако мислиш дека имаш шанса да го собереш кајмакот, отвори/закупи пекара. Ако мислиш дека е поевтино дома да го месиш, слободно. Постојат алтернативи. Но ако, како домашен производител, не ми одговара продажната цена под 30 денари, нема да произведувам леб (33 ден е малопродажната цена). Во меѓувреме, минималната плата од 11.700 се искачи на 20.300 (со новите најавени законски измени), цената на дериватите е покачена, и аргументот “имаат субвенционирана електрична енергија“, да имаа, а истата во период од 3 години се покачи 4 пати! Тука е и инфлацијата која е околу 20%! Сите овие фактори правопропорционално влијаат на цената на суровините, која исто така е покачена. Па и даноците и амортизацијата не треба да се изостават. Уште поголем проблем ќе биде тоа што во Украина немаше сеидба, а покрај тоа, тука, имаме сушна зима што ќе наговестува и сушно лето. Инаку твојава логика е класичен учебникарски пример за освојување на пазарот и постепено наметнување цена.