КFА 2022 - 01. Најдобар актер во споредна улога

Кој актер ја одглуми најдобро својата споредна улога во 2022 година (може да гласате за најмногу 3)


  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
..секако дека може да гласате и ако не сте ги гледале сите филмови. Никој не очекува сите тука да ги гледаат сите филмови. ;)
... не знам по која логика може да се гласа за актер за споредна улога во дадениот филм, ако истиот филм не е гледан, на стара слава, по симаптија, по име на глумецот или еци пеци пец? :toe:

... иако не сум прозвана од толку членови (алергичен си на никнејмот очигледно :D), ќе си го кажам своето мислење дека Miles Teller на Top Gun: Maverick си ја оправда глумачката харизма како споредна улога.
 
... не знам по која логика може да се гласа за актер за споредна улога во дадениот филм, ако истиот филм не е гледан, на стара слава, по симаптија, по име на глумецот или еци пеци пец? :toe:
Бижонсче, не знам по која логика ти си ме разбрала, злато. Препрочитај го мислењето уште еднаш. Муабетот ми е дека ако за да гласаш треба да ги имаш гледано сите филмови, немаше да има ни еден глас. Не верувам дека има член на форумов што ги има гледано сите филмови што ќе бидат во конкуренција. Ни во Академијата во САД не ги тераат да ги гледаат сите филмови. Просто е: гласаш за најдобриот од тие што си ги гледала.
... иако не сум прозвана од толку членови (алергичен си на никнејмот очигледно :D)
Ете, и тоа не си видела. Ај провери одново. ;)
 
Јас освен Топ Ган не сум ги гледај другиве, а овој Miles Teller ми е еден од најодвратните ликови во Холивуд (не знам причина, едноставно ме нервира суратот) :D А да бидам искрен и филмот беше тапа 6/10.

Бабилон и Ирскиот планирав да ги гледав во кино, ама тешко овој викенд, ќе остане веројатно за во текот на неделата или следен викенд. Ако смее да се гласа уште пред да ги гледаме, тогаш би дал гласови за братот Пит, и за Глисон (на стара слава, не им паметам филм со лоша глума).
 
Само Фабелманови и EEAAO ги гледав и не би гласал за овие 2. :D
 
Јас гласав за Бред Пит, Вавилон гледан, плус го обожавам како актер :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom