Промени во платежниот промет влегува ли Пејл пал и компанија?

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се верува дека Пејпал ќе влези во Македонија, ова како што гледам е сеуште многу комплицирана работа за компанијата да се занимава за пазар од 1.8 милиони народ.

Ќе треба со Народна Банка да имплементираат некој работи, а тоа со среќа нека му е на секој кој не е длабоко интегриран во нашиот коруптивен систем за правење на големи пари.
Пејпал е влезен веќе со години, само треба некои закони да се усогласат, односно ова што веќе се усвои за да може и да се примаат пари, а не само да се плаќа. Нема ништо комплицирано за Пејпал, кај нас беше застојот.
 
Се е комплицирано кај нас и константно лажи секоја власт досега. Затоа немаме Пејпал. И се разбира дека е проблемот кај нас :pos:

Како што гледам ова пак е прекомплицирано за Пејпал да се секира за пазар како Македонија.

Не верувам дека ќе може да примаме пари во догледно време.
 
Ако влезе Револут на пример, прашање е колку ти треба Пејпал воопшто. Буквално е дигитална банка си функционираат меѓународни трансфери, дури и тргувања со крипто мислам дека може преку Револут така да топ си.
 
Овие измениве не се за таков вид сервиси како Revolut, бидејќи тие си функционираат без проблем, од секогаш. Wise без проблем функционира со години, Payoneer исто.

Измениве повеќе се однесуваат за сервиси од типот на Stripe, кои нудат можност за онлајн плаќање со картичка. Досега само банките нудеа таква услуга кај нас, преку CaSys, само за правни лица (фирми). Со измениве такви услуги ќе може да нудат и други институции и фирми, можност за нови македонски стартапи како Stripe.

Ако го направат да може и физички лица да добијат таква можност, тоа би било океј. Ако е како досега, само за правни лица, тогаш нема да има некој голем импакт.
 
Revolut имаа дозвола у старт у Македонија после се повлекоа, дури студирав во Холандија ги користев и се буквално беспрекорни, трансфери, плаќања синхронизација со апликација се е перфектно. Ако ја отвори вратата за Македонија music to my ears :)

Има временска рамка кога би се случило ова?
Не сум сигурен за примање, ама за праќање пари на акаунт на човек у Холандија функционира, мислам ијам јас праќано.
 
Се е комплицирано кај нас и константно лажи секоја власт досега. Затоа немаме Пејпал. И се разбира дека е проблемот кај нас :pos:

Како што гледам ова пак е прекомплицирано за Пејпал да се секира за пазар како Македонија.

Не верувам дека ќе може да примаме пари во догледно време.

Eпа добро де дај кажи што е конкретно прекомплицирано? Пејпал нема што да се секира или да не се секира, тие се ВЕЌЕ влезени на МК пазарот зашто веќе неколку години си постојат како платежен процесор. Онлајн све што купувам со Пејпал плаќам. И веќе одамна може на наша сметка да ти легнат пари со финтата со Словенија, така имам повлекувано пред повеќе од 10 години. Значи технички пречки нема. Еве и ова со законските измени е усвоено.
Што е комплицираното?
 
Нарочно е комплицирано за да не може целосно да се користи Пејпал и да изгубат пари нашите банки од транскации. Затоа дури прогледуваат низ прсти на нелегални начини само за да не направат се што е потребно да влези целосно Пејпал.

Пејпал треба да имплементира методи со кои ќе може Народна банка да следи тоа што се случува, а Народна банка нема ниту капацитет, ниту волја да го направат тоа.

А Пајпал уште помалце сака да се замара со некоја вукојебина од 1.8 милиони луѓе и да ја турка процедурата кај нашите институции.

Разбираш?
 
Не сум сигурен за примање, ама за праќање пари на акаунт на човек у Холандија функционира, мислам ијам јас праќано.
Зборев како едно искуство со револут примање пари таму никад сум немал проблем, делење сметки исто како мини социјална мрежа е ако сте 4-5 души јадете заедно можеш едноставно да поделиш плаќање меѓу вас соодветно кој колку треба.

Нешто што у Македонија уште го нема у факинг 22 година.
 
Нарочно е комплицирано за да не може целосно да се користи Пејпал и да изгубат пари нашите банки од транскации. Затоа дури прогледуваат низ прсти на нелегални начини само за да не направат се што е потребно да влези целосно Пејпал.

Пејпал треба да имплементира методи со кои ќе може Народна банка да следи тоа што се случува, а Народна банка нема ниту капацитет, ниту волја да го направат тоа.

А Пајпал уште помалце сака да се замара со некоја вукојебина од 1.8 милиони луѓе и да ја турка процедурата кај нашите институции.

Разбираш?
За жал ништо не разбрав, односно повторно не кажа ништо конкретно, така да следната година ќе видиме дали си во право.
 
Револут е руска. A со Русите секогаш мора да се биде повнимателен. Јас лично користам N26
 
Овие измениве не се за таков вид сервиси како Revolut, бидејќи тие си функционираат без проблем, од секогаш. Wise без проблем функционира со години, Payoneer исто.
Има некоја финта за Revolut да фукнционира? Пробав пред месец - два и видов дека не нема на листата и баталив регистрација:
1669716513677.png

Сега пробав, на waiting list сум па ќе видиме дали ќе успеам.
 
Има некоја финта за Revolut да фукнционира? Пробав пред месец - два и видов дека не нема на листата и баталив регистрација:
Прегледај го приврзокот 356401

Не чекај, нема да успееш. Не функционира
 
Револут е руска. A со Русите секогаш мора да се биде повнимателен. Јас лично користам N26
Руско-украинско партнерство...Не е сопственост на Русија. Централата е во Лондон.
 
За жал ништо не разбрав, односно повторно не кажа ништо конкретно, така да следната година ќе видиме дали си во право.
Се надевам дека грешам и дека ќе можиме да примаме пари на Пејпал.

Јас сум само скептик, затоа што досега, ниедна власт не ги среди законите за да може Пејпал да влези легално во Македонија. А сите се фалеа дека направиле се што треба, за по некоја година, пак да променат закони и да тврдат дека сега се е средено.
 
Има некоја финта за Revolut да фукнционира? Пробав пред месец - два и видов дека не нема на листата и баталив регистрација:
Прегледај го приврзокот 356401

Сега пробав, на waiting list сум па ќе видиме дали ќе успеам.
Не знам за Revolut дали има финта, сум немал потреба да ги користам, па затоа и не сум разгледал дали има финти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom