Тргување со oпции, фјучерси и останати деривати

  • Креатор на темата Креатор на темата Side Hustler
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.080
Поени од реакции
1.937
(Повикан од успешноста на форумот за тргување на Македонска берза, отварам нов социо-едукативен форум за понапреден левел тргувања кај шо ќе можеме да ги споделиме нашите искуства, предлози и знаења се со цел дополнителна заработка и изнаоѓање на алтернативи за искористување на пазарот на капитал)
Автоматски споено мислење:


Продажба на Covered Calls е најлесен и технички најсигурен начин да заработиш дополнителен приход од акциите што ги поседуваш со речиси никаков ризик освен работите да тргнат во спротивна насока и да се откажеш од апресијацијата на цената на акциите шо ги имаш. Еве накратко како функционира:
  • Поседуваш 100 акции XXX компанија која што се тргува 50$ денес. Продаваш Covered call шо истекува нареден месец пр. Септ.16ти.2022 со strike цена од 60$ (цената сам си ја одредуваш). Еве да речеме опцијата се тргува на 3$ за една опција ( една опција = 100 акции)
  • Со самото продавање на call опцијата покрај акциите што си ги имаш, купувачот ти плаќа ПРЕМИУМ (цена на опциски договорот) од 300$ (3$x100), средства шо ти легнуваат на сметка и не ги должиш никому.
  • Доколку акцијата шо ја поседуваш се тргува под 60$ (твојот strike price) до датумот на истек на договорт (16 септ) ова ти влага у прилог и си ги задржуваш твоите акции + Премиумот од 300$
  • Доколку цената на акцијата теоретски порасне на 70$ до датумот на истек на опцискиот договор бидејќи ги поседуваш акциите, уживаш во раст на истите од 50$ до 60$ (твојот strike price) но не и над оваа сума бидејќи си обврзан да ги продадеш по strike price цената од 60$.
  • Воглавно, единствениот ризик при продажба на covered call е да се откажеш од нагло зголемување на цената на акцијата во периодот додека трае договорот.Премиумот и растот на цената на акцијата до strike цената ти се сепак твојата заработка.
Бонус: Скоро никогаш не чекаш да истече датумот на договорот туку едноставно со купување назад на кол опцијата го терминираш и си отвораш нов договор со нов Премиум кога работите ќе ти течат во твој прилог и кога се наближува истекот на договорот. Нека ви биде увертира горенаведениот начин на продажба на колови во тргувањето со опции. Ќе ви пишам следен пат за друг начин на заработка преку продажба на путови или шорт на пут опции, булиш варијанта спротивна од беариш продажба на covered call ;)
 
Последно уредено:
Не ги разбирам добро Опциите, знам дека се некој вид на осигурителни договори. Тргувањето со маргини(100 за 3$) е премногу ризично за мене, но сум чул дека добро заработуваат оние кои знаат да го менаџираат ризикот.;)
 
Купено NVDIA 170 Put Sept.2022.
Q2 Earnings излагаат за 10 мин. Да не предупредеа на слаб резултат ќе ги шортав .... :sneaky:
 
Последно уредено:
Купено NVDIA 170 Put Sept.2022.
Q2 Earnings излагаат за 10 мин. Да не предупредеа на слаб резултат ќе ги шортав .... :sneaky:
И арк ги дампнале... Шо знам... Фед пивот може да ги помати сметките...
 
АРК ги купи пред 5 дена и ги шитна денес со мејџр лосс". Не знам дали постои полош инвеститор на светот моментално од Кејти.
 
АРК ги купи пред 5 дена и ги шитна денсе со мејџр лосс". Не знам дали постои полош инвеститор на светот моментално од Кејти.
Абе виј, од Катеринчето идеите ги купив Стар сурџикал, одлични леќи прават, одлична фирма, скокнаа на 100 овај месец, ги купив на 60, криво ми е што не купив опции со мах левериџ. И тоа требаше ал ин да одам. Има катеринчето во фондот интересни фирми, бар две до три се одлични, ама глобално земено слабо и оди.
Е сеа да не сме офтопик, covered calls во основа не продавам јер прилично ризични ми се позициите (претежно екплорери на злато, анхеџед оил компании) и чекам на добра вест да скокнат нагло нагоре. Ако имам calls, ќе си ги изгризам ушите ако ги продадам кога ќе скокнат...
 
Кој брокер е достапен во македонија за трејдање акции/опции etc. ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom