Кога сум на работа прва смена станувам во 06 00, секундарно, во истиот момент кога ѕвони алармот. Кога би ме глеал некој од страна, би си рекол што и не оваа, зошто толку стресно го доживува утринското будење? Ко да има некој земјотрес или некое бомбардирање

Хм, едноставно не го сакам ѕвонењето на алармот и не дозволувам да ѕвони повеќе од 5 секунди. Генерално не сум личност која обожава да спие, така што често пати се будам уште пред алармот да изѕвони.
И прво гушкање со миленикот. Ако не се изнагушкаме ко што треба, немам право да продолжам со спремањето и да имам убав и изрелаксиран ден. После тоа, лична хигиена, спремам coffee to go, па прошетка кратка со миленикот, па доаѓам дома, се туширам, се спремам и излегувам.
Кога не се шминкам, доволно ми се 30 минути за све ова, кога се шминкам плус минус десетина минути.
На работа секогаш сум некоја минута порано. Не сакам да ме чекаат. Сакам принципиелност, ред, дисциплина.
Доручкувам дури во 10ч, пред второто кафе, а некогаш и покасно, во зависност од околностите.