Генерална дискусија за IT секторот во Македонија и странство (плати, даноци, барање работа, отварање на своја фирма)

  • Креатор на темата Креатор на темата zmej gorjanin
  • Време на започнување Време на започнување
Никој не може да ти предвиде како ќе биде ако треба допрва да ја запишеш, но во моментов имаш илјадници со завршена академија кои нема да почнат ни минута во ИТ.
Се е до тебе, ако се посветиш и станеш навистина добар, има шанса со многу труд и аплицирање да стигнеш до шанса за работа.
Имај во предвид дека на почеток никој не ти дава флексибилно работно време, висока плата, и да пребираш, биди среќен ако воопшто ти дадат шанса.
 
Мислам дека не пронајдов информации во врска со тоа што мене ме интересира. Претходно искуство во ит немам но сакам да навлезам во ИТ светот, сега незнам да речам од памет, завршуваш академија си научил тоа што си учел а работно искуство немаш, и така неможеш да најдеш работа, сега не земам во предвид македонска компанија, нека биде странска компанија што имаш флексибилно работно време и не работиш 9 to 5 job.
Исчитај ја оваа тема од последен пост наназад ќе ја согледаш ситуацијата на пазарот. Објективна или субјективна ќе си процениш сам....
 
Никој не може да ти предвиде како ќе биде ако треба допрва да ја запишеш, но во моментов имаш илјадници со завршена академија кои нема да почнат ни минута во ИТ.
Се е до тебе, ако се посветиш и станеш навистина добар, има шанса со многу труд и аплицирање да стигнеш до шанса за работа.
Имај во предвид дека на почеток никој не ти дава флексибилно работно време, висока плата, и да пребираш, биди среќен ако воопшто ти дадат шанса.

Впрочем, за сегде важи ова..
 
Впрочем, за сегде важи ова..
Во ИТ имаше период од неколку години со намалени стандарди и се примаше се и сешто, ама и таму се променија работите. Помина времето на квантитет, сега треба квалитет.

Мислам дека побрзо ќе влезе во некој занает во моментов отколку во ИТ, а верувам дека ќе заработи и повеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom