Монтажни базени

  • Креатор на темата Креатор на темата KamenLaden
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јануари 2015
Мислења
819
Поени од реакции
277
Здраво, не наидов на ваква тема па мислам дека треба да има. Сакам да купам монтажен базен со метална конструкција, димензии 366 х 76 или слично.
Како сте задоволни вие што веќе имате?
Сите совети и препораки се добредојдени.
 
Од каде купувате хлор, алгицид и друга опрема за базени? Каде има најдобри цени?
 
Од каде купувате хлор, алгицид и друга опрема за базени? Каде има најдобри цени?

Од продавнициве што ги продаваат/увезуваат имаат исти цени. Разлика може да има кај овие онлине реселери што продаваат се и сешто, па имаат разлика во цена за да направат ќар, што е и нормално.

Хлор и Алгицид: https://mtdgradina.mk/letna-programa/oprema-za-odrzuvanje-na-bazeni

А во однос на други цени Атлантик Комерц треба да е најдобар, мислам дека е најголем увозник за Интекс.
 
Здраво, не наидов на ваква тема па мислам дека треба да има. Сакам да купам монтажен базен со метална конструкција, димензии 366 х 76 или слично.
Како сте задоволни вие што веќе имате?
Сите совети и препораки се добредојдени.
Ја повеќе од 10 години користам такви! Првите три беа со обод на дување, овој последниов(трето лето му е) е со шипки! 366х99 е мојот и би ти препорачал за мала разлика да го земеш повисокиот.
Последно хлор зимав од Хубо маркет, претходни години од електро-метал и секаде кај што ќе најдев. Пола таблета во пловак, и само дотураш натриум-хиперхлорид(течен хлор 12%) навечер по 50-100ml. Користам ленти за тестирање од Аљи Експрес и прилично точни се.
Алгицид никад не сум ставил, ама понекогаш дотурам сода-бикарбона кога ќе му падне Ph под 7.
Кај тие базени, а посебно ако е на шипки, гледаш да биде на рамно, и тоа апсолутно рамен терен. Дали е песок, трава, земја не мења многу(постилаш под него секако)
Друго нз што те интересира?
 
И јас земав баш таков 366х99. Вчера го поставив, денес цел ден се грееше, па планирам утре да се бањам. Утре ќе барам и хлор со пловак да му ставам одма.
 
И јас земав баш таков 366х99. Вчера го поставив, денес цел ден се грееше, па планирам утре да се бањам. Утре ќе барам и хлор со пловак да му ставам одма.
Комбинација од таблети и течен хлор само! За таа количина од 7-8t вода, ја ставам пола таблета од големите, ама реално сонцето ќе го гори(разградува) хлорот преку ден, ако имаш тестери ќе видиш и сам. Затоа навечер/приквечер обавезно течен хлор и пумпата да врти.
Никад у живот не сум ставил ни па ќе ставам алгицид! Ако е водата правилно хлорирана и одржувана, алги нема никад ни да фати! Исто и за други средства и хемикалии…(од далеку ги избегнувам)

Едит: и заборавив да ти кажам… филтерот се пере! Да! На неколку дена со црево можеш убаво да го испереш, и цел месец(и пол) да тераш со само еден филтер!
 
Последно уредено:

Ќе земам тогаш и јас само хлор па ќе видам како ќе тера. Фала ти многу за информациите.
 
Јас па купувам хемикалии за базенот од една фирма Хидрос, кај полициската академија во Идризово е...

Далечку е можеби, ама па имаат се што ми требало до сега и многу коректни се, мојот базен е троа поголем од монтажните, 50м3 вода има па и поефтино ми излегува еднаш или два пати во сезона да пазарам хемија за него од Идризово.

Одржување (после шок хлор и филтрација после прво полнење во сезона) генерално таблети неделно во пловка или скимер (една таблета на 20-25тина м3 вода), усисување на подот пред секоја дневна употреба, по потреба Натриум Хипохлорит, алгицид и флокулант... тоа се има во таблетките веќе, ако има потреба се додава мала количина спрема тестерот како ќе покаже.

И да, ако се користи базенот фамилијарно и од луѓе со добри здравствени и хигиенски навики, минимум хемија е потребно. Секако покривање навечер и кога не се користи.
 
А да ве прашам дали да ја пуштам филтер пумпата и во денови кога не се користи базенот? И по колку часа во ден да е пуштена?
 
А да ве прашам дали да ја пуштам филтер пумпата и во денови кога не се користи базенот? И по колку часа во ден да е пуштена?
Во принцип викаат дека треба еден и пол до два пати да ја изврти водата во едно деноноќие.
Значи ако пумпата ти е 1600l/h*10h=16t што е два пати од вкупната количина вода во базенот и тамам според препораките.
Е сега во пракса и не мора секогаш да ти работи 10 часа! Ако никој не се бањал, или се бањале двајца, или чист е секако(итн итн) некогаш па и не мора да ја пуштиш, баш ништо нема да се деси! Некогаш ќе ја оставиш 5 саата, некогаш 8.
Пр.вчера не ја пуштив иако фамилијарно си го користевме базенот. Вечерва ја пуштив нешто после 21h и ќе ја оставам до сабајле(кој прв ќе стане тој ќе ја изгаси). Ем е ефтина струја, ем подобро навечер да филтрира. Реално нема правила, сам најубаво ќе си видиш…
Некогаш и денски ја пуштам саат-два да измеша топла-ладна вода, посебно ако е прекриен. Последнава недела ич не го ни покривам, ни денски ни навечер! Многу заебанција ми иде тоа покривање/откривање, и прежешко е времето секако. Гледав бар навечер да биде покриен, ама и тоа баталив!
Е сега @Yasho каже усисавање на дното…
Тоа е убаво и изводливо кај него со чистач, ама нашите базени се премали за таков чистач и имаат преслаба пумпа!
На неколку дена рачно ќе мора да го правиш и тоа. Имам рачна четка од интекс што работи на притисок од црево од водовод, и таман и го дополнувам…
Ме замрзи од пишување, другпат повеќе… :)
 
На површината почна да се појавува нешто бело. Од хлорот ли е тоа?
 
На површината почна да се појавува нешто бело. Од хлорот ли е тоа?
Сликни!
Мада ништо не смее да има. Правилно одржаван базен/вода, кристал треба да биде.
(Сега нормално па и некое ливче да има, бубачки обавезно се дават, ѓубре на дното да фати, раски во водата… се е тоа нормално, не е херметичка средина! Ама едно е тоа, друго е боја на површина…)
 
Нема никаква ронка во базенот, цело време го чистам и дното и хлор има и пумпата ја пуштам и цело време покриен е. Во базенот се бањаме само домашните, и тоа прво се тушираме па влагаме во базен:pos:
Еве слика (види таму кај сенката се приметува). Јас мислам дека е од хлорот.
9451D1A8-C8E5-4E07-9FC0-E864E6F1C9B0.jpeg
 
Нема никаква ронка во базенот, цело време го чистам и дното и хлор има и пумпата ја пуштам и цело време покриен е. Во базенот се бањаме само домашните, и тоа прво се тушираме па влагаме во базен:pos:
Еве слика (види таму кај сенката се приметува). Јас мислам дека е од хлорот.
Прегледај го приврзокот 339401
Да ти кажам право, ништо ни гледам, ни знам што да гледам…
(Ако го има утре, на ден сликни, сега е касно)
А тоа со бањањето… сите така правевме, ама ќе ти помине за брзо :pos:
Ќе видиш и сам, ќе престанеш да се замараш за брзо, и само тоа што е најнеопходно ќе го правиш, па и тоа со мака:pos:
 
Хахахахах… абе се приметува кога ќе зумираш таму кај што паѓа сенката од куќата. Иначе овие таблети ги користам

F8D671E5-4E84-4BEB-BA32-1651BE90029C.jpeg9A3C6F84-7217-487C-8DDC-03C03787D49D.jpeg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom