Владимир Полежина (Полежиноски)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Македонската јавност не знае кој е д-р Владимир Полежиноски, доктор на Сорбона, човекот што го понесе антифашистичкиот отпор во Кичевско, еден од творците на актите на АСНОМ и голооточки затвореник Владо Полежина е роден на 30 мај 1913 година во Кичево од татко Јонче и мајка Стефанка.

Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во Битола во 1932 година. По завршување на гимназијата во есента 1932 година се запишал на Правниот факултет во Париз, каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот Сорбона во март 1939 година на тема "фондови за изедначување на девизните курсеви". За време на студиите во Париз активно се вклучил во студентското демократско движење, а во 1937 година станал и секретар на студентското друштво во Париз.

Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара Југославија и служел во Требиње, каде што го затекнала и капитулацијата на кралството СХС. Во овие тешки години тој се вратил во родното Кичево, каде што токму тогаш Кузман Јосифовски-Питу ги формирал Месниот комитет на КПМ во Кичево, во октомври 1941 година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на работничката класа, а интелектуалците каков што бил Полежина, доктор на правни науки, не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. По заедничката средба и разговор, Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека Владо како убеден демократ и антифашист треба да биде член на МК.

Владо бил скромен и станал политички секретар во кичевската организација. Работејќи на подготовките во Кичево, заедно со повеќе свои другари бил затворен од италијанските окупаторски власти. Во мај 1943 година бил пренесен во концентрациониот затвор Порто Романо во Албанија. Во затворот останал се до капитулацијата на фашистичка Италија на 8 септември 1943 година. По враќањето во Кичево, активно се вклучил во Народноослободителното движење во првоослободениот град Кичево (11 септември 1943) во НОВ. Благодарејќи на неговата активна работа и резултати како и потребите бил повлечен да работи во Главниот штаб на Македонија на терен во Дебарца.

По Преспанското советување, Кузман Јосифовски-Питу требало да замине во Скопје за да се извршат подготовки за свикување на АСНОМ. Токму во силните борбени дејствија и завршните борби за ослободување на Македонија, Главниот штаб на НОВ и ПОМ се нашол во Врановци на слободната територија. Командантот Апостолски предлагал да се организира заседанието во манастирот "Свети Отец Прохор Пчињски" бидејќи сметал дека е безбедно место и дека единиците на НОВ ќе го обезбедуваат собранието. Тука биле Ченто, Полежина, Глигоров, Апостолски, како и Темпо и многу други раководители и членови на ГШ. Според сеќавањата на Киро Глигоров за придонесот на д-р Владо Полежина во создавањето на македонската држава, Глигоров вели: "На слободна територија, разговаравме за формирање на државата. Не знаевме што да формираме, сите се погледнувавме меѓу себе. Тогаш Полежина рече дека Русите имаат президиум, па и ние да формираме президиум и така и стана, вели Глигоров. Сите работевме, но се разбира Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ".

Иако Полежина целосно се вклучил во создавањето на македонската држава во власта и секако бил потребен во Македонија, веќе во март 1945 година бил коптиран во воена мисија на ФНРЈ во Франција, а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во Германија. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Тој тогаш бил унапреден во чин потполковник во југословенската војска.

Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември 1947 година па до резолуцијата на Информбирото во 1948 година, активно работел во Франкфурт во Германија. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.

Во јануари 1951 година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на Голи Оток на "Мермер", каде што останал се до април 1954 година.

По затворот се вратил во Белград и се вработил во Народната банка, а по кусо време и во Институтот за економски работи. Поради семејни причини во 1965/1966 година дошол во Скопје и се вработил во економскиот институт. Тука се сретнал, и работел во иста канцеларија со академик Никола Кљусев. Во кусиот разговор што го имав со академик Кљусев еве што то ми рече:

"На Заседанието на АСНОМ добро се сеќавам иако бев дете. Шетав во дворот на манастирот и ги посматрав загрижените борци. За Полежина знаев од документите, од прогласот на Президиумот, а кога дојде во институтот во Скопје особено бев радосен. Се сретнав со човек што знаеше многу. Од него научив многу работи. Беше мирен, тешко разговараше за поминатото време во Голи Оток, само понекогаш евоцираше спомени за Петре Пирузе и Лазар Соколов".

Полежина до крајот на својот живот беше благодарен на своите соборци од Кичево, Борис Грујоски, Борис Алексоски - Карче, Пецо Чингоски, Драгољуб Прјоски, Илија Топалоски Аврам, кои сторија многу тој да ја добие Партизанска споменица 1941 што ја заслужил.

Во јуни 1980 поради нарушеното здравје починува Владо Полежина еден од авторите на Декларацијата на АСНОМ . Во Кичево неговото име го носи основното училиште "д-р Владимир Полежиноски", како и улицата каде што е роден и живеел Владо. Починал на 16.06.1980 година.

%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%80_%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8.jpg
 
Трн: би ли кажал зошто Владо Полежаноски е бил во Голи Оток?
Да не би за таа проекто-декларациja?
 
Скоро сите што директно и јавно го форсирале ставот за независна Македонија биле на Голи Оток.
 
E Trn...
Koga ti vikam jas deka devizata na eden golem makedonec:so kroce,so arno i so malku kjotek: i samo makedonec e mnogu ispravna za ovoj narod ovde?Mnogu kodoshi ima...mamicu im .... jarecu.
Ovoj Polezina e zrtva na kodos,na nekoj neizmien i nepismen selanec koj sto cuval epoleti u skafot,pa se setil deka nema da moze da napreduva po hierarhijata na 'sistemot' posto Polezina e obrazuvan covek...
pa napisal edno cudo 'dokumenti' za negovata 'antinarodna' dejnost,i slucajno go primile nasiov covek kaj ruskoto atase u nezgodno vreme...pa preventivno koski ostavil na Goli Otok...
Od glavata si patime...ti vikam jas...
 
Затоа треба да се идентификуваат и да се стават јавно на столот на срамот, да јаде солена риба, да крши камен цел ден и да моли за капка вода...Пример за другите...како ѓавол од крст ќе бегаат после и ќе ќутат...ама ајде...
 
Затоа треба да се идентификуваат и да се стават јавно на столот на срамот, да јаде солена риба, да крши камен цел ден и да моли за капка вода...Пример за другите...како ѓавол од крст ќе бегаат после и ќе ќутат...ама ајде...

Сосема те поддржувам за ова,но...јас како што гледам ние кодошите не ги посрамотуваме или ги ставаме на солбот на срамот туку за претседатели ги избираме - Киро Глигоров :smir:

...жално
 
Ovoj Polezina e zrtva na kodos,na nekoj neizmien i nepismen selanec koj sto cuval epoleti u skafot,pa se setil deka nema da moze da napreduva po hierarhijata na 'sistemot' posto Polezina e obrazuvan covek...
pa napisal edno cudo 'dokumenti' za negovata 'antinarodna' dejnost,i slucajno go primile nasiov covek kaj ruskoto atase u nezgodno vreme...pa preventivno koski ostavil na Goli Otok...
Od glavata si patime...ti vikam jas...

Полежиноски е жртва на еден "патриот" чие име го носaт улица и училиште во Скопје.
 
Полежиноски е жртва на еден "патриот" чие име го носaт улица и училиште во Скопје.

Кажи за кого се работи. Треба да се трудиме да престанеме да збориме во загатки. Тоа е стил на многу луѓе и треба да се менува.

ИНТЕРВЈУ: НОВИЦА ВЕЛЈАНОВСКИ, ИСТОРИЧАР


...Кои се автори на Декларацијата за основните права на граѓаните, во каков дух е направена таа?

- Документите што биле презентирани (извештај, реферати) и усвоените решенија се подготвувале колективно од најтесното раководство на НОД во Македонија, се разбира, со претставници од југословенскиот врв. За нив се разговарало и нормално било што се појавиле и спротивставени мислења. Некои приговарале што во конципирањето на решенијата на АСНОМ како основа биле користени документите од АВНОЈ, иако биле вградени и македонските специфичности. Значи, не било направено обично преповторување на истите. Во подготвувањето на некои од нив придонес имале интелектуалците со правно образование, пред се мислам на д-р Владимир Полежина, доктор на правни науки од Сорбона. Тој, покрај другите документи, придонесол за формулирањето на Декларацијата за основните права на граѓанинот, по примерот на некои права афирмирани во француското општество. Таква декларација не усвоил АВНОЈ, не усвоиле и некои други земски собранија, па така таа е специфичен документ за Македонија како повеќеетничка држава.


Дали македонската држава во сите подоцнежни промени, мислам на донесувањето на новите устави, закони и слично, го задржува духот на АСНОМ?

- Изворните решенија на АСНОМ постепено се напуштани. Тоа најпрво се наложило поради зацртаниот курс кон централизацијата на власта во југословенската федерација и не е случај само со решенијата на АСНОМ. Македонија, исто така, била маркирана како "сепаратистичка", па уште во почетокот на 1945 година од министерот на конституантата на ДФ Југославија била побарана ревизија во областа на составот и работата на Президиумот на АСНОМ. Наводно, тој бил гломазен и неефикасен, па било формирано Работно тело при Президиумот со потесен состав и поинаква структура. Тоа тело презело некои ингеренции поголеми од Президиумот со кој раководел претседателот Методија Андонов-Ченто. Работата на Президиумот била стеснета, иако тоа не го предвидувале документите на АСНОМ. Вакво тело не било формирано во АВНОЈ ниту, пак, во другите републики-членки на федерацијата, па оттука може да се види дека целта била поинаква. Работното тело ја маргинализирало работата на Президиумот на АСНОМ, кој имал и законодавна и извршна функција во вршењето на власта.

Во таа смисла, како последните уставни промени врз основа на Охридскиот договор кореспондираат со АСНОМ-ските решенија?

- За некои прашања кореспондираат. И на заседанијата на АСНОМ националните малцинства имале право и говореле на својот мајчин јазик. Тоа се случувало и во рамките на Уставотворното собрание на Македонија во 1946 година. Декларацијата на АСНОМ за правата на граѓанинот, покрај други, го гарантирала и тоа право. Мој впечаток е дека отпорот кон последните уставни промени врз основа на Охридскиот договор произлезе од начинот на кој е дојдено до тие промени. Ова не го измислувам јас, туку лидерот на најголемата опозициона политичка партија на Албанците во Македонија изјави дека "во предност се тие што на власт дојдоа со војна".

Кога сме кај воениот конфликт што доведе до Охридскиот договор и до промените во Уставот на Р. Македонија, мислам дека некои работи за науката останаа докрај неразјаснети. Имено, за научно објаснување треба поголема временска дистанца, но и достапност на документите од тој период. Имам впечаток дека премногу сме свртени кон меѓународниот фактор во обратна насока од онаа во 1945 година, а со тоа покажуваме дека работите не можеме да си ги решаваме сами, па секогаш ни треба помош. Нешто слично се случува во последно време и со територијалната организација на Македонија, која многу се исполитизира. АСНОМ утврдил двостепена административно-територијална поделба (прво четири, а потоа три области). Тоа ја усложнувало администрацијата, но немало делби по етничка основа.

Сега имаме граѓанско општество, одбегнуваме да ги употребиме зборовите "територијална поделба", ги заменивме со зборовите "територијална организација", а всушност имаме меѓуетнички делби. Во развиените земји традицијата е важна работа, но кај нас не е така. Секој што доаѓа на власт мисли дека треба нешто да промени, па макар и кон полошо. Немаме изградено традиција да го задржиме она што е добро.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2521&stID=37398
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom