- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 22.399
- Поени од реакции
- 38.959


Поради веќе доволно пријавени случаеви на акутен хепатитис кај децата од непознато потекло и со уште почудно однесување на новиот вирус на хепатитис, не се сомневам дека ова би било иден здравствен проблем што би идело паралелно со пандемијата со коронавирусот, па една подтема тука да се следи уште една форма на „чуден вирус“ (намерен, ненамерен).
ECDC работеле со тимови во секоја од земјите што известувале за случаи, заедно со СЗО и други клучни партнери за поддршка на тековните истраги, во текот на месец април, агенцијата продолжила да ги споделува сите достапни информации со земјите преку својата мрежа за хепатитис и со клиничките организации Европската асоцијација за проучување на црниот дроб( ECDC) и Европското здружение за клиничка микробиологија и заразни болести ESCMID.
Случаи на акутен хепатитис со непозната етиологија кај деца (претходно здрави) пријавени биле во Данска, Ирска, Холандија, Шпанија, Англија, Германија.
Случаите во Англија клинички биле претставени со тежок акутен хепатитис, со зголемени нивоа на ензими на јетрата (аспартат трансаминаза (AST) или аланин аминотрансаминаза (ALT) повеќе од 500 IU/L) и многу случаи биле со жолтица, некои од случаите пријавиле гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи абдоминална болка, дијареа и повраќање во претходните недели, повеќето случаи немале треска.
Некои од случаите неопходно им била грижа во специјализирани детски црнодробни болници за трансплатација, се уште е непознато и се испитувало инфективниот агенс или можна токсична изложеност, но не била идентификувана поврзаност со вакцината за Ковид-19, а деталните информации собрани преку прашалник за случаи за храна, пијалоци и лични навики не успеале да идентификуваат вообичаена изложеност.
Токсиколошките испитувања биле во тек, но заразна етиологија се сметала за поверојатна со оглед на епидемиолошката слика и клиничките карактеристики на случаите.
Лабораториските испитувања на случаите го исклучиле вирусниот хепатитис од тип А, Б, Ц, Д и Е во сите случаи. Од 13 случаи пријавени од Шкотска за кои имало детални информации во врска со тестирањето, три биле позитивни на инфекција со САРС-КоВ-2, пет биле негативни и два биле документирани дека имале инфекција во трите месеци пред презентирањето. Единаесет од овие 13 случаи имале резултати за тестирање на аденовирус, а пет биле позитивни.
Здравствените власти во ЕУ започнале глобална истрага за појава на непозната варијанта на вирусот на хепатитис, која била откриена кај деца во повеќе земји, многу деца биле хоспитализирани над 200 деца биле инфицирани со ова непозната варијанта на хепатитис вирус на 17 деца им била потребна трансплантација на црн дроб, а најмалку едно дете починало.
Не знам што прави нашиот Институт за јавно здравје, новинарите, ТВ, нема никакви информации, инфективна на колективен одмор, се штрајкува, се слават празници, сите отсутни, ништо не функционира, а ваму нешто чудно се случува, па како обично ќе не снајде повторно неспремни, дали воопшто има такви случаеви кај нас, следи ли некој?!
Официјалните претставници на ова нова глобална проблематика имале пет работни хипотези за тоа што ја предизвикува појавата на акутен хепатитис:
„...
Првата и најверојатната причина, според извештајот од ОК, е постоењето на „кофактор“ што ги правел нормалните случаи на аденовирусот потешки кај децата. Кофакторите можеле да бидат неколку работи:
- недостаток на претходна изложеност на аденовирусот за време на пандемијата,
- претходна инфекција со SARS-CoV-2,
- коинфекција со SARS-CoV-2 или токсин, лек или фактор на животната средина.
Во извештајот се вели дека е можно, но помалку веројатно, децата да се инфицирале со нова варијанта на аденовирусот, некој друг нов патоген или нова варијанта на SARS-CoV-2, но можеби не морало да биде вирус што ја предизвикувал болеста и дека наместо тоа може да биде непознат фактор на животната средина. Вакцините биле исклучени.
Но, некои деца како пациенти доживеале и акутна црнодробна инсуфициенција, барајќи итна трансплантација на црн дроб, што не е вообичаен одговор на аденовирусната инфекција.
Ричард Пебоди, кој го предводел тимот на Светската здравствена организација (СЗО) за патогени со висока закана во Европа, укажал дека родителите не треба да паничат, таквите случаи сè уште биле многу ретки, но родителите треба да бидат внимателни за знаци дека нивното дете развива симптоми како жолтица: жолти очи и кожа и/или темна урина, повраќање, абдоминална болка и бледа столица.




Како и да е, децата според календарот за задолжителна вакцинација ја примаат хепатитис вакцина уште при раѓање, што е ова нов вирус на хепатитис кај децата од непозното потекло останува да видиме дали тоа ќе биде новата пандемија што и Бил Гејтс ја опишал (намерно или случајно) во својата книга останува да следиме и видиме!


П.С
највисока можна хигиена на рацете и внимавање каде се јаде и што со исхраната во гигиенски услови би биле многу пожелни при ваква уште неиспитана појава на акутен хепатитис кај децата, што пак кај возрасните не би имало? вирусот одбира каде да удри? дали тоа е поврзано со пост Ковид19 прележување или нешто друго ќе видиме изгледа набрзо!
Последно уредено: