Пресвртница за Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
А зашто да нема поделба на Косово? ЗСО ќе биде камен околу вратот на Косово, исто како што вие сте ни на нас.
Па не е толку едноставно да се дели држава, пак ќе останат територии со мешан народ, ќе останат езера за вода, инфраструктура итн.
Не живее таков народ тука што може да се договара за такви работи, да беше таков немаше да доаѓа темата до поделба.
 
Дружо он го прави токму тоа што сакаме да се постигне во Слупчане, Грчец и Арачиново.
Плаќање на сметки, владеење на правото, почитување на државата кај која живеат.
Или вие сте дволични и вие не гледате што е очиглесно.
Седи намовнав од ова што го прочитав.
 
Седи намовнав од ова што го прочитав.
Па се шегував малце, нормално, кај си видел србин да се занимава со криминал, или да не плаќа струја, или да не почитува друга нација.
Автоматски споено мислење:

Па, не знам колку казните што стигнаа од Америве како исклучување од НАТО вежби, враќање на визи кон ЕУ, и дозволување на српската дипломатија да работи слободно на повлекување на признавања на Косово е небитно.

Вучиќ се има помирено дека ќе го признае Косово. Нему поентата му е да се исценка за Црна Гора, Босна, па дури и Македонија. Јас сум сигурен дека е спремен и да се откаже и од Србите од северот, ако добие се друго. Проблемот на Косово е што нема со што да се ценка, особено зошто ми изгледа дека Рама не сака да го поддржи Курти во планот.
Да, сосема е јасно дека нема со што да се исценка, он ги има само гласачите, сега веќе уште повеќе, нема шанси опозицијата да го симне од власт.
Не е фер ама сепак Србија е во подобра позиција иако искасапила пола балкан само посчедните 30 години, далеку од тоа дека западот е фер, тоа го знаеме сите.
 
Последно уредено:
Па се шегував малце, нормално, кај си видел србин да се занимава со криминал, или да не плаќа струја, или да не почитува друга нација.
Не сфаќаш дека колку повеќе одговараш на ова и ја раздлабочуваш темата се повеќе се закопуваш себе си?

Очајните обиди да ја префрлиш топката на тоа дали србин се занимава со криминал ти се во најмала рака смешни...
 
тоа што сакаме да се постигне во Слупчане, Грчец и Арачиново.

Официјалната статистика за неплаќање на данок и струја во тие делови е од 2001-ва па наваму. Кај бевте 20 години и всушност, кoи сте тоа вие што сакате да почне да се плаќа данок и струја во албанските делови?
Автоматски споено мислење:

Па не е толку едноставно да се дели држава, пак ќе останат територии со мешан народ, ќе останат езера за вода, инфраструктура итн.
Не живее таков народ тука што може да се договара за такви работи, да беше таков немаше да доаѓа темата до поделба.
Може држава да се дели. Се делеше Србија, се делеше Судан, Етиопија, Грузија, Украина... Индонезија.
 
Рама ја откажа заедничката владина седница со Косово, „не е момент да создаваме лажна слика за тоа што се случува во Приштина - Слободен печат (slobodenpecat.mk)

Курти се донесе во ситуација да нема поддршка од сопствените сонародници, што е нешто што не верувам дека му успеало на албански политичар од потпишувањето на Призренската лига до денес.
 
Што мислиш ќе заврши како Никола некаде во Норвешка или ќе му пресудат косоварите на улица?
 
Што мислиш ќе заврши како Никола некаде во Норвешка или ќе му пресудат косоварите на улица?
Ни едно, ни друго. Нема овој насобрано толку политички капитал, за да ги прави работиве што сака да ги прави. Едноставно ќе го заменат со некоја широка коалиција сите против него. Како радикалите во Србија што ги чуваа изолирани од власт.
 
Пошто ја спомна Македонија у прошлиот пост, сакам да те прашам за каква интерес сметаш дека ВучиЌ би се "борел" за земјава? Каков интерес има за Македонија? Мислам океј, се гледа дека после корона кризата и сите работи што ги направи (масло, брашно, струја итн) просечниот македонец го обожава Вучиќ но според тебе што мислиш, што Вучич сака од земјава?
 
Да биде во српска сфера на влијание. Да може српската власт кога тргува со влијание (меѓународната политика не е ништо повеќе од тоа) да рече, договорете со мене, и јас сум ви ги договорил и Црна Гора, Босна, Македонија.

Нешто како градоначалниците од југоисточна Македонија пред 10-15 години. Сите беа вмровци, сем Заев. Ама немало средби поврзани за југоисточниот плански регион во кој сите останати градоначалници, кога ќе стигнеле на ред да зборат, не викале: “Тоа што господинот Заев го побара за Струмица, тоа го сакаме и за нас“.

Настрана економското и влијанието врз културата што несомнено го имаат, и е невозможно да го немаат.
 
Акција полиције у централној Србији, ухапшени косовски специјалци
 
Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца вооружени косовски специјалци на територијата на Централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС, пренесуваат српските медиуми.

За оваа акција итно бил известен шефот на државата, Александар Вучиќ, кој присуствувал на приемот по повод одбележувањето на Денот на Русија.

Како што пренесуваат медиумите, приведени се Рифат Зека, Беќир Сефа и Мустафа Шем.

Рифат Зека, Беќир Сефа и Мустафа Шем, glhf.
 
Сите турск..*пардон* Скендербегови имиња, ко Репош, Станиша и Ѓорѓија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom