FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
#4 Хрватска
Kako je počeo rat na mom otoku (1997)

Филмов беше најгледан хрватски филм од осамостојувањето на Хрватска со преку 300.000 гледачи. Не сум сигурен, ама мислам дека и ден-денес го држи рекордот. Режисер е Винко Брешан кој има уште два филма во топ 10 најгледани од осамостојувањето.

Ова ми е досега трет гледан филм од режисеров и не го сфаќам целиот хајп околу него и неговите филмови. Koja je ovo država! (2018) му е страшна глупост, досадно, без поента; 'Svećenikova djeca' (2013) поодамна го имам гледано и паметам дека беше доста смешен сè некаде до половина час пред крајот кога филмот од забавна комедија се префрли во трагедија и ме напизди да му ставам просечна 6/10, а 'Kako je počeo rat na mom otoku' не ми е јасно како некому му е hillarious, како има 3.8/5 на ЛБ, ниту пак како успеал да собере 300.000 гледачи во кино.

Дејството го опиша и Џони погоре. Филмов сакаат да го претстават ко комедија, а од комедија едвај К има. Два пати ме насмеа во 100 минути. Скоро ништо саглам не видов во цел филм.

Интересен беше Рене со шпонскиот акцент во тие две сцени кај што збори.
Хрвативе на Летер мислат дека зборел македонски. :tapp:
1649629638318.png

1649629717257.png

1649629750151.png

Сериозно се толку глупи Хрвативе или јадат гомна пошто станавме шпонска земја?
Оцена 2/10.
 
Следен Youtube хрватски филм за мене е

Не знаев дека се смета за prequel на Metastaze, ете сега дознав.

Филмов исто ми е претходно гледан, и според оценката на Летербоксд сеуште го делам истото мислење.

Филмот одработува гостување на навивачите на Динамо Загреб, Bad Blue Boys во Белград против Црвена Звезда и нејзините Делије. Претставен е односот меѓу хрватското и српското население за време на Југославија во 80те години од минатиот век :masa:, нивната омраза, но и поврзаност.

Како љубител на фудбалот и навивачкиот свет, филмот ме привлече иако не е никакво маестрално дело на кое треба да му се обрне внимание. Мислам дека ако се сними филм за обратното гостување за кое се смета како почеток на граѓанската војна во Југославија, би кренало повеќе прашина.

Ај едно 7.5/10 да сум паралелен со Летербоксд.
 
The Constitution (2016)

croatia.png

Не можам да кажам дека нешто на газ паднав од филмов, ама океј, беше гледлив држеше внимание. Обработува класична тематика за овие простори, нешто што мене баш и не ми се допаѓа зашто активно одбегнувам вакви социо-политички теми и ме замараат искрено, па баш и не сакам на филм да ги гледам. Глумата беше маестрална и ми се допадна, ликовите исто лајкабл, иако имам замерка за непотребното комплицирање во врска со тоа што сакаат станот да му го земат(?), некако ми беше вишок и не сфатив што беше поентата на тоа, само се даде негативна димензија на единствениот лик што беше вистински добар во филмот. Балканците секогаш знаат да усерат добар филм со вакви егзибиции, но добро. Ликот на Вјеко типично лингурско - човек што цел живот е вреѓан и понижуван за тоа што е, вреѓа и понижува други за тоа што се. Јас поштовам и се дружам со гејови, ама со вакви педерчиња не. Тој па стариот мислеше од УДБА дека се комшиите лол. Што и да сакаше да постигне филмов, кај мене не постигна, ама глумата ми беше маестрална, а вожњата ми беше океј па не ми остави ТОЛКУ лош впечаток колку што се чини.

6/10
 
Последно уредено:
11. H-8... (1958)

1649701002369.png

Какво ежење! Фала @moongoses за предлогот, фала @Shawn Spencer за рецензијата! Првично ова не ми беше планирано да го гледам, иако знаев дека го избрале за најдобар хрватски филм на сите времиња, но не знаев ништо конкретно за него до предизвиков. Затоа беше вистинско изненадување за мене. Ова е еден од најоригиналните балкански филмови кои ги имам гледано воопшто! А ништо не наговестува дека ќе биде така: почнува со наратор чиј глас е ко да чита некој вести на радио, и уште на самиот почеток на филмот ни го кажува крајот: во несреќа на автопат (која навистина се случила и била инспирација за филмов) за која е виновен возач на автомобил кој избегал од местото на настанот и никогаш не го откриле кој е, загинуваат 8 лица, меѓу кои и едно дете :( . И не, ова не е никаков спојлер, зашто ќе го дознаете на самиот почеток на филмот, а всушност таков е крајот на истиот. И сигурно мислите: па што имам да гледам, како што си помислив и јас. Ама не е баш така. Во текот на тој саат и четириесетина минути се запознавате со патниците на автобусот и камионот, навивате за едни, посакувате други да се меѓу настраданите, сакате да има некој холивудски крај со плот твист во кој некако чудесно сите би се спасиле, дури и разработувате можни начини на кои би можело да се случи тоа (зашто уште од самиот почеток знаете на кои седишта седат луѓето кои умреле во несреќата, па посакувате некако тие да останат празни...). Ама на крај, како и што обично се случува во реалноста, удира јако! Инаку си имав разработено и план кои осуммина треба да умрат: прв крадецот, втор актерот зашто беше тежок douchebag, трет типот што седеше до човекот на кој детето му даде писмо, потоа тие двајца што цело време спиеја зашто воопшто не ми беше гајле за нив, па двајцата патници во камионот (без детето, нормално) - тоа се 7. Од децата, секако, не сакав ни едно да умре, иако знаев дека едно мора, што всушност и ми падна најтешко. Она што искрено многу ме восхити беше звукот - снимкава што јас ја гледав, инаку ТВ рип од HRT, беше со почист и поубав звук од сите наши филмови собрани заедно! Сто пати сум го рекол ова дека во нашите особено постари филмови најголеми замерки имам за звукот - ништо не разбирам што зборуваат, иако зборуваат на македонски, па честопати псујам зошто воопшто нема никаков превод. Кога го гледав Samo jednom se ljubi, го гледав со англиски превод иако и таму не ми требаше многу, но тука немав никаков subtitle, а буквално се разбрав, секое зборче, секоја ситница.

Прејака студија на карактери, преубав филм! Најтопла препорака за сите! Чиста ко солза 10/10!

EDIT: Морам и ова да го додадам на крај, дел од една рецензија на Letterboxd:

1649703175200.png
 
Хрватска изгледа ќе ја поминам низ ретроспектива на нивната навивачка сцена хаха.

Овој пат,

Секс, пиче, крвопроличе. Филмов го имам гледано според Youtube, други спомени немав баш,освен на моментите со босанецот. Такви се босанците, впечатливи луѓе.

Приказна за случките меѓу навивачите на Динамо З. и Хајдук пред нивна дерби утакмица. Не ми се пишува повеќе.

Хрватскиве филмови испаднаа потешки за наоѓање од македонските на нет.

Ај едно 5/10 оти го изгледав колку за челенџов.
 
Vegetarian Cannibal (2012)
Ljudozder vegetarijanac

MV5BMTQ5MDM3MzUyMF5BMl5BanBnXkFtZTcwODkxMzI2OA@@._V1_.jpg


Рене Биторајац е главниот актер во улогата на гинеколог доктор Данко Бабиќ. Ова е мрачна трилер драма за корупција во здравствениот систем. Покрај тоа е прикажан и трулиот систем и како полицијата е истотака вмешана во сплетки, корупција, криминал, мафија, подземје.
Сепак здравството е во прв план, како доаѓа до грешки и како истите се прикриваат и заташкуваат, какви игри се играат и што се се случува зад затворени врати.
Ова и кај нас го има, кога се прашуваме како умираат родилки и како поради ситни лекарски грешки луѓе ги губат животите.

Добар филм, држи внимание.

7/10
 
Кај ги наоѓате филмовиве? Дајте некој асален торент сајт.
 
#5 Хрватска
Breza (1967)

Рангиран на петто место според критиката, филмов е сместен во некое забутано ридско село, каде што eдна млада жена по име Јаница, вита и бела ко бреза (оттаму и насловот), умира и додека трае погребот, ликовите во поворката се присеќаат на неа и дознаваме за тоа каква била и како ја третирале тие околу неа додека била жива.

Главната женска не ми е позната, а покрај неа глуми Бата Живоиновиќ и Фабијан Шовагович (стариот од нашиот 'Хај-Фај' и пријателот на камионџијата во 'H-8...'), останатите актери не ми се познати, максимум уште 5-6 ако има актери, другите се селани од местото кај што е сниман филмов.

Глума - Шовагович изглуми одлично, Бата беше ок, селаниве на моменти ми беа кринџ. Една од бабите во сцена кај што требаше да плаче, звучеше и изгледаше ко да се смее.

Содржински не ми се нешто посебно допадна филмов, а го изгледав зашто видов дека има BluRay рип што за екс-ју просториве е ретка ствар.

Инаку филмов го гледав со англиски превод зашто се збореше на некој дијалект што ептен ми звучеше ко словенечки и на моменти ми беше неразбирлив. Имаше фрази како: 'Ti se meni jako zdopadaš'; 'šta ima da divanimo (што има да разговараме); bom došel (ќе дојдам), betežna (болна), rubec (шамија) и најјакото нешто што го слушнав -> cucek е куче, а pucek е девојче. :LOL:

Технички беше ок, па нека биде од мене 5/10.
 
Низ Славонија зборат вака, другите зборови не ми се познати.
Славонија - Словенија, нијанси се во прашање. :D

Имаме поддржано хрватски филм што полани се снимаше со наслов 'Nosila je rubac črleni' што кај нас го преведуваа 'Таја носеше црвена шамија'. Филмов е снимен во Загорје, регион на граница со Словенија.
Претпоставувам од таму и сличноста со словенечкиот.
 
Имате уште 2 и пол дена да се прошетате низ Хрватска, после одиме до уште една мала државичка, само не верувам дека ќе биде до толку тешко да се најдат филмови како што беше со Азербејџан.
 
Рондо (1966)

Ова е прв филм на Звонимир Берковиќ. Снимен е по негово сценарио, а негово е и сценариото за Х-8.
Судејќи по овие два филма, ќе испадне најдобриот хрватски сценарист и автор.

Тројца глумци околу шаховска табла во еден стан. И целото дејство се врти околу таблата. Како рондото.
Секое неделно попладне судијата (Стево Жигон) доаѓа во домот на младиот брачен пар да игра шах со сопругот (Реља Башиќ). Сопругата (Милена Дравиќ) им вари кафе и спрема нешто за јадење и додека ги поместуваат фигурите на таблата сите тројца си прават секојдневни муабети. На почетокот срамежливо, потоа поопуштено и малку по малку почнуваат да се јавуваат симпатии помеѓу гостинот и сопругата, а со тоа и да се јавуваат компликации.

Една навидум бавна психолошка драма, која навидум се врти во круг и притоа многу цврсто го врзува вниманието.

Одличен е филмов од секој аспект, да не набројувам поединечно.

Ако веќе не е влезен, заслужува место во секоја филмска антологија, а јас продолжувам со делата на Берковиќ.

п.с. Главниот лик ми личеше како да му е татко на Мадс Микелсен :)

vlcsnap.jpg
 
12. Ta divna splitska noć / A Wonderful Night in Split (2004)

1649779709595.png

Овој филм го меркав уште пред 5-6 години, тогаш го имаше на HBO OD и HBO GO (иако сега го нема веќе), но ме одвраќаше тоа дека е црно бел. До душа тогаш мислев дека е постар филм, зашто црно-бел нели, но всушност бил филм од 2004, што ми беше малку чудно, да бидам искрен. Филмот е еден вид антологиска комедија-драма, во која три приказни кои се случуваат истовремено, на дочекот на една Нова година во Сплит, се испреплетуваат и надополнуваат на еден извонреден начин и на крајот создаваат една навистина интересна целина. Малку ми сметаше светлото во филмов, зашто беше прејако секогаш и ко да им доаѓаше од зад грб на ликовите понекогаш, па создаваше чудни сенки. Но филмов беше сосема гледлив, со еден интересен балкански хумор од кој на моменти се смеев ко луд:

особено во сцената со сексот на кујнската маса - и двајцата толку внесени во сексот, уживаат, а на оваа и текнува дека ќе и загори сармата, па типацов сосе маса ја помести до шпоретот без воопшто да престанат со сексот и оваа фино лепо си ја промеша сармата да не и загори! :pos: :pos: :pos: :pos: Се засркнав, ќе се задавев од смеа. Една од најјаките секс сцени што сум ги гледал во животот.

Подоцна, типот што потсеќаше на Пикац од Vratice se rode: му оди на тој дилерот-макрото со понуда да најдат женска за една вечер со морнарите. И овој негодува, па Пикац да го убеди: „da o-о-о-ni oce, ja bi dao mo-mo-mo-ju g-g-guzicu, ali nece“ :pos::pos::pos:

Многу интересен филм, забавен, тотална спротивност од првите 2 што ги гледав, ама и овој одличен. По малку со целата таа дрога и животот на неколку несреќни луѓе на кои истата им застанува на патот, ме потсети на Trainspotting. Испадна Хрватска полн погодок! Најтопла препорака и за овој филм! 8/10

P.S. А, да, и да не заборавам: во филмов глумат Дино Дворник и Coolio („Gangsta's Paradise“)! :vozbud:
 
#6 Хрватска
Deveti krug (1960)

Филм на словенечкиот режисер Франце Штиглиц, кој кај нас ги има режирано „Волча ноќ“ и „Виза на злото“ (одлични филмови по мене и мислам во топ 20 македонски филмови ги имам пишано).

Во филмов станува збор за едно хрватско семејство кое сакајќи да ја заштити ќерката на своите семејни пријатели Евреи, од усташите, ја мажат за нивниот син единец Иво. Кај него се јавува револт, почнува да губи пријатели, женската што ја свиѓаше му се скара, ама после тоа смекнува и се јавуваат искри кон венчаната „сопруга“.

Улогата на 16 годишната девојка Рут ја игра Душица Жегарац која и во реалниот живот кога ја добила улогава имала само 16 години. Ако добро се сеќавам Коле Ангеловски во својата автобиографија имаше кажано дека бил во иста класа со неа и спомна дека буквално првата улога за филмов ја добила на улица, ја приметил некој од техничкава екипа на улица, кога се враќала од школо, ја викнал на пробно снимање и ја добила улогата.

За разлика од Анонче што вика дека била најлошата глумица на свет и не покажувала емоции кај што требало да плаче, мене ми беше ок, едино приметив некои дупки во сценарио каде што дечково ја нејќеше, се расправаше со неа до точка да сред ноќ таа побегна на улица, и утредента оп почна да пројавува чувства кон неа, али освен тие неколку сценаристички дупки, друго немам замерка и му давам 7/10.
 
13. Deveti krug / The Ninth Circle (1960)

1649796207358.png

Уште еден прекрасен хрватски филм! Вториот кој бил номиниран за Оскар - „Deveti krug“ на Франце Штиглиц, режисерот на нашите „Виза на злото“ и „Волча ноќ“. Станува збор за едно хрватско семејство кое се обидува да заштити една девојка - Еврејка, на почетокот од Втората светска војна кога во Хрватска е про-фашистичкиот усташки режим на власт. Ја заштитуваат со тоа што ја мажат за својот син - Иво, кој најпрво се согласува на целата таа претстава, но кога ќе почне тој брак да му смета во неговиот живот, за малку не го загрозува животот на Рут, неговата „сопруга“. Филмов многу ме потсети на холивудските филмови од тоа време - ја имаше истата таа театралност во глумата, музиката како во преден план, како еден од двигателите на дејството... Видов дека @Anon напишал рецензија дека му сметала глумата на девојката. Морам да се согласам дека и мене на моменти тие нејзини фацијални експресии ми беа чудни, ко да не знаеше да долови конкретна емоција потребна во еден момент, но по сцената
кога истрча како луда од куќата и си играше како мало дете во паркот додека градот беше бомбардиран
, некако поинакво објаснување дадов на нејзините прикажувања на емоции - девојката беше на раб на нервен слом: затворена по цел ден дома, не знае што се случува со нејзиното семејство, заљубена во Иво а не смее да ја покаже љубовта, и во постојан страв дека и нејзе може да ја собере тајната полиција на Усташите - можеби затоа и се смееше кога не требаше да се смее. Или можеби само јас сакав да верувам дека е така, за да биде се перфектно тука. Но и без тоа - „Deveti krug“ е одличен филм! Уште едно ремек дело на југословенската и хрватската кинематографија кое сосем заслужено било номинирано за Оскар. Младиот Борис Дворник во улогата на Иво тука рас-ту-ри! Сценариото и режијата се преубави - толку многу метафори има со
влегувањето на Иво во логорот на крајот и потрагата по Рут
ме потсети и на Дантеовиот Пекол, со сите кругови низ кои треба да помине за да стигне до неговата сакана, но истовремено и на митот за слегувањето на Орфеј во подземјето за да ја најде својата љубена Евридика. Совршена аналогија имаше тука, прекрасна симболика! Навистина ова е едно мало ремек дело кое мора секој да го погледне. 9/10 од мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom