Спинална анестезија искуства

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.458
Поени од реакции
5.612
Се правев операција од ингвинална хернија. Операцијата помина во најдобар ред меѓутоа сега имам еден друг страшен проблем.
Имено ми ставија спинална анестезија односно локална со која бев отрпнат од половината надолу.
Првите два дена додека ме клукаа со инфузии и кетонал не чуствував ништо.
Само што се вратив дома и почнаа главоболките.
Штом стојам исправено ме фаќа страшна главоболка. Ако легнам се смирува.
Не можам основни работи да правам. Не можам ни да седнам да јадам на маса од главоболка.
Еве сум трет ден дома главоболката не е намалена!
Ми сугерираа да пијам течности богати со кофеин. Пијам по 4 кафиња и 2л. Кока Кола.

Причина за сево ова е инјектирањето во рбетот. Истечена е церебрална течност и кога сум исправен нема доволно течност во черепот за мозкот да плива во него при што се јавува главоболка.
Проблемот мо е што изгледа не ми запира течењето од епидурслното прободување кое го направи проклетиот анестезиолог.

Ве молам кажете искуства дали сте имале некој оперативен зафат со Спинална анестезија и колку време ве држеле главоболки?
Ова е страшно. Раната скоро и да не ме болиа али главата тоа е страшна болка. Не можам ни да се истуширам.
Не можам дс се избричам.
Ме направија Инвалид.
Страв ми е од кревет да станам.
Благодарам.

Sent from my LG-H872 using Tapatalk
 
Да. Главоболките се чест side effect од таквата анестезија. Би требало за ден два постоперативно да се смират. Обично се влошуваат во стоечка позиција, а во лежечка позиција се смирува главоболката. Се препорачува одмор, течности, кафе...Ако не ти е подобро после тој временски период би требало да се консултираш со докторот.

А според ова што пишуваш тебе не ти е подобро, така што мислам дека треба да разговараш со докторот.
 
Последно уредено:
Мене ми имаат земано мозочен ликвор преку лумбална пункција, за дијагностички цели, и цела недела имав страшни главоболки, мислев дека ќе полудам. Ќе ти помине, само издржи.
 
многу течности бистри течности сок од јаболка и вода многу големи количини
 
Koga mene me pravea operacija od hernija mi ponudia vakva spinalna anestezija no mnogu mi bese strav od istata deka ke ostanam paraliziran iako anestiziologot me uveruvase deka za istoto nema sansi no jas bev uporen i barav celosna koja ja i dobiv na moe insistiranje.
 
Мене кога ми ја ставаа му се исправив на грешка, но сепак се помина во најдобар ред. Ефектот траеше околу 12-20 часа. Не се сеќавам на некој нус појави од анастезијата, освен што пеколно ме болеше стомакот и не знаеја нашите квалификувани доктори што ми е, а тоа да ти било заради инфузиите што ми ги даваа за време на операцијата и имав потреба да мокрам но не можев затоа што не го осеќав патлакот од анестезијата. Среќа што не ми пукна мочниот меур...
 
мене ми предлагаа спинална 2009, операција на ингвинална хернија... ама на операционен стол разбра докторот дека сум многу алергичен и ја откажа и САМО со мислам 3 сукцесивни локални адреналински анестезии ме оперираше и ми стаи мрежица..
лани ми предлагаа ласерска операција на простата, со спинална анестезија преку мочниот канал, но по ковидот ми се намали простатата и не отидов, а сега како читам ова ме плаши бајаги, башка што разбрав дека и ласерот може да го оштети мочниот канал...
 
Друже биднало што биднало ама во никој случај јас не би прифатил спинална анезтезија особено не на државно. Шанси за парализа постојат и никој не може да гарантира дека со иглата нема да погоди нешто што не треба.

Финтата е што на државно увек навиваат за спинално зошто за нив (за фондот) е далеку поевтина опција.

Во денешно време, има современи лекови и агенси, за релативно здрав човек општа анестезија е многу безбедна опција но е поскапа за фондот и ја избегаваат секаде каде можат.
 
имаат уплав од тоталка, не само што е опасно по живот туку лесно и пнеумонија се фаќа....
 
имаат уплав од тоталка, не само што е опасно по живот туку лесно и пнеумонија се фаќа....
...уплавот е од незнаење и недоволно едуциран анестезиолог, не само да се има диплома туку треба да знае вовед излез од таа целосна коматозна состојба, што и како се интубира како и колку треба анестетик со планирано време на враќање,

...водење на анестезијата дури е поважна од хирушкиот захват, што впрочем се докажа овие две години на пандемија да не знаат да вршат основна интубација на пациентот, при што респираторни апарати на претек што купени, што од донација, ама нема обучени и што е најтрагично никој не се труди да се поправи ова ситуација ни ДЕНЕС,

...обучени анестиолози на прсти се бројат, другите ниту влегуваат во сала или пак ќе испијат утринско узо (ѓомити пијат вода) да добијат храброст на негова несигурност, а други само на платен список како анестезиолози со ич анестезии при ич операции :eek:
 
Последно уредено:
Се правев операција од ингвинална хернија. Операцијата помина во најдобар ред меѓутоа сега имам еден друг страшен проблем.
Имено ми ставија спинална анестезија односно локална со која бев отрпнат од половината надолу.
Првите два дена додека ме клукаа со инфузии и кетонал не чуствував ништо.
Само што се вратив дома и почнаа главоболките.
Штом стојам исправено ме фаќа страшна главоболка. Ако легнам се смирува.
Не можам основни работи да правам. Не можам ни да седнам да јадам на маса од главоболка.
Еве сум трет ден дома главоболката не е намалена!
Ми сугерираа да пијам течности богати со кофеин. Пијам по 4 кафиња и 2л. Кока Кола.

Причина за сево ова е инјектирањето во рбетот. Истечена е церебрална течност и кога сум исправен нема доволно течност во черепот за мозкот да плива во него при што се јавува главоболка.
Проблемот мо е што изгледа не ми запира течењето од епидурслното прободување кое го направи проклетиот анестезиолог.

Ве молам кажете искуства дали сте имале некој оперативен зафат со Спинална анестезија и колку време ве држеле главоболки?
Ова е страшно. Раната скоро и да не ме болиа али главата тоа е страшна болка. Не можам ни да се истуширам.
Не можам дс се избричам.
Ме направија Инвалид.
Страв ми е од кревет да станам.
Благодарам.

Sent from my LG-H872 using Tapatalk
... кога се итни операциите и пациентот не може да го „спремаат “ (има протокол за таква интервенција со спинална анестезија) може да се случат такви проблеми како имаш ти во моментот „страшни главоболки“, затоа што се влегува во ликворот и не само што може да дојде до секундарна инфекција ако не се запазат протоколите, туку и паѓа нагло волуменот поради истекување од тој убод со спинална игла пожелно потенка (да не навлегуваме сега до детали) чиј резултат се такви главоболки, па и вртоглавици, па и нагон за повраќање!

81ebaa3e517487206e6527791536f776.png

... затоа пред да се почне пред операцијата и да ти се постави спинална игла анестезија (има два начини зависи од операција) телото треба да биде свиткано на страна во лежечка позиција, телото до колената, а брадата скоро до градите, рацете над колената, а грбот да биде на ивица на хирушкиот стол или пак пацентот да биде во седечка и наведната позиција нанапред со прекрстени раце на стомакот и свиткани колена (види слика).

image-15.jpg

... требаше претходно да те „наполнат“ со физиолошки раствор преку инфузија да имаш барем 2, 3 литри внесено зашто хернијата не е некоја итна операција и не ќе имаше таков проблем после анестезијата со главоболка да имаше такбва претходна подготовка!

images.jpgdr.jpg94f77f39b6ffd033ac0e2dd1d45cab96.jpg

... сега ако сакаш да ти помине побрзо најважно е да лежиш, воопшто да не станеш од кревет дури препорачливо да мокриш така легнат во кревет во машка гуска или во обично шише ако треба и да пиеш многу течности но најдобро да најдеш некој дома така без да стануваш од кревет, да ти постави инфузија со физиолошки раствор (барем 2 литри дневно) во кој раствор нека ти постават некој аналгетик метамизол (аналгин) или антиревматик од тип на кетопрофен (но не само два дена како пишуваш во болница да се прими), на таков начин побрзо ќе ја санираш твојата ситуација која може да трае и до 15 дена ако претходно не те приготвиле за спинална анестезија!

00037.jpgCapture3.png

... е сега прашање дали ти дале барем 2,3 литри физиолошки преку инфузија пред да ти постават спинална анестезија и да почнат со оперативниот процес на остранување на хернијата!
 
Последно уредено:
ОК Апдејт на состојба.
Вчера а поготово денеска ми е колку толку подобро и можам да стојам на стол пред компјутер. Немам голема главоболка, малку сум така како зашеметен ама ништо екстремно страшно. Не сакам да правам ништо екстремно 20-30мин. исправен и легинам. Утре правам недела дена од операција.
Го контактирав хирургот и уште неколку доктори сите беа оптимистични. Советите за течности, премногу течности, мислам дека најмногу ми помогна.
Баталив и кафиња и кока коли, само вода чиста. 2-3 литри вода конзумирам + течности кои се примаат низ храна како супи и такви некои работи. Бубрезите ми се чини ќе ми се распаднат ама фала богу ми подобро.
Сега пошто сум песимист се плашам дека хидрирањето на телово придонесува за надополување на спиналнава течност и ми е ОК. Ми се чини ако се вратам на некоја понормална хидратација ќе почнат пак страшните главоболки.
Незнам дали е запрено истекувањето на спиналната течност кај што е направен убодот. Некои доктори ми викаат да не тропам глупости и дека организмот сам ќе си среди. Интернет вика некои и по 5 години им течело ама ја мислам повеќе со интернет не се консултирам ни за забоболка. :)
Не се сеќавам на некој нус појави од анастезијата, освен што пеколно ме болеше стомакот и не знаеја нашите квалификувани доктори што ми е, а тоа да ти било заради инфузиите што ми ги даваа за време на операцијата и имав потреба да мокрам но не можев затоа што не го осеќав патлакот од анестезијата. Среќа што не ми пукна мочниот меур...
Да. Среќа во несреќа кога ме извадија од операциона сала и ме ставија во шок соба до друг со спинална анестезија. Тој ми сугерираше да барам да ми стават катетер. Двапати барав ме игнорираа па после викаа не можеле да стават на мое барање морало да одобри доктор. Тек после некое време дојдоа и го монтираа, среќа држеше и анестезијата па помина онака на шала.... За 8 сати додека бев парализриан надолу 6 кеси ми истекоја низ вена. Што гликози, што натриум хлорид, коктели....
Сега ми се чини да не го побарав лично тој катетер на кој мењаваа два пати кеса пошто се исполни вкрај па ми се чини ќе ми прснеше абдоменот.

Друже биднало што биднало ама во никој случај јас не би прифатил спинална анезтезија особено не на државно
Абе и јас самиот првпат се соочувам со овие ствари. Генерално како што кажуваат локална анестезија е далеку побезбедна од целосна и тоа е општо декларирано. Мене кога ми го отвараа Анестезилошкиот картон пред кој ти прават формална анкета ги прашав со каква анестезија ќе биде операцијата.
Одговорот беше - Со каква ти сакаш со таква.
После му текна, Ај тргни тоа Ковид маската да видам вилицата и процени дека сум имал рецесивна вилица која иде благо навнатре во усна шуплина. и спинал го стави под знак прашалник како опција.
После прашував демек ради интубацијата, да не имале потешкотии при интубирање и што ти ја знам... Тоа беше целата работа, и јас генерално навивав за спинална. Едно е цело тело да ти го стават во коматозна состојба каде не можеш ни да дишеш без апарати, друго е само да ти блокираат рецептори на одреден дел од телото.. ама ете... непредивдени нус појави.

... е сега прашање дали ти дале барем 2,3 литри физиолошки преку инфузија пред да ти постават спинална анестезија
Да, не се сеќавам точно 1 или 2 шишенца физиолошки раствор пред операција и нозете ги изврзаа со завој од колена до прсти. наводно за нешто со крвниот притисок.
 
Да, не се сеќавам точно 1 или 2 шишенца физиолошки раствор пред операција и нозете ги изврзаа со завој од колена до прсти. наводно за нешто со крвниот притисок.
...едно шишенце има пола кило, значи ти внеле САМО едно кило течност што значи анестезиологот вооошто не те приготвил за спинална анестезија, па уште што не ти поставиле уринарен катетер ( по твое барање отпосле) тоа веќе укажува на несериозност во пре оперативниот дел, па уште да ти вметнале дебела спинална игла наместо потенка оти тешко се наоѓа потенка, доволно да имаш пост вакви проблеми што ако не лежиш, туку стануваш и седиш пред ПЦ или одиш до тоалет ќе ти се одолговлекува таквата состојба, затоа треба лежење, примање инфузија барем 4 шишиња т.е 2 литри и да ти постават се уште уринарен катетер или да мокриш во шише или медицинска гуска без да стануваш од кревет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom