Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Сите извори велат дека ВСРФ ги зазеле Билохоривка и Нахрине.

Комплицирана е ситуацијава, тешко е да се предвиди што ќе прават Украинците во овака незавидна позиција
Околностите се такви да акциите што си ги навел во предходниот пост (што би направил на местото на Украинците), се невозможни. Недели и месеци веќе се жалат на недостаток до артилериска муниција. Авијацијата сметај им ја за непостоечка, тоа што го имаат ќе го чуваат за некоја акција кога ќе очекуваат чудо. Итн.

Вметни ги следниве параметри подолу, за соодветна симулација/предвидување на развојот на настаните:

сопствени жртви = неважно
бранење територија = релативно неважно (освен од пи ар аспект, а тоа се „средува“)
уништена противничка техника и број на руски жртви = критично важно (посебно ако има генерали/адмирали на дофат)

Всушност едноставно замисли ја ситуацијата која теоретски би резултирала со најмногу руски жртви, и тоа повеќе од веројатно е „украинската стратегија“ американската стратегија.
Автоматски споено мислење:

Русите имаа доволни стратешки резерви да влезат во офанзива после поразот во Киев.
Кој пораз?
 
Последно уредено:
Ne bese toa poraz, evakuacija bese :D
Се е тоа дел од тактиката. Се тоа русите го смислиле, испланирале и реализирале со некоја друга цел што не ја сфатив од навивачите на Русија тукa. Не е пораз ни евакуација, тактика било што ние неможеме да ја разбереме. :pos:
 
Беше пораз, ама не воен.
Руската армија си држеше територија без проблем бидејќи Украинците имаа незначителна (да не речам непостоечка) контра-офанзива да ги загрози нивните позиции што би ги натерало да се повлечат.

Првата фаза им беше пораз ама ради други причини што ги дискутиравме пред некоја страна.
 
High risk - high reward беше сценариото да се стигне до Киев одма и брзо.

Мене не ми е јасно што им беше планот доколку ете успеаја да стигнат таму, да го фатат Зеленски и да ги окупираат институциите. Па сигурно ќе имаше стотици илјади граѓани да протестираат на улиците. Како планираа да го хендлаат тоа стварно не ми е јасно. Мислам дека ептен лошо ќе изгледаше тоа по телевизии како пукаат по демонстранти.
 
Веројатно мислеа дека украинскиот народ немаше да протестира при една таква ситуација и ќе си легнеа на брашното брзо, како што си легнаа овие од југот. Зеленски и онака пред војната не беше омилен меѓу народот таму. Ама ете за влакно се извлече од Киев, и потоа веќе немаше поента да продолжат нападите таму.

Пробаа да се укотват во тие територии, имаше копање на ровови во Чернобил, ама веројатно сфатија дека не би издржале контра напад и подобро е да се повлечат од северот.
Дури и Дејан Бериќ изјави како главниот генерал од северот е во затвор поради неуспехот.
 
Наводно русите вадат Т-62ки од пензија

Имаат околу 2 илјади Т-80ки тенкови во складовите и којзнае колку илјади Т-72ки. Нема никаква потреба да вадат реликвии.
 
Наводно Лиман е под руска контрола, од ВСУ останати се неколку групи кои се обидуваат да избегаат преку шумата. Во прилог еден таков настан снимен утрово.

Последно уредено:
...тактика било што ние неможеме да ја разбереме. :pos:
За да проценуваш воен план/стратегија, прво треба да знаеш кои биле целите.
Реалноста е дека не знаеме точно што бил/е целиот план, ама во рамките на тоа незнаење сметам дека планот дефинитивно не бил тоа што повеќето од вас овде го мислите: Освојување на Киев.

За мене глупаво е да мислите дека повеќе разбирате воена стратегија од професионалци, и без внимателно да извагате што е жртвувано за каква замена.
РФ можеби се надевале дека ќе ја натераат владата во паника да направи глупост, можеби се надевале дека притоа специјалци ќе го заробат Зеленски. Можеби сето тоа заедно со еден куп други long shot можности... Не знаеме, но тоа што го знаеме - е дека солиден од украинските воените ресурси биле вложени во одбрана на Киев - а не на југот каде се најголемите успеси на војската на РФ, ниту на Истокот каде исто РФ имаат значајни напредувања.

Од друга страна вие мислите дека со РФ навистина иделе на освојување на Киев со толку малку војска/техника/ресурси.
Епа едно од двете е веројатно вистина. Или РФ профитирале на југ и исток делумно заради блефот на север. Или РФ се целосни идиоти како што им се смеете. :)

Целиов муабет е зборуван и повторуван ад носиум. Мислете што сакате. Но за застапување на ставовите ви фалат аргументи во муабетов, а аргументи не видов - само детинесто мајтапење.

На крај победникот може да биде само еден, ова не е судир кој може да заврши со реми. Кога ќе се заврши сѐ, полека ќе почнат воените настани да се разоткриваат со работи и детали кои сега не може да се извадат во јавност... Можеби тогаш нема да заборавам да ве цитирам/подбуцнам неколкумина од вас што заслуживте.
 
High risk - high reward беше сценариото да се стигне до Киев одма и брзо.

Мене не ми е јасно што им беше планот доколку ете успеаја да стигнат таму, да го фатат Зеленски и да ги окупираат институциите. Па сигурно ќе имаше стотици илјади граѓани да протестираат на улиците. Како планираа да го хендлаат тоа стварно не ми е јасно. Мислам дека ептен лошо ќе изгледаше тоа по телевизии како пукаат по демонстранти.
На ист начин ко што се справуваат со Керсон сега. Ситуацијата ќе беше многу поразлична ако ги земеа Каркив и Суми, па Киев ако треба држи го 3 години под опсада. За телевизии очигледно не се замараат, види го Марипол на што личи сега. Али тотално го промашија расположението на населението таму.

Како и да е освен на форумов, на сите други им е јасно што се случи таму. Самата изјава на Русите беше смешна. Се повлакаме ради мировните преговори. Кој црни мировни преговори:pos:
 
Имаат околу 2 илјади Т-80ки тенкови во складовите и којзнае колку илјади Т-72ки. Нема никаква потреба да вадат реликвии.
Колку што разбрав овие се наменети за резервистите од ДНР/ЛНР. Плус наводно полесни биле за брза обука а и русите имале многу муниција 115мм за овие тенкови, па да не им стои џабе по магацини.
 
На ист начин ко што се справуваат со Керсон сега. Ситуацијата ќе беше многу поразлична ако ги земеа Каркив и Суми, па Киев ако треба држи го 3 години под опсада. За телевизии очигледно не се замараат, види го Марипол на што личи сега. Али тотално го промашија расположението на населението таму.

Како и да е освен на форумов, на сите други им е јасно што се случи таму. Самата изјава на Русите беше смешна. Се повлакаме ради мировните преговори. Кој црни мировни преговори:pos:
Да бе ова ловното друштво од Дебар тргнало да го осваја Киев. Русите секако се малоумни, неписмени врска немаат, војна првпат водат и за генерали ставаат од улица кој ќе најдат... 30К на потегот Киев-Харкив е срамота да помислиш дека сакале да напредуваат таму, а не да кажеш. Ако уште знаеш дека малтене биле во прокси војна со нив 8 години, а се надевале ќе го освојат Киев...
 
Зашто ти е толку чудно? Со колку војска го освоија Јужниот дел до Керсон? Исто беше, само нивните колаборатори си завршија работа таму. Овие горе не. Русите беа за 2 дена пред Киев, можеше во сосема друг правец да тргне ова. Меѓутоа медиумски ја изгубија ситуацијата и им дадоа можност на Украинците да се стабилизираат.

Дејствијата на Русите горе се документирани прилично јасно. Има стотици уништени тенкови кој уште стојат по Украинските градови на северот. Тоа се истите конвои што беа сликани како уништени на почеток, кога зборевте дека тоа е Украинска пропаганда. Сега веќе точно се знае кој единици се бореле, каква техника е загубени и тн. Никој не прави таков влог за лажњак. Кога веќе иницијалниот пробив не им успеа, тогаш да, со тие војници не можеш многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom