TpH_Bo_OkO
Трноризец
Втората светска војна и по конечната победа над фашизмот во 1945 година,во Грција и во егејскиот дел на Македонија не заврши .Таа продолжи,но во Граѓанска војна која траеше скоро четири години од 1946-1949година.Во неа македонскиот народ се бореше заедно со грчките демократски сили против новиот монархофашистички режим во Грција со цел да го урнат и да создадат нова демократска држава во која и македонскиот народ ќе живее еднакво и равноправно со грчкиот и ќе ги ужива сите човекови права.
Македонецот се соочи со нови страдања,нова трагедија и повторно го доживеа својот геноцид.
Новата монархофашистичка власт поткрепена од надворешните сили,настојуваше по секоја цена да го задуши движењетокое брзо се разгоруваше и прераснуваше во вистинска војна.За осрварување на оваа цел монархофашистичката власт значително го зголеми полицискиот апарат,отвори многу затвори во земјата и започна невиден терор врз населениетоТака,најмногу беа погодени македонските села-ниту едно село ниту една куќа не беа поштедени.
Теророт стана многу пожесток со изгласувањето на Вондредните мерки од 7 јули 1946 година.Формирани се воени преки судови во Лерин и Солун и во други градови.Вршено е масовно насилно-расселување на некои села со цел да се одземе базата на движењето и да му ја скратат поддршката на народот.
Вондредните мерки посебно беа вперени кон македонците.Во градот Лерин од 1945 година беа отворени многу затвори во кои беа затворани најдобрите македонски патриоти-антифашисти и борци за национално ослободување.Во нив беа собирани и мажи и жени од сите лерински,преспански и костурски села.Градот со многубројните затвори,жандармериски и полициски станици личеше на концентрационен логор.
Многу македонци минаа по воените судови,им беа изрекувани казни од една па до сто и една година,доживотна робија и смртни казни,за по судењето во Лерин,патиштата на овие маченици да им се разделат кон југ во затворите во Солун,Атина и по пустите острови на Егејското Море.Многу затвореници ќе останат во затворите и по завршувањето на Граѓанската војна.
Овој труд ,преку личните сеќавања на авторот и искажувањата на учесниците кои поминале низ затворските мачилишта,дава вистинска слика за злосторствата што ги вршеше тогашната монархофашистичка грчка власт врз македонскиот народ во сите краишта во Егејска Македонија.Со иста жестокост таквиот терор е применуван врз сите Македонци.Прогонството и корнењето на цели семејства,на цели села од прадедовата грутка претставуваа злочин без преседан.
Овие искажувања,кои опфаќаат само еден дел за жителите на леринско што ги поднесоа тие жртви,нека ни послужат како вечно паметење на едно време,кога национализмот и шовинизмот,кој го спроведуваше долгогодишната политика на грчката власт кон Македонците,ги покажа на дело своите најстрашни ѕверства спрема македонскиот народ и последиците останати како „рак-рана“.Тоа треба да го паметат идните македонски генерации,како што треба да го паметат и идните грчки генерации,и да извлечат поука – што се` во нивното општество се изроди и ги замрачи сетилата на (од највисоките до најдиректните) извршителите на злосторствата,и никогаш и никаде тоа да не се повтори.
..... за оние што ги оставија животите по затворските зандани и по пустите острови на Егејското Море.
МОЕТО РОДНО СЕЛО ПАТЕЛЕ
Селото Пателе е едно од најголемите и најубавите во Леринска околија.Денес,Грците го преименуваа во Агиос Пантелеимон.Расположено е на западната страна на островското Езеро.Од градчето Сорвич е оддалечено 7 километри,а од градот Лерин 30 километри.По национален состав населението е чисто македонско.Селото е познато по првокласното вино и ракија,кои се барани од бројни трговци.
Пателе пред Балканските војни имаше 1.750 жители,подоцна поради постојаните промени и насилства што ги претрпе во 1971 година се намали на 1.161 жители.
Богатата револуционерна историја на селото Пателе е позната уште од турското ропство,кога во Илинденското востание,па и пред него,излегоа многу комити и војводи,и тоа : Панде Арнаудов,Циле Каленџиев,Дине Абдурманов и други,а Гонче Мраков,прочуен комита по својата храброст и борбеност,немилосрдно ги гонеше „гркоманите“ кои го кодошеа населението кај турските власти.
Храбриот народ не `се покори, ...... Јас како мала се сеќавам на кажувањата и песните што ги пееја постарите селани ..... „Турчин ме мачи петстотини години,а Грко сака да не погрчи“.
Андреа Чипов е еден од првите организатори на КПГ во Егејска Македонија,секретар на ВМРО – Обединета од 1932 година и секретар на ЦК на КПГ за време на окупацијата кој прв формира раководство на ЦК на КПГ во Грција;
Михаил Кљанев,стар комунист партизански командант на островот Крит за врема на окупацијата против Германците,за да по завршувањето на војната од новата монархофашистичка власт да биде уапсен и интерниран по разни острови на Егејот и потоа под сомнителни околности умира во интернација.Методи Ѓорги Береев,уапсен од Германците во август 1943 година во Лерин.Осуден е на смрт со бесење.Пресудата е извршена во Лерин.Тој беше првата жртва што ја даде селото Пателе во борбата против фашизмот.
Томе Качоров организатор е на организацијата НОФ во селото и за неговите активности во 1945 година уапсен уапсен е од монархофашистичките власти.Осуден е на доживотна робија и испратен на островот Ѓура каде и што умира 1948 година.
Во партизанската војска на ЕЛАС како активни борци зедоа учество повеќе од 160 борци.
Целото население активно ќе го помага НОД,од кои подоцна во граѓанската војна ќе израснат храбри борци и офицери на ДАГ.За време на таа војна учествуваа повеќе од 120 борци од кои 26 го загубија животот.Низ затворите ќе поминат стотици и стотици луѓе – мачени и малтретирани,некои умираат на островите,а други пак ,се осудувани на смрт и стрелани.
Во Егејската бригада која се формира 1945 година во Битола учествуваа околу 15 борци.
ТЕРОРОТ ВО СЕЛО ПАТЕЛЕ
Првите масовни апсења во селото почнаа да ги вршат грчките власти во јуни 1945 година.Еден ден пристигна многу војска од Сорвич и го обиколи селото.На селаните им наредија сите да излезат сред село и старо и младо.Наредија камбаната од црквата да бие.Уапсија околу 85 мажи и ги затворија во училишната зграда близу средселото и веднаш започнаа да ги мачат и да ги тепаат со пендреци и со клоци.Исто така,и насобраните селани не беа поштедени од ќотекот и пцостите на офицерите и војниците.
На едната страна на плоштадот бевме насобрани жените а на другата мажите.Еден од офицерите се шеташе покрај насобраните со камшик во рацете и беше толку бесен што имавме впечаток дека секој момент ќе се нафрли врз нас.Кога се приближи до една група жени кои беа „гркоманки“ едната од нив му се обрати на офицерот покажувајќи со прстот кон мене,викајќи : „уапсете ја таа со белата јака,таа е бугарска учителка“.Офицерот се приближи кон мене и нареди да излезам малку напред.Ми постави прашање : „Кажи што си,Бугарка ли си?“ Јас му одговорив : „Не,не сум Бугарка,но не сум ни Гркинка,јас сум Македонка“ На овој одговор тој се разбесни и ми удри силна шлаканица по образот,велејќи : „Македонка (ската),гомна ,како се осмелуваш да одговараш така“.Ја му реков : „Мојот дедо и баба се Македонци и родителите ми се Македонци и јас сум Македонка,Грци сте вие што сте дојдени од Грција,тука нема Грци,тука е Македонија“Тој разбеснат ми се вдаде влице со зборовите : „Па уште продолжуваш и да зборуваш “. Со камшикот се нафрли врз мене да ме удри,но жените што беа зад мене ме повлекоа кон нив и се исправија пред офицерот.Особено баба Гијка Качорова,мајкаму на Томе Качоров,се исправи пред офицерот и му рече „Што сакаш бре куче“ на македонски јазик, и не му дозволи да удри со камшикот,а тука беа и другите жени исправени пред офицерот.Тој се зачуди од храброста на жените и запре,вчудоневиден рече : „Каков е овој бестрашен народ“.
Ова малтретирање на селаните сред село траеше неколку часа.Затворените ги натоварија во камиони и ги однесоа во Сорвич.Таму продолжија да ги мачат уште потешко,по неколку дена беа префрлени во Лерин каде што пак беа изложени на тешки мачења.Ги сместија во темни простории без никакви хигиенски услови.Ги судеа и според казните што им беа изречени ги трнспортираа : некои во Солун – во Едикуле,некои во Атина,а други по островите на Егејското Море.
Пролетта 1946 година е уапсен Томе Качоров роден 1904 година во с.Пателе.Во лерин го осудуваат два пати по 101 година за две дела,два пати доживотна робија.
Качора како што си беше по природа духовит човек,не се исплаши и им се обрати на судиите со следниве зборови : „Господа судии значи јас треба да живеам 202 години за да ја издржам казната.Вие ме осудивте со најстрога казна,а јас не сум лош човек за да заслужам таква казна.Моите соселани Пателејци многу ме сакаат и ако ги замолам,веднаш 202 селани без двоумење би одлежале по 1 година и мене казната ќе ми заврши“. „Шегите настрана Качора сега си во наши раце“- му одговори судијата.Го интернираа на островот Ѓура заедно со многу други од с.Пателе и од сите лерински села.
Томе Качоров претставува светол лик во историјата на македонскиот народ од Егејска Македонија.Организатор е на НОФ и АФЖ во с.Пателе.Беше образован и поседуваше висока природна интелигенција.Пишуваше песни и прозни текстови-едночинки,во својот дом имаше пијано и сам компонираше.Пишуваше на македонски јазик со пателејско-леринско наречје..Неговите песни се пееа на свадби и на слави и имаа своевиден придонес во будењето и зацврстувањето на националната свест кај Македонците.
НАПАДОТ НА ЛЕРИН ОД ЕДИНИЦИ НА ДАГ ВО МАЈ 1947
Една вечер во мај 1947 г.единици на ДАГ го нападнаа Лерин.Успеаја да влезат во градот со цел да нападнат некои значајни објекти како што беа затворите,полицијата и други.Стигнаа до реката која се наоѓаше на западната страна од затворот „Реџи“,но не успеаја да ја преминат реката и да стигнат до затворот за да ги ослободат затворениците.Силен отпор даваше Стратос(управник на затворот) со стражата од бункерот пред затворската зграда.Тој побара засилување од жандармеријата и од војската.Сите ние бевме на штрек,светкавици од шрапнели го осветлуваа просторот околу затворот и допираа до нашите прозорци.Страшни мисли ни поминуваа низ главата.Поминавме тешка и морничава ноќ.Партизаните не успеаја да се приближат ни до жандармериската станица каде што се наоѓаа 18-мина осудени на смрт.Голем успех за партизаните беше тоа што блегоа во градот,но и голем неуспех,затоа што не беа во можност да го реализираат предвидениот план.Непријателот беше двојно и тројно помногуброен.Пукотниците завршија дури взори кога по неуспехот партизаните се повлекоа.Со нивното повлекување згаснаа и нашите надежи дека ќе бидеме ослободени.Осамна.Со утрото дојдоја нови маки и страдања.По улиците на градот се движеше војска и жандармерија.Стратос збеснат влезе во просториите на жените,придружен од двајца жандари со пендреци в раце и и почна да не` удира и да не пцуе,викајќи : „За цела ова ситуација вие сте виновни,сега скапо ќе ми платите,ќе донесам буриња со бензин ќе ве напрскам и живи ќе ве запалам.-Чиј маж викаше Марике ќе те ослободам“.Така слушнал Стратос дека викале партизаните од преку реката.Сите тие што се викаа по име Марика(ги имаше три-четири)ги претепа до смрт.Удираше и по сите нас.Истото го стори и кај мажите затвореници.
Ѕверскиот однос на овој нечовек,кој и без причина ги малтретираше затворениците,извираше длабоко од неговата внатрешност и виеше во волчја бес.Такви како него поставуваа по сите затвори кои им ја пиеја крвта на затворениците.Најмногу страдаа Македонците,зашто тие беа и најбројни во затворите,другите беа малубројни,по некој маџирин или влав.По ова,ни беше забранет излез во дворот,ни беа забранети посетите однадвор на роднините и на блиските.Оние што беа осудени на смрт,смртната казна им беше извршена веднаш наредниот ден.
Корнелија Пејовска