не знам каде да се запишам средно, ми треба помош

  • Креатор на темата Креатор на темата Pavel_64
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 февруари 2020
Мислења
3
Поени од реакции
0
Возраст
19
сега сум IX, од песталоци, подолго време бев сигурен дека сакам да се запишам во ПТТ (Владо Тасевски), но сега не сум баш сигурен, мислам дека средината таму, односно другите ученици не би ми одговарале. Втора опција би ми било Карев, нејќам гимназија, но реално немам друга опција, со оценките не сум нешто нај нај, такада најверојатно дека нема ни да ме примат... ме интересира колку уствари има учење во карев, колку е тешко. исто така ако некој има предлог за друго средно, слободно нека каже. Фала
 
Првин не барај кај е најлесно, гледај што сакаш да работиш во иднина.
Ниедна гимназија не е лесна, секаде треба да учиш.
Не треба да те интересира колку учење има во Карев или било која друга гимназија, бидејќи пред се ти треба да учиш за тебе.
Со оценките и просекот може да имаш проблем при упис ако е преголема конкуренцијата. Мислам дека има и втор и трет уписен рок во средните каде што има празни места па тогаш ќе влезеш.
 
па би сакал да работам IT, во главно хардвер, кај нас најблиску тдо тоа е ПТТ, ама не сум сигурен за околината во ПТТ...
 
Завршив гимназија пред 20 години.
Немам контакт со образование па не знам каква е ситуацијата сега и колку би бил валиден мојот совет, но сепак да дадам мислење.
Мој предлог е гимназија од едноставна причина што би имал најмногу опции за понатамошна квалификација.
Во мое време со завршена гимназија можеше да запишеш било кој факултет (со оценки и приемен испит), од електро до медицина.
Моето мислење е дека е рано да се определува струка во средно училиште освен во специјализирани професии (медицина, угостителство, машинство, уметност) каде во одредени случаи дури и би се останало на ССС.
Гимназијата нормално носи учење на повеќе различни предмети, но затоа се добива пошироко знаење и подобро насочување кон тоа што те интересира, па дури и полесна можност за преквалификација понатака во животот доколку има потреба.

Со големата изложеност на технологија нормално е дека доста деца сакаат ИТ, но реалноста не секогаш ги следи желбите.
Затоа со гимназија се добива уште 4 години за созревање и одлуки.
 
па би сакал да работам IT, во главно хардвер, кај нас најблиску тдо тоа е ПТТ, ама не сум сигурен за околината во ПТТ...
Сите сакаат да работат во ај ти, ама како што гледаш само ју тјуб реклами прават.
Ако не си сјаен со оценките батали тоа, ако не може да бубаш не можеш да чукаш код.
У што те бива во животот?
Автоматски споено мислење:

Ќе ти дадам пример - имаше оглас пред неколку месеци во мојата фирма, ат ти оддел- 3 години работно искуство, да си трансформер и да зборуваш бинарен код.И куп други ствари неразбирливи за прости смртници.
 
Последно уредено:

ne zboram za softver, programiranje, zboram za hardver, znaci servis na kompjuteri, sklapanje konfiguracii... taka nesto
 
ne zboram za softver, programiranje, zboram za hardver, znaci servis na kompjuteri, sklapanje konfiguracii... taka nesto
Глеј на тоа вака- Дали има пазар? Побарувачка? Да не случајно намераваш крипровалути да копаш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom