Седи мадро сега, не се чатали толку![]()
немој така со нашиот Ентони Бурдеин
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Седи мадро сега, не се чатали толку![]()
Се гледа гласаат експертски познавачи на фотографијата чим второпласираната е пред Милион Долари, Феме и Бенџамин.![]()
Никако не доаѓа во предвид, НИКАКО!!!!!!!!... еве, како второпласирана, (само да не се откријат другите идентитетиали поштујем),
Прегледај го приврзокот 314829
...би го назначила @Джонтра Вохохолта за следен организатор на тема на натпреварот и еднонеделен модератор на истата да се докаже како вербален фото експерт, а не вака во позадина да праќа ехо коментари!
знам дека нема да прифати!
...нека се изјасни написмено, а не само со хахахихи! ајде ЏониВоли ќе отвараш ли тема или ќе се заебаваш во продолжеток!Никако не доаѓа во предвид, НИКАКО!!!!!!!!
Давај тема, а тој вечито тажно дете игнорирај го![]()
Почитувани натпреварувачи, гласачи, и неми посматрачи, ви благодарам на сите на учеството и добредојдовте на презентацијата на победникот за најдобро селфи! Постов го постирам малку порано од предвиденото, ама мора да имате разбирање, јас имам Сквид Гејм за гледање, а и секако додека да го прочитате постов ќе помине цела вечност. Како редовен презентер на етаблираните награди Златен Омлет, знам што правам, ич да не се секирате!
Пред да преминеме на резултатите, дозволете да ве анимирам со рубриката Забавна Статистика! Сигурно се прашувате како може било каква статистика да е забавна, самиот наслов е оксиморон. Па, не може, ова не е никаква забавна статистика, ова е класичен еготрип. Изненадена од бројот на гласачи на овој натпревар решив да влезам во зајачката дупка и да побарам тема со повисок број на гласачи од моменталната. Потрагата ме однесе до 2020та, каде првата тема на која наидов со повисока гласачка активност од оваа, со дури 72 гласачи, е темата Спорт. Сигурно никој не се прашува чија е таа фамозна тема Спорт, ама сепак ќе ви кажам - моја е! Сега сте побогати за една апсолутно бескорисна информација, и со тоа го завршуваме облигаторниот еготрип на овој настан, и продолжуваме со резултатите.
Without further ado, ве известувам дека поради лични причини Дилан Дог нема да биде новиот предложувач. Гласовите и победата ќе ги задржи, а правото на отварање нова тема и го предава на @bijons како второпласирана. Честитки бијонс! Како актуелен победник, моја должност е да те советувам да дадеш интелектуална тема, а не глупави и неуспешни теми како моите! Ти посакувам среќа и успех и на следниот натпревар, како на тебе, така и на сите што ќе учествуваат активно или пасивно!
Со тоа го завршуваме ова шоу, и навистина - среќата ги пратеше храбрите!
До година.
Та.