Ајде малце математика и статистика како ултимативна метода која би го одредила бенефитот од вакцинацијата.
Еве информација за заразените по однос на вакцинација
Министерството за здравство вчера ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 4 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
skopjeinfo.mk
Еве информација по основ колку се вакцинирани
skopjeinfo.mk
Ајде сега да почнеме весела математика.
1. Од 6 Август до 4 Ноември (~90 дена) новозаразени се вкупно 48,955 луѓе од кои 13.886 се целосно вакцинирани (две дози и втората доза да помине 14 дена), тоа ти е 28% од вкупно заразените.
2. Од 6 Август до 4 Ноември (~90 дена) починати од ковид се вкупно 35.069 луѓе од кои 1.376 се целосно вакцинирани (две дози и втората доза да помине 14 дена), тоа ти е 18% од вкупно починатите.
3. Вкупно целосно вакцинирани заклучно со 4 Ноември се 778,482 или 37% од населението.
Дури и вака розево гледано, за процес што се вика имунизација бројките се загрижувачки и во најмала рака можат да го донесат до знак на прашање вакцинацијата и политиката што се води околу неа.
Но ајде да ги извадиме розевите очила и да ја видиме статистиката. Имено:
1. На 6 Август целосно вакцинирани биле не повеќе од 200К што го намалува процентот на 10% или ако идеме прогресивно да бараме некоја средна вредност за периодов, тоа би било нешто помалце од 20%.
2. Треба да земеме во предвид дека „задолжителната“ втора вакцина беше објавена во Октомври. А пресметките се прават ретроградно и за тие со една вакцина, кога таа беше како единствен услов за имунизација.
3. Исто така треба да имаме во предвид дека починатите до 20 Август се од заразени пред дадениот период, кога вакцинацијата била уште помала.
4. Треба да се има во предвид дека кај нас последната фаза ја имаше својата кулминација во средина на Август, како што кажавме со подруга слика на целосно вакцинирани лица.
На крајот како резултат добиваме бројки во кои вакцинацијата нема никаква пресудна улога во статистиките на заразени и починати од Ковид19.
Баш ме интересира да излезат бројки за луѓе кои по вторпат се заразиле од ковид во истиот период.