Се слагам, и од моја гледна точка поединецот има премногу право на избор пред се како се храни. Прочитај го пак најмудрото мислење на темава.
Еве ќе ги земам мојте стари за пример да не се навреди некој, стариот пржи сланина у 1 по полноќ, му се пријало, стомакот пуштен на терапија за хипертензија плус веќе имаше поблаг удар. Знаеш што препорачува секој доктор у таа ситуација, да се отстрани мрсна храна, цигари и сл. Епа не, мора секој ден сланинче печење и плус не се движи многу, закован на каучот пред тв фудбал. Џабе му збориш, он ни доктор не слуша нит мене. Едино решение е државата да и забрани на старата да готви дома, да им даде жетончиња за храна кои ќе важат на пунктови, таму да приложи ливче од докторот шо смее да јаде, море не, за да нема превари да му се истетовира бар код на рака кој ќе го скенира униформирано лице па да му стави од казан посна чорба у чинкова чинија, пунктот да е на 1км од дома и пешки да оди до таму оти бензин ќе му биде забрането да полни па може ќе му текне и точак да земе како комшо Жиле кој на 72 си вози точаче, трчка со внуците им подава топка, кафе цигари не, се храни количински умерено и здраво и короната ја помина дома за 3 дена и тоа невакциниран. Арно ама стариот мој вакциниран ги ужива сите права во моментов додека Жиле не бидејќи и нему докторица му вика да не се боцка сега оти има доста антитела. Дали можеш да ја согледаш баналноста? Ова важи доколку навистина ни е до здравјето, а како ти Рон и слични побргу да шетате не знам, веројатно вакцината е доволна?
Друже, ти бафра, дамби и слични сте темпирани бомби кои не се знае кога ќе експлодираат и ќе почнат да заразуваат наоколу. Којзнае и колку невини луѓе настрадале ради такви како вас кои ништо не ги фаќа зошто јачаат имунитет со качување на водно и возат точак. Само закон за вас, ти стига покана како за воен рок ако не идеш у ќорка и пак чипиран. Тоа ви треба.