Ќе видиме. Ако збориме за носење во Вардар, според мене брат му е поперспективен.Море одма би го потпишал во Вардар без разлика на повредата, се враќа тој во стара форма за брзо….. Значи истиот интерес го пројавиле Германците ко што и ние го имаме веќе неколку години наназад ,затоа е во Алкалоид сеуште, тешко дека тој ќе бега од Алкалоид за тоа ќе мора некој многу пари да истури …
На тема Алкалоид, ниво погоре би требало да бидат сезонава со трансферите што ги направија, посебно со Борзаш кој ќе им биде првиот класичен бомбардер-бек во тимот. Единствен минус ми е што Кире очигледно не гледа перспектива во Димитар Узунчев и веројатно ќе го остават во Бутел, иако овој е најталентираниот играч од досегашната младинска репрезентација. Голем плус е префрлањето на Ѓорѓи Николовски во прв тим, според мене најинтересен од талентите за пратење ќе биде он. Може да е и поголем талент од Галевски. 2008-мо годиште, а беше со најдобра статистика на ЕП за 2006-та генерација лани и воопшто доста се збори за него и од луѓе што пратат домашен ракомет веќе некое време.