Мобилен телефон до 10-12 000 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата alekjov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 октомври 2009
Мислења
791
Поени од реакции
398
Локација
Скопје
Некој да ми препорача мобилен телефон до 10-12 000 денари во готово (не врзан со договор со оператор).
 
Што и да купуваш само земи Xiaomi, верувај ми нема да најдеш уред што вреди повеќе за парите. Го користам година ипол и сум презадоволен, а порано бев на Apple и Самсунг.
 
Земи си Xiaomi.Во моментов price/performance пазарот е милина, така да имаш избор. Дали сакаш AMOLED дисплеј, дали ти е поважно чипсетот да е побрз, дали ти е поважно да е лесен телефонот (лесен е се испод 170-180 грама), итн. Разгледај ревјуа на YouTube и ќе си одбереш тоа што ти треба.

Во Ледиком имаш најдобри цени.

За парите што ги спомна имаш Poco X3 NFC, тоа што мене ме натера да го продадам е што нема AMOLED и ми беше тежок. Али се е до вкус, така да затоа ти реков најдобро сам да си разгледаш.
 
Земи нешто со 6gb рам, јас со 4 не би земал. Huawei p40 или Redmi note 8/9 pro, Poco x3 е добар ама мислам е нешто над твојот буџет. На phones.mk можеш да разгледаш цени.
 
Некој да ми препорача мобилен телефон до 10-12 000 денари во готово (не врзан со договор со оператор).

+1
Од ми стор е малку повеќе од твојот ценовен ранг моделот со 6/128. Во Ледиком гледам е поефтин ама ми се сумливи како продавница и го купивме дома од ми стор. Цена/перформанси мислам ти е најдобар избор во моментов (е троа голем и тежок за во џеб, ако работиш физичка работа може тоа да ти биде пречка).
 
Секако нема многу избор за тие пари со 6/64




65b19cfb8ece6246e22c01960a9d39e8.jpg
 
НИКОГАШ не купувајте од ледиком, тие се сомнителна албанска компанија кои носат производи наменети за Индиски, Пакистански и Турски пазар, а не за Европски. Исто така има голема можност да ти се погоди чкарт или расипан уред така што не ја правете таа грешка.
 
Само за LG ќе ти кажам бегај подалеку, да не те излаже големиот попуст во Нептун со Хепи цена. Веројатно им е толку пошто последни изложени модели им се останати, ама и да не им се, не зимај. Едноставно не ги бива за телефони како за телевизори што се добри. Овој од линковите на најубав горе, прави слики ко со пластелин да е светот, Ми од истиот ценовен ранг прават 10 пати подобри слики, Хуавеј исто. Потоа звучникот на телефонот е нереално тивок, х3 е потивок од сите други телефони кои сум ги имал досега, фрустрира кога трчаш со телефон и не можеш песна да си пуштиш пошто буквално секој звук од околината е погласен од телефонот. Точак да возите двајца еден до друг, другиот нема да слуша музиката од телефонот, до толку е тивко. Така да, гледај ги другите предлози, овој избегни го.
 
Ќе најдеш и зачуван Mix 2S по огласи за 120-150 евра.


Samsung A20E 32g i 3g ram 4000
Сериозно ова го препорачуваш?

НИКОГАШ не купувајте од ледиком, тие се сомнителна албанска компанија кои носат производи наменети за Индиски, Пакистански и Турски пазар, а не за Европски. Исто така има голема можност да ти се погоди чкарт или расипан уред така што не ја правете таа грешка.
Имаат и мобилни откупени од некои што ги има земено од оператор, така да секако ќе си провери.
 
Колега има Samsung A12 и е презадоволен. Во Анхоч го имаш за 10000 ден. Го видов и лично, квалитетно телефонче, прави и добри слики. Оди на сигурно мој совет. Можда некој редми ќе ти даде нешто подобар хардвер за тие пари ама не е се до хардверот ако често те зеза софтверот ;) get it? Друга алтернатива ти е Моторола, имаш G9 Play и G9 Plus за 8-10000 ден. Ако ништо друго барем ќе имаш стабилен скоро сток андроид. Сопругата користеше G6 Play година и пол и беше доста задоволна.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom