PIRATIC
diplomiran klozetar
Секој човек е различен, во секаков аспект, психолошки, физички, социолошки, различни ставови по различни прашања, различни афинитети, во однос на исхрана, во однос на стајлинг и.т.н. и.т.н. да не набројувам. Модерното време си го прави и си го направи своето, друго било порано во минатото кога луѓето биле многу послични меѓусебно, времиња кога немало електроника, технологија, наука, образование како денеска. А и самиот плуралистички политички систем во кој живееме со децении овозможува различно мислење, различни сфаќања и ставови кај секоја единка. Порано се знаело во едноумието завршуваш школо, идеш војска и потоа стапуваш во брак, тоа било алфа и омега, да ги постигнеш овие неколку животни голови, но како што кажав и претходно доста е променет и системот и вредностите во новиов век во кој живееме, ерата на едноумие, конзервативизам и традиционализам е мртва, сега живееме во ера на либералност, демократија и плурализам(различно мислење) !Се слагам донекаде со тебе.Единствено нешто поради кое би се оженил е пронаоѓање на особа која стварно ќе биде разумна личност и ќе ме прифати како вистинскиот јас,исто како што јас би ја прифатил нејзе таква каква што е.