Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Верувај дека поголема штета ќе има ФИФА и УЕФА а богами и лигите доколку тоа се направи него самите тимови. Да можеше тоа да постои ко опција до сега ќе беше направено. Тие фудбалски богови се спремни на секое можно сценарио пошто ова е план правен со години е не преку ноќ.
Тоа што Преседателот на Уефа е морон и дозволи ова пред негов нос да му се случи е друг муабет и показател дека УЕФА не ни треба да постои.
Да, голема штета би имале домашните првенства, али и вака страшно ќе се упропастат првенствата. Елитава ќе стане уште помоќна финансиски, останатите ќе пропаднат повеќе. Ако ги суспендираат од првенствата, многу поголема штета ќе имаат клубовите него ли првенствата. Што ќе напраат. Ќе формираат своја лига 10-15 клуба? Како ќе им функционира? По 4 пати ќе играат меѓу себе за да можат да истераат една сезона? Можда ќе изгураат една-две сезони така и после што? Многу повеќе финансиски ќе изгубат они. Ќе си напраат лига, непризнаена од никој.
 
Што значи сакаат да го направат истото она што УЕФА моментално го прави така? Фамозното ФФП кое го воведоа кое гледаме колку ги спречи ПСЖ и Сити да изнакупат играчи и да си трошат колку што им душа сака.
Еден проблем/недостаток не се решава со создавање на 1000 нови, него со обид да се елиминира/ат истите и да се иде на подобро. Тоа што УеФА доживеа фијаско со ФФП не значи дека сега треба да се организира приватна лига и да се уринира врз помалите тимови, него или да се елиминира тоа мртво ФФП или да се модифицира за да важи исто за сите.
 
Технички можат, ама веројатно ги плаши можноста од создавање на паралелна организација.
Па нека создадат слободно, колку клубови ќе им се приклучат? Туку-така ќе се организираат национални првенства, купови, ЕП, СП итн.?
 
Да имаше можност и опција таква тоа веќе ќе беше направено. Нема никаква правна опција тоа да се случи. Точно лигата постоела пред Челзи и Сити ама таа лига никад не била без нив најквалитетна лига. Губи лигата на квалитет да не зборам и за гледаност што значи помали приходи на лигата помалце пари и исто се случува со тимовите што играат таму. Додека пак во супер лигата нема да искрварат воопшто. Финансиски се покриени дури и тоа да се случи а гледаност посекако ќе имаат што значи ќе имаат и спознори. Можност да нудат многу поголеми плати а спонзорите ќе се најмал проблем.

Челзи и Сити не се месии пратени од небесата да не научат што е фудбал. Поентата ми е ако не се тие тимови тогаш ќе се појават други тимови на крајот на денот кои ќе блескаат. Лигата ќе преживее.

Еве во хипотетичко сценарио на нуклеарна војна помеѓу УЕФА и боговиве, нивната лига моментално има 12 тима. Ако се исклучени од сите натпреварувања тоа се 10 утакмици. Еве 20 тима нека се. Спонзорите не платиле милиони за 18 утакмици. А кај се тука националните ТВ права и други приходи.
 
Добро бе брат, сеа не иде Фифа да одлучува ама Ањели што беше исфрлен у Сериа Б за местење утакмици може да е у топ 4 луѓе и да одлучува кој ќе игра во Супер Лига?

Главното прашање е кој ќе ги контролира Перес и Ањели да не напраат пичвајс и приватна забава од лигата.
Фифа и УЕФА се нужно зло. Не ти е чудно што сите се на нивна страна иако сите пред да се објави ова ги плукаа? Бар уефа?
за тебе ањели е широк поим очигледно

абе никој не те тера да гледаш супер лига со сила и да плаќаш за тоа, остави ги нека пропаднат, сепак е слободен пазар на трудот како што е во уставот на секоја демократска европска земја, не знам што не е тука јасно ?

кој фудбал ќе пропадне, овој денес за кој плаќа реал за бејл 17 милиони годишно а да глуми овај повреден, или за нејмар не знам колку а овај не сака да игра во дфранцуско првенство,а кога се игра за брзил е прва постава исто за лига шампиони ??

фифа и уефа не се зло, ама многу приватни профитабилни организации се загрозени заради скратувањето на профитите, државата НЕ МОЖЕ да ги решава судски овие работи, освен ако не се реши за диктатура
Автоматски споено мислење:

Челзи и Сити не се месии пратени од небесата да не научат што е фудбал. Поентата ми е ако не се тие тимови тогаш ќе се појават други тимови на крајот на денот кои ќе блескаат. Лигата ќе преживее.

Еве во хипотетичко сценарио на нуклеарна војна помеѓу УЕФА и боговиве, нивната лига моментално има 12 тима. Ако се исклучени од сите натпреварувања тоа се 10 утакмици. Еве 20 тима нека се. Спонзорите не платиле милиони за 18 утакмици. А кај се тука националните ТВ права и други приходи.
ама пресмета секој со секого дома надвор 10 утакмици, ај скриј се не дискутирај повеќе
 
Еден проблем/недостаток не се решава со создавање на 1000 нови, него со обид да се елиминира/ат истите и да се иде на подобро. Тоа што УеФА доживеа фијаско со ФФП не значи дека сега треба да се организира приватна лига и да се уринира врз помалите тимови, него или да се елиминира тоа мртво ФФП или да се модифицира за да важи исто за сите.
Точно. Што и ќе се направи. УЕФА е таа што створи ваква можност за овие 12 тима да си направат ваков план и да им успее. И сам знаеш дека ова е нешто што е спремнано со години не е преку ноќ. И убеден сум дека сите овие тимови спремни се на секое можно сценари нешто што УЕФА воопшто не е спремна. Не ме зезај Чеферин е како нешто увреден и изненаден што Ањели го излажал а овој пред недела дена го прашал дали има нешто вистина во гласините овој му кажал не бе брат нема везе уживај и овој му верува на зборот без ништо да провери.


Иначе да форматот без испаѓање на ЕСЛ е лош ама и тоа ќе се промени ќе се дискутира. Едини проблем што сите го имаат со таа супер лига е што тие 12 тима ќе бидат заштитени ко бели мечки. Ама и тој формат ќе се смени само сега треба тие да преговараат со УЕФА и да најдат заеднички јазик. Празни закани од двете страни ништо нема на никој да донесат.
 
шо сакаш да кажеш, приватна забава е еуро и светско ? некоја флиперница организира или сите фудбалски федерации учествуваат ? и крај краева подобрите фудбалери ги купува супер лигата да играат кај нив, ете американци спремни со баснословни суми ја туркаат лигава, ќе бидеш ти задоволен со второлигашки фудбалери да играат репките ? супер лигата е на почеток иначе сигурно ќе има претставници понатаму од големи држави , клубови со милионски аудиториум........следни сигурно поканети ќе бидат руски тимови, а ништо чудно интерконтинентално и американски да учествуваат во иднина..........СЕ е за пари денес, трофеите одамна не носат ниту расход ниту опстанок сами по себе

Па така кажи да знаеме за што станува збор. Богаташко шоу за максимизирање на профит. Забава за богаташите на стадионот, за плебејците пред малите екрани. Таман ете со микрофони судии да биде како ријалити шоу, да осети плебсот како да е дел од забавата.
 
УЕФА ама на ЕП не играат тимови него репрезентации. Да можеа да го направат тоа што се силат дека можат ќе го направеа веќе. Искочија и од FIFPro со изјава за целава ситуација. И да како и да вртиш па најдобрите играчи играат за некој од овие тимови. Мислиш дека во вакво време УЕФА има таков луксуз да си дозовли европско без најдобирте играчи ? Ќе изгубат многу пари на спонзорства и тв права , а богами и гледаност. Квалитетот на рерпезентациите ќе биде смешен. Врти сучи па УЕФА ќе биде во поголема загуба некои клубовиве.
Зашо мислиш дека Германија, Франција, Англија, Бразил, Аргентина и Шпанија еве би го дозволиле тоа?
Зарем мислиш и дека играчите особено тие што се во овие репрезентации би се откажале од Светско првенство?
Па бразилците и аргентинците живеат за Светско првенство, Англичаните се нај арогантен народ у свет, фудбалот им е светиња. Мислиш тек така ќе се откажат од Европско или Светско за да играат у некоја си супер лига ако и тимови од Премиер Лигата им понудат иста плата? (не дека не можат или дека у ПЛ нема уште 10 ултра богати газди).

не е се црно и бело.
 
Па нека создадат слободно, колку клубови ќе им се приклучат? Туку-така ќе се организираат национални првенства, купови, ЕП, СП итн.?
Ко што прочитав до сега ниеден клуб не ги одбил официјално. Имаат доволно левериџ да го истуркаат ова против уефа. Немаат едино против државите.
 
Челзи и Сити не се месии пратени од небесата да не научат што е фудбал. Поентата ми е ако не се тие тимови тогаш ќе се појават други тимови на крајот на денот кои ќе блескаат. Лигата ќе преживее.

Еве во хипотетичко сценарио на нуклеарна војна помеѓу УЕФА и боговиве, нивната лига моментално има 12 тима. Ако се исклучени од сите натпреварувања тоа се 10 утакмици. Еве 20 тима нека се. Спонзорите не платиле милиони за 18 утакмици. А кај се тука националните ТВ права и други приходи.
Да лигата ќе преживее ама никад нема да го има тој квалитет. пошто не се само сити и челзи во причава. И стварно мислиш дека ќе е проблем за овие 12 тима да убедат бар минимум уште толку и да направат формат во кој без проблем ќе имаат по 50тина натпревари годишно? Финансиите се најмал проблем за оваа лига. А верувај спознорите знаат што и каде вложуваат. Веќе од старт оваа лига има продадено тв права за 3.5 милијарди. Па види сеа дали тоа ќе е проблем.
 
Зашо мислиш дека Германија, Франција, Англија, Бразил, Аргентина и Шпанија еве би го дозволиле тоа?
Зарем мислиш и дека играчите особено тие што се во овие репрезентации би се откажале од Светско првенство?
Па бразилците и аргентинците живеат за Светско првенство, Англичаните се нај арогантен народ у свет, фудбалот им е светиња. Мислиш тек така ќе се откажат од Европско или Светско за да играат у некоја си супер лига ако и тимови од Премиер Лигата им понудат иста плата? (не дека не можат или дека у ПЛ нема уште 10 ултра богати газди).

не е се црно и бело.
абе оти верувате дека федерациите ќе остават друг да решава кој да игра за нивната репка ??! на овој начин може само уефа и фифа да бидат поништени еднаш засекогаш
 
Па така кажи да знаеме за што станува збор. Богаташко шоу за максимизирање на профит. Забава за богаташите на стадионот, за плебејците пред малите екрани. Таман ете со микрофони судии да биде како ријалити шоу, да осети плебсот како да е дел од забавата.
Има голем финансиски проблем за клубовите во фудбалот. И покрај толку пари во спортот, самите клубови не се самоодржливи за разлика од, ете америџките франшизи и клубови. Може работата е дојдена нож до коска и спремни се да одат до крај.
 
Зашо мислиш дека Германија, Франција, Англија, Бразил, Аргентина и Шпанија еве би го дозволиле тоа?
Зарем мислиш и дека играчите особено тие што се во овие репрезентации би се откажале од Светско првенство?
Па бразилците и аргентинците живеат за Светско првенство, Англичаните се нај арогантен народ у свет, фудбалот им е светиња. Мислиш тек така ќе се откажат од Европско или Светско за да играат у некоја си супер лига ако и тимови од Премиер Лигата им понудат иста плата? (не дека не можат или дека у ПЛ нема уште 10 ултра богати газди).

не е се црно и бело.
Никад нема да можат да добијат иста понуда за плата од други тимови.
 
Има голем финансиски проблем за клубовите во фудбалот. И покрај толку пари во спортот, самите клубови не се самоодржливи за разлика од, ете америџките франшизи и клубови. Може работата е дојдена нож до коска и спремни се да одат до крај.
радикални времиња - радикални мерки.............на клубовите што ги полнеа стадионите им треба друг прилив на средства да го задржат истото ниво, ако не сака уефа да им овозможи повеќе примања од тв права нормално дека ќе си го најдат патот.........којзнае колкави се загубите поради празните стадиони и фан шопови веќе цела година, проекциите на елитните клубови веќе се неиздржливи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom