Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?

  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Не разбирам кои им се очекувањата на фудбалскиве богови ако ФИФА и УЕФА им забранат на играчите што ќе играат за овие клубови да играат на СП и ЕП и доколку сите федерации ги исклучат од националните лиги.

Штетата ќе биде многу поголема за клубовите.
 
не знам шо се зафаќате дали вреди или не вреди супер лигата, гледајте си вистински фудбал , овие аматерски клубови кој ги тркала нека си играат на нивна пољана...........да се случи со репрезентациите би било навистина фашистичка одлука без преседан, а вака приватни клубови сакаат да играат по други правила пошто би правеле повеќе профит........добредојдовте во 21ви век, па до некни бркавте покемон да заработите,а сеа нешто не ви е јасно овде
 
Сега оние од Супер лигата читаат и си велат "Ејјј Билбао и Ајакс не го поддржуваат проектот, дај заеби тогаш не прајме лига".

Кој ги прашува...

Као што гледам сите што нема да земат дел од колачот се против лигата. Многу јасно.
И пензионерине исто. Да беа активни се уште по Манчестер, Ливерпул немаше збор да кажат.
 
Последно уредено:
Не разбирам кои им се очекувањата на фудбалскиве богови ако ФИФА и УЕФА им забранат на играчите што ќе играат за овие клубови да играат на СП и ЕП и доколку сите федерации ги исклучат од националните лиги.

Штетата ќе биде многу поголема за клубовите.
не можеш да забраниш играчи да не настапуваат во репка, едноставно не можеш.........или само ако сакаш да докажеш дека си фашистичка организација
 
Верувај дека поголема штета ќе има ФИФА и УЕФА а богами и лигите доколку тоа се направи него самите тимови. Да можеше тоа да постои ко опција до сега ќе беше направено. Тие фудбалски богови се спремни на секое можно сценарио пошто ова е план правен со години е не преку ноќ.
Тоа што Преседателот на Уефа е морон и дозволи ова пред негов нос да му се случи е друг муабет и показател дека УЕФА не ни треба да постои.
 
Кај пишува дека не можеш?

Ете нека формираат Ањели и Перез држави и нека си направат национални тимови и нека играат СуперЕуро.
 
Фифа и Уефа не ги признаваат тимовите. Едноставно таа лига ја прогласуваш за невалидна и играчите од таа лига не смеат да играат на натпреварувања организирани од УЕФА или ФИФА.
Просто е, не забрануваш ти директно, ниту пак вршиш некој фашизам. Си има правила, 1000 клубови има во европа а и светот, ти забрануваш со закон 12 клуба. Едноставно не се легитимни и тоа е тоа. :)
 
фудбалери државјани ги бира селектор , не може на еуро или светско.........дај ти оти не можат ?
Автоматски споено мислење:

ако знаеше шо е фашизам немаше вака да реплицираш
 
Па не е баш така. УЕФА и ФИФА немаат никаква правна основа да го направат тоа. И FIFPro здружение на играчите што е нешто како синдикат експресно даде изјава дека нема никаква опција да на играчите им биде забренето да ги преставуваат своите земји.
 
Верувај дека поголема штета ќе има ФИФА и УЕФА а богами и лигите доколку тоа се направи него самите тимови. Да можеше тоа да постои ко опција до сега ќе беше направено. Тие фудбалски богови се спремни на секое можно сценарио пошто ова е план правен со години е не преку ноќ.
Тоа што Преседателот на Уефа е морон и дозволи ова пред негов нос да му се случи е друг муабет и показател дека УЕФА не ни треба да постои.

Премиер лигата постоела пред Абрамовиќ да дојде во Челзи и пред Сити да стане фактор. Истото и со другите лиги.

Скрати им 38 утакмици плус Куп, забрани им на играчите да играат за национални тимови, па нека преговараат за измени на договори, спонзори кои протестираат и слично.

Па ај да видиме кој ќе искрвари прв.
 
Па не е баш така. УЕФА и ФИФА немаат никаква правна основа да го направат тоа. И FIFPro здружение на играчите што е нешто како синдикат експресно даде изјава дека нема никаква опција да на играчите им биде забренето да ги преставуваат своите земји.
А има ли право Уефа да го банира Милан една година од европски такмичења?
 
фудбалери државјани ги бира селектор , не може на еуро или светско.........дај ти оти не можат ?
Автоматски споено мислење:

ако знаеше шо е фашизам немаше вака да реплицираш
Да да баш ова е фашизам. Мусолини и Чеферин тука се, дури чеферин и полош е. ФАШИЗАМ бе :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom