Јас повлеков мислење базирано на мое искуство, што е во ред да не се сложувате со мене бидејќи по тоа прашање сите сме различни.
Се сеќавам кога бев основно, не знаев што е рамнокрак/рамностран триаголник, не ми ни беше важно, се што сакав е да одам на физичко и на тренинг. Моите, за моја среќа беа фини со мене, а јас станував во 6:05 за да напишам домашно за часот во 7:30. Не бев единствен. Книга дали отворив 50 пати вкупно дома, а времето го минував исклучиво пред компјутер.
Од друга страна, имаше соученици кои од дома ги „дисциплинирале“ редовно да учат, излегуваа најкасно до 10 и такви некои закони со кои беа удавени во учење историја за до следниот петок.
За да не биде долго резиме, џабе беа сите нивни учебници и целото нивно учење во младоста ако таквите постапки ги приморат подоцна да си ја вратат „младоста“ и баш во најтенките моменти(на факултет) откажат.
Сега ќе си речеш, па има талентирани ученици на нив им треба книги, тие редовно учат и не попуштаат со дисциплина. Но баш затоа што се талентирани, овие теми што се по нашиве учебници веќе им се поминати оддамна, па мораат да се снаоѓаат преку материјал достапен електронски. Платото професор:талентирани ученици е цела гранка за дискусија и е тесно поврзана со писменоста на тие професори што си ги опишал погоре.
Најсериозен проблем е кадарноста на професорите, некој упорно ги штити, друг проблем е наметнување задолжителни предмети во настава, пак некој штити некого(жално е сите до еден да се образуваат со ликовно образование, 6 години по ред), а темава дигитално/хартија јас ја гледам низ оваа призма, ако нечие знаење(па и патот до него, дисциплината за учење) се базира вистински на тие учебници(затоа што се хартиени), тогаш би немал избор да поддржам дигитални учебници како супер идеја.