Кинеска Синофарм или руска вакцина Спутник В против SARS-CoV-2?

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Па добро државата плаќа за вакцини од буџетот кој се збира од даноци и профит од граѓаните, така да врти сучи пак плаќаш ти.
Работата е дека Компанија секогаш ќе сака да ти наметне нивен производ независно дали тебе ти треба или не.
2004год. фармацевтските компании креираа вакцина за Свински Грип и имаа произведено бројка од неколку милиони дози. Се аплицираа неколку десетици илјади.
Останато заврши во отпад. Некој таму проценил или не се собрале доволно аргументи за да се аплицираат тие вакцини.

Сега е поинаква ситуација и се додека постои и најмала шанса и Организации и платени доктори и научници одобруваат да се прави монетизација на оваа пандемија ќе има и вакцинации и ќе се држи народ во некој благи стеги.

брале, на државите повеќе фајде им е да нема вирус него што некои фармацевтски компании да се офајдат. Сите држави губат милиони и милијарди од овој вирус на дневна база. Немој да мислиш дека некому му дошло до фармацевтските компании и нивниот профит. Они само нудат производ што е излаз од ситуацијата и логично е да им се троши. Без него е полошо. Така да, мора да го прифатиме тоа.
 
Ај да речеш фармацевциве да продаваат лекови или вакцини кои не помагаат ќе речев дека се мафија. Ама па продаваат вакцини кои помагаат за 20 долари доза, можеби и помалку, во тек на пандемија. Излишени се овие муабети малце.
 
... низ цел свет Х дози по 20 $ колку е тоа? и Х цена на ковид тестови за детекција?
 
... низ цел свет Х дози по 20 $ колку е тоа? и Х цена на ковид тестови за детекција?
Тестовите се од други производители. Многу повеќе компаниите заработуваат од друго него од вакцини. Peanuts би рекле.
 
тие неколку милијарди што фајзер ќе ги заработи се капка у морето со тоа што сад го губи на дневна база. Многу глупава ми е идејата кога се спомнуваат тие фармацевтски компании и се коваат завери околу нив. Не дека не се тие лисици, али да помислиш дека целиов вирус е ради нив за да праат пари треба две семки у главата да немаш.
 
Требаше да ги направат опен сорс вакцините како што го направија геномот на вирусот, ама пак ќе кажам, капитализам, тоа е реалноста. Не значи дека сите се потплатени.
Вирусот мутира, вакцините губат ефикасност и потребни се повеќе дози, компаниите при тој процес профитираат ама ако тоа значи пандемијата да сопре и ние да се заштитиме тогаш немам ништо против.
За приказни и теории на заговор не вреди да се троши време и без врска да се трупаат постови во темава, која и онака не е за тоа.

Сакав да кажам ако ви треба заштита периодов а немате избор земете Синовак, подобро е него ништо, понатака секако за сите најверојатно ќе треба и трета бустер доза.
 
Вирусот мутира, вакцините губат ефикасност и потребни се повеќе дози,
...не се потребни повеќе дози од исти вакцини која е логиката? ако две дози нема да помогнат десет ќе ти помогнат?
...тука има поинаква состојба за разлика од други вируси и нивни вакцини што ги примаме со активна или пасивна имунизација, зборуваме за мутирање на коронавирусот со што и самите вакцини треба да се прилагодат на тие мутации, да се редефинира структурата на антиковид вакцината и со тие да се вакцинира популацијата, а не со антиковид вакцини произведени во мај- август 2020 год ќе вакцинираш три дози 2021 во септември третата...не иде така тоа!
 
Не знам што не е јасно во тоа што сум го напишал? Aнтителата се намалуваат после одреден временски период, тоа е една причина за нова доза. Вирусот мутира, тоа е втора причина. И во двата случаи вакцината губи ефикасност, тоа сум го напишал. Нигде не реков дека третата доза треба биде баш иста вакцина.
Јас ова го читам, не го измислувам.

The two main arguments to support giving a third dose are that the effectiveness of the first two jabs falls over time, and that there’s a need to take new vaccines to deal with viral variants, such as the delta variant
 
Не знам што не е јасно во тоа што сум го напишал? Aнтителата се намалуваат после одреден временски период, тоа е една причина за нова доза. Вирусот мутира, тоа е втора причина. И во двата случаи вакцината губи ефикасност, тоа сум го напишал. Нигде не реков дека третата доза треба биде баш иста вакцина.
Јас ова го читам, не го измислувам.
... антитела не може толку брзо да се намали до ревакцинација или може?
... коментираме тука не знам зошто вака нервозно, лично ништо не ти реков имаш твое мислење, само се надоврзав дека треба вакцинирање со веќе нови вакцини кои ќе бидат всушност старите ама со измени во структурата поради новите мутациите, а не да биде ревакцинација со истата вакцина која веќе се прими две дози ефектот на вакцината не се намалува од намалена антитела, туку од нов мутирачки вирус што таа веќе стекната антитела не го препознава!
... така ли делувам, дека се карам? :(
 
Последно уредено:

Нема ни карање ни нервоза, може само така звучи :)

Антителата на кинескиве јас како што читав скоро да исчезнуваат после 6-7 месеци, а нели нема клеточен имунитет.
Toа што го пишуваш има логика, не се противам, само што јас нигде не реков дека третата треба да биде иста или да се прима во септември. Само реков дека најверојатно ќе има трета доза кај сите вакцини поради факторите што веќе ги спомнавме. Е сега дали тоа ќе биде од друг производител, дали истиве ќе ги "надградат" итн. останува на видиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom