Попис 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Од тоа што разбрав, веќе се скоро готови со теренско попишување. Сега ќе ги бркаат тие што не се попишани, затоа и отвораат канцеларии по општини за попишување таму на лице место. Ваљда и ќе замараат на врата почесто сеа.
 
https://www.telegram.hr/politika-kr...mItZvzwG6twg1BUzcj6AYfGpE-V1JdxdGmR_2xFz-2PkU
Во Хрватска не се чувствуваат загрозени од други религии, но се разви одбојност кон црквата, поради попвеќе работи, посебно поради веронауката во училиштата...
Патем, не е нелогично некој кој за време на ехЈу се декларирал атеиста пак да се декларира...
кај нас нема овакви расправии, барем засега, само етнички ултиматуми, колку албанци, колку турци, колку блгари, не чувме колку роми треба да има...
 
Конечно ме посети и мене. Не се нешо многу мачеше да ѕвони повеќе пати. Брзо си отиде.
Мислам дека околу 150-200 илјади го бојкотираат пописот.
Фино лепо газда Зеко ќе го прогласи за успешен.
Тие не излегоа да извадат листа на загинатите во болницата, не пак некој да докаже дека 150-200к не се попишале :)
 
Kaj мене у зграда, ѕвонеше два-пати само. Вториот пат кога беше, само им остави свој број на врата, на тие кои не отворија.
и толку
више не се ни појави

Ваљда останативе комшии кои се попишаа му рекле да не се мачи уопште со нас.
Автоматски споено мислење:

Очекувам сега, ко на фејзбук шо праи, да се појави од негде Лет3 и да запрети со прстето, околу тоа како нас ќе не попишеле на суд и како веќе се пуштени казните.
 
Фино лепо газда Зеко ќе го прогласи за успешен.
Тие не излегоа да извадат листа на загинатите во болницата, не пак некој да докаже дека 150-200к не се попишале :)

Таманка ако им фалат 150 илјади, браќата да скокнат на 30% и забавата може да почне.
Автоматски споено мислење:

Kaj мене у зграда, ѕвонеше два-пати само. Вториот пат кога беше, само им остави свој број на врата, на тие кои не отворија.
и толку
више не се ни појави

Ваљда останативе комшии кои се попишаа му рекле да не се мачи уопште со нас.
Автоматски споено мислење:

Очекувам сега, ко на фејзбук шо праи, да се појави од негде Лет3 и да запрети со прстето, околу тоа како нас ќе не попишеле на суд и како веќе се пуштени казните.

Кај мене сеа си ја проба шансата по втор пат во ист ден. Изгледа некој од тие на кои оставил ливче се јавил да дојде, па проба пак едно ѕвонење.
 
Наводниов бојкот е реален колку што анкетата за локалните, 52% за левица...
 
Вчера ми дојде на врата Mr Heckles од Friends. Ако вакви ликови вработуваат за попис тогаш не е ни чудно што сме курташак држава. Типот беше изгубен, мислиш 2 асида изел и рака печурки, па дури и ми спомна за неговата желба од кога ќе собере пари од оваа работа да си купи синтисајзер со матрици за да свири во кафана. Секако од кога дозна што работам ме праша дали имам и јас матрици на што му одговорив дека свирам исклучиво во живо. Се насмеавме, си свртевме луд муабет и си посакавме се најдобро. Реално, многу глупости има а многу малку детали се опфатени во прашањата и можностите кои ти ги даваат за одговор, по што ми е јасно дека неписмен го склопувал истото ама тоа е што е, живееш во вукојебина.
Секако сакав да се попишам бидејќи е мое право да бидам евидентиран како мастраф во дуќанот наречен "Курташакдонија", а и да не останам покус попишав уште 4ца на моја адреса. На крај краева тука живеам и фигурирам, па макар и лажги да сме што вика Колозов. Кад је бал нек је маскенбал.

А овие ќе висат еден ден и ќе јадам пуканки додека го гледам тоа. Здравје само.
 
Наводниов бојкот е реален колку што анкетата за локалните, 52% за левица...
така е
Но зошто тогаш толкава галама околу бојкотот?
Купување реклами, билбоарди, закани по медиуми...

Искрено, сеедно ми е колкумина бојкотираат, веќе сум рекол, нема зошто да се учествува во овој албански инжињеринг. Кога ќе им попис нека викаат.
 
До вчера, 20:00, попишани 1 460 552 граѓани. Тоа за 20 дена. Остануваат уште 5, ако остане истиот просек по ден, на крај испаѓаме 1 825 690. Ова без дијаспора, нормално.
 
До вчера, 20:00, попишани 1 460 552 граѓани. Тоа за 20 дена. Остануваат уште 5, ако остане истиот просек по ден, на крај испаѓаме 1 825 690. Ова без дијаспора, нормално.

Колку што разбрав веќе имаат покриено скоро сегде на терен така да што бројките би требало да почнат да паѓаат, освен се разбира ако не ги фејкаат. Ова ваљда им се сите внесови во системот, а ја знам двајца тројца што се на две места попишани и ќе треба едно попишување да се брише. Тешка калакурница. Којзнае кои гимнастики ќе ги праат после да дојдат до потребните бројки шо се договорени.
 
До вчера, 20:00, попишани 1 460 552 граѓани. Тоа за 20 дена. Остануваат уште 5, ако остане истиот просек по ден, на крај испаѓаме 1 825 690. Ова без дијаспора, нормално.
За 18 дена да те поправам. 2 дена не се излегуваше воопшто на терен и 5-6 дена софтверот зезаше...

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Со попишани милион и пол граѓани заклучно со денеска можеме комотно да го прогласиме пописот 2021 за успешен ... на здравје :pijani: нек пукну душмани :kuracc::masa::pijani::kuracc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom