Ивермектин, антипаразитски лек во лечење на КОВИД19

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Богами и треба! Зашто не кажат дека повеќете студии не докажале никаква предност за сумамед, плазма итн. Од каде го најдоја овој лек не знам.
Навистина некој треба да одговара со тоа што не отруа со шест таблети сумамед, па потоа Панцеф,. Како вода да препишуваа а не јак антибиотик...најстрашно е тоа што докторите гледаа дека нема позитивни ефекти за заболениот од корона , но упорно си штанцаа една иста терапија за сите.
Откако ми се влоши состојбата и ме разорија со сумамедот, ме ставија на кортико терапија.
Никој во оваа држава не одговара што ќе те доразболат...:(
 
Таман помислив дека некого во МАНУ ќе го примат заради шугавиов лек, штета
Lekot voopstvo ne e sugav, super si e, samo dokolku se koristi za toa sto e namenet. Se koristi ivermectin kaj lugjeto, no vo Afrika nekade kade sto ima odredeni parazitarni bolesti kako terapija. Za veterinata i ne sakam da zboruvam, mene mi e eden od omilenite lekovi.
 
Така де, така и мислев. Да се користи за тоа што е наменет
 
... неколку колеги во своите актовки додека ги отвараат за некои документи гледам пакување од ивермектин објаснувајќи дека ги носат за секој случај ако се почувствуваат омалаксани веднаш ќе се напијат :unsure:
...ја гледам кошивката со пакување ивермектин како иде од матичен накај дома, ми вели „матичната ми го препорача превентивно да го пијам“, ја прашав дали има симптоми или на било што се жали, ми одговори дека супер се чувствувала, ама за секој случај за заштита ќе пиела ивермектин,

...се прашувам, ако ивермектинот се препишува според препорака на лекар, баш сакам да ми се објасни како тоа делува превентивно против болеста КОВИД19!
 
Еве едно добро видео за Ивермектинот, шо е, за шо се употребува, како дејствува врз организомот а воедно и врз вирусот. Стручно објаснување на народски јазик за секој да разбере....

https://www.youtube.com/watch?v=2ZtW6Ex3zY0
 
( 3:15 од видеото) што со недокажана оштетена мозочна бариера, односно кој ни гарантира дека токму кај нас нема да се „протне“ ивермектинот низ мозочната бариера, па да ни ги „умртви“ мозочните клетки како што го прави со паразитите?

прашање, дали вреди ваков ризик да се пие однапред како профилакса уште незаразени, неинфицирани со коронавирус да се примени инвермектинот? јас лично не наоѓам оправданост за „превентивна / профилактичка“ примена,
(5:53 ),,инпортин,, се блокира под дејство на ивермектин да не се лачи супстанца интерферон, прашање, ако тоа е природна одбрана на нашето тело, ние всушност делуваме против имунитетот, да пиеме имуносупресивен лек за превенција/ профилакса? - не би рекла,

(9:26) лекот „дексаметазон“ по најнов протокол не се применува кај пациентот со „цитокинска бура“, туку послаби антиинфламаторни лекови како метилпреднизон или преднизон,

прашање, дали ивермектинот се користи за спречување на „цитокинска бура“ во телото како пребурна имуно реакција од инфекцијата со коронавирус или се применува за уништување на вирусот (анитвирално дејство) како што ги уништува паразитите (антипаразитско дејство) ?
 
Според, докторот кој ме застана на нозе од автоимуно заболување, сите ние во себе носиме вируси, бактерии, паразити...Со текот на времето тие се таложат во телото и се јавуваат воспаленија како резултат на кои организмот старее и се разболува. Не гледам причина, зошто превентивно да не се земе лекот, ќе помогне и кај други состојби; во Австралија веќе имаат изработено протокол од нивното Министерството за здравство за користење на истиот: https://covid19criticalcare.com/
 
( 3:15 од видеото) што со недокажана оштетена мозочна бариера, односно кој ни гарантира дека токму кај нас нема да се „протне“ ивермектинот низ мозочната бариера, па да ни ги „умртви“ мозочните клетки како што го прави со паразитите?

прашање, дали вреди ваков ризик да се пие однапред како профилакса уште незаразени, неинфицирани со коронавирус да се примени инвермектинот? јас лично не наоѓам оправданост за „превентивна / профилактичка“ примена,
(5:53 ),,инпортин,, се блокира под дејство на ивермектин да не се лачи супстанца интерферон, прашање, ако тоа е природна одбрана на нашето тело, ние всушност делуваме против имунитетот, да пиеме имуносупресивен лек за превенција/ профилакса? - не би рекла,

(9:26) лекот „дексаметазон“ по најнов протокол не се применува кај пациентот со „цитокинска бура“, туку послаби антиинфламаторни лекови како метилпреднизон или преднизон,

прашање, дали ивермектинот се користи за спречување на „цитокинска бура“ во телото како пребурна имуно реакција од инфекцијата со коронавирус или се применува за уништување на вирусот (анитвирално дејство) како што ги уништува паразитите (антипаразитско дејство) ?
Во западна Европа НЕ се користи.
 
На тема Ивермектин:

За ова прв пат слушнав пред еден месец.. Луѓево зимаа ивермектин за напредна фаза на рак по препорака на нова, јапонска терапија...
 
Ќе ме наречат одма антиваксер, ама искрено ме интересира ова. Ако веќе има докази дека некаков лек при негова употреба имал 100 процентна успешност и дека ефикасноста се чувствувала уште другиот ден, дека Јапанци тврдат дека лекот врши работа итн итн итн... Зошто упорно се форсира вакцинација кога знаат дека имаат „решение“ или некаков барем почетен стадион на каков-таков лек?
 
па не е само Јапан
Видете како Индија стигна таму кај што е, од таму кај што беше.
 
Најголемиот scam е инвермектин за covid. За другите намени ок си е.

Најголемиот scam е инвермектин за covid. За другите намени ок си е.

Не ми е потребна студија кога на дело се покажа лекот дека делува, поготово во комбинација со цинк.
И уште нешто: како е измама кога никој не профитира од Ивермектин. Лекот има изгубено патентна заштита. Значи генерички лек е и секој може да го направи за ниска цена.
Вакцините, од друга страна, им донесоа милијарди на големите фармацевстски компании. Така да, не знам, размисли уште еднаш кој би имал мотивација да те лаже.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom