Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Види ги Швњѓаниве ејјјј.
После експертизите кои ги дадов на почеток, заслужувам бан од ракомет едно 3 години :D
Да заврши првенствово и ќе се цитирам сам со мојата епска днопертиза. :pos: :pos: :pos: :pos:

Шведска слабите.

Џонтра Врањеш и Коњаникот Ване.
 
На ова првенство Шведска уште еднаш покажува дека во ракомет и генерално во спортот не се победува поради индивидуален квалитет,туку поради борба,желба и тимска игра.
Баш ми е драго што Шведска влезе во финале и онака Франција веќе досадни станаа да ги гледаме како играат финалиња и освојуваат медали.
 
Бреј послабо голманско издание од она на француските голмани денес немам видено во животот. БРЕЕЕЈ нишшто не одбранија, ги осакатија од крила Швеѓаните. Тотално заслужено финале, предобар турнир до сега за нив.
 
Нема што, секоја чест за Швеѓаните, најубаво играат (y)
 
Митревски е Ландин за овие покемониве од Франција, можеби и најслаб настап на голмани во едно полуфинале, беда.
 
Нема ти што да се цитираш, верувам @cholismo ќе го направи тоа за тебе. :D
Само ќе го упропасти хуморот. На Стек ќе му остаам плодна почва за да ожнее милион лајкови и хаха-вци. :D

Барам извинување од страна на Џонтра :pipi:
Важи. Коа ќе кажеш мислење пред почетокот на првенството а не у 5то коло. :smirce:
 
  • Хаха
Reactions: ob1
Само ќе го упропасти хуморот. На Стек ќе му остаам плодна почва за да ожнее милион лајкови и хаха-вци. :D


Важи. Коа ќе кажеш мислење пред почетокот на првенството а не у 5то коло. :smirce:
Абе колку сака нека се десеткувани Шведска во составот ќе извадат некој младинци од школата ќе изиграат подобро од сите :)
Не сум оптимист за нашиот настап од причина шо немаа време да се спремаат за ова првенство, пет до дванаесет им кажаа дека ќе одат на Светско ама што да не нека изиграат машки, не е тешка групата.
:oeoeoe:
Како ги потценувате тука Шведска од сам старт на првенството, Скандинавска екипа никогаш не смеј да се потцени и со трета постава да играат,имаат школи тие таму не е ова Зеленортска Република па ајде не му играат три играчи готово пропаднаја.

Певај :coffee::rolleyes:
 
843922i9916ADEB043FABAC
 
Види ги Швњѓаниве ејјјј.
После експертизите кои ги дадов на почеток, заслужувам бан од ракомет едно 3 години :D
Абе не е дека некој ја потценува којзнае што. Шведска на прошлото ЕП беше главен домаќин и еден од главните кандидати за злато. На тоа првенство се пијанчеа, не беа ни нешто мотивирани, а сите им играа. Им се случи распад систем во главната рунда (мислам загубија ептен од Португалија). Пред првенството делуваа некако немотивирано и дост играчи им откажаа. И не се очекуваше ништо од нив.
Си се бореа до крај и искористија максимумот од тоа што го имаа + телефон тактики и стигнаа до финале (може и злато да освојат). И за тоа браво за нив. Никој овде не ги потцени намерно.
 
Од заслужено во 1/4 финале, па 1/2 финале до НАЈЗАСЛУЖЕНО финале, секоја чест за Шведска ! :bravobe:
Да ја спуштиш Франција на 25,26 гола не е мала работа, браво, доказ дека функционирала одлично одбраната и одличен на гол Паличка !
Преку таквото ми дојдоја французите, ептен ги замразив, така се провнаја и со Унгарија во 1/4 финалето, ептен ми е криво за Маџарите, многу сакав тие да одат во 1/2 финале, ќе беше доста интересно со Шведска, па и вака ми се напрај мерак шо испадна Франција.
Ване играчиште :cuc::cuc: Готфридсон, неговото искуство вреди злато во оваа Шведска, многу корисен играч, Клар исто одличен бек, брз проток на топка, скоро сите акции во напад одат преку него, како по ноти, вроден му е овој спорт на скандинавците.

Во другото полуфинале, очекувам доста интересен меч, тесна утакмица, пак според обложувалниците благ фаворит е Данска, исто како со Норвешка, јас пак одам контра нив како и тогаш :D Повторно му давам предност на Шпанија, заради искуството и уиграноста на ова СП, доста добро играат, ја сомелија Норвешка, ќе биди интересно со Данска, искрено повеќе ги обожавам Данска, ама давам шанси за победа на Шпанија.
 
Предноста на Шпанија е селекторот кој е далеку подобар стратег од Јакобсен. Нема да ме чуди ако не и оди на Данска да пробува пак 7 вс 6 и да биде удавен со голови на празен гол. Многу работи и од Хансен ќе зависат, ако е он на ниво ќе добие Данска.
 
Го изнервираа Хансен, ќе се искупи за дуелот против Египет
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom