Постепено штедење - препорака за банка

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.843
Поени од реакции
1.636
Сакам да ги одбегнам Стопанска и Комерцијална пошто има редици од 1000 луѓе.

Веќе имам сметка во Тутунска.

Најважно ми е банката да е стабилна, па со оглед на изборот во МКД ако може некој да даде мислење:

- Халк банка
- Шпаркасе
- Стопанска (онаа битолската)
- Silk Road

итн.

Благодарам однапред.
 
Не им ги давај, ќе ти ги земат!
 
Не им ги давај, ќе ти ги земат!

- Рече пријател му на paraglajder, што беше во Еуростандард, и сега си игра брканица за 20 000 евра, пошто државата му гарантира 30 000.

Пак негова грешка што турил повеќе од 30 ама и да се 30, зошто збрки да си правиш.
 
После случувањата со Еуростандард банка, треба да сум луд да штедам на долг рок во мк, или само времено и парите ќе ги инвестирам во недвижности (ниви, пасишта и останато земјоделско земјиште) ако пак имам повеќе само дуќани или плацеви и викендици од панел би правел оние hot & hot куќи за кои не треба дозвола за градење односно за кои не треба да се плаќаат комуналии. :D
 
- Рече пријател му на paraglajder, што беше во Еуростандард, и сега си игра брканица за 20 000 евра, пошто државата му гарантира 30 000.

Пак негова грешка што турил повеќе од 30 ама и да се 30, зошто збрки да си правиш.
Па не во таа смисла него едноставно се копилиња.
Во Април ставив 150.000ден. на пасивна трансакциска сметка која ми стои така ради реда од времето.
Чисто ете да не ми стојат дома парите, да ги заборавам да се најдат некогаш......

Ја отварам некни гледам се направиле. 149.880ден.
Април, Мај Јуни Јули Август никој ништо не земал.
Септември Октомври Ноември и Декември - Секој месец по 30ден. Прочешлав во тоа историјата на трансакции пишува уредно "Месечна провизија за период од 01.11.2020-30.11.2020 година"

Во тоа ценовникот скапан фино лепо пишува
uY78Rnb.jpg

Нит сум извршувал трансакции, за да креираат изводи дефакто не ни имам 1 извод а камоли 2!
Немам никакви кредитни дебитни картички.
Никакво инфо не ми стасува ниту на телефон ниту на е-маил

Едноставно имам сметка која почнува со 240-.......... и им имам дадено пари за полека да ми ги земаат!!!! Значи ако сум оставил јас пари за банката да ги работи ваљда ми следува ако не камата барем да останат исти. А не да ги губам постепено.

Во Халк Банка имав сметка која 2 години не ми беше активна. Кога стапнав во банката ми рекоа дека влегла во минус!!!! 360ден. во минус! Обична денарска сметка на физичко лице слегла испод 0 ден.
Образложение - Сум имал некакво Електронско банкарство кое се наплаќало секој месец и се збирале провизии.
Кога побарав да ја затворам сметката ми ги побараа парите да им ги исплатам па да ја затворат

Јас немам проблем со нивниот лихварски менталитет. Си зел пари - Ќе си плаќаш брачко. Ја плаќам кредит со 7.5% каматна стапка +30% на вредноста од земените пари враќам камата!!! Ама ако дужен сум!!! Кај што си го дал газот под вересија ќе си плаќаш.
Али за свои пари некој да те јебе и да те краде така ситно суптилно и умешно? Е нече мочи!
 
Банките се зло без кое се не може во овој 21 век, за наши пари кај нив камата нема, тие си работат со нашите пари, заработуваат, а за користењето на нашите пари не ни плаќаат, а ние за користењето на ,,нивните" пари т.е. нашите им плаќаме камата, а е иста работа, и ние им даваме на некој начин заем како што и тие нас ни даваат, кога има камата за нив треба да има и за нас.. Треба да се прочешлаат законите од банкарскиот сектор и со една добро срочена иницијатива до Уставен суд, да се бара укинување на овие небулози кои се во корист на банките.
 
Па не во таа смисла него едноставно се копилиња.
Во Април ставив 150.000ден. на пасивна трансакциска сметка која ми стои така ради реда од времето.
Чисто ете да не ми стојат дома парите, да ги заборавам да се најдат некогаш......

Ја отварам некни гледам се направиле. 149.880ден.
Април, Мај Јуни Јули Август никој ништо не земал.
Септември Октомври Ноември и Декември - Секој месец по 30ден. Прочешлав во тоа историјата на трансакции пишува уредно "Месечна провизија за период од 01.11.2020-30.11.2020 година"

Во тоа ценовникот скапан фино лепо пишува
uY78Rnb.jpg

Нит сум извршувал трансакции, за да креираат изводи дефакто не ни имам 1 извод а камоли 2!
Немам никакви кредитни дебитни картички.
Никакво инфо не ми стасува ниту на телефон ниту на е-маил

Едноставно имам сметка која почнува со 240-.......... и им имам дадено пари за полека да ми ги земаат!!!! Значи ако сум оставил јас пари за банката да ги работи ваљда ми следува ако не камата барем да останат исти. А не да ги губам постепено.

Во Халк Банка имав сметка која 2 години не ми беше активна. Кога стапнав во банката ми рекоа дека влегла во минус!!!! 360ден. во минус! Обична денарска сметка на физичко лице слегла испод 0 ден.
Образложение - Сум имал некакво Електронско банкарство кое се наплаќало секој месец и се збирале провизии.
Кога побарав да ја затворам сметката ми ги побараа парите да им ги исплатам па да ја затворат

Јас немам проблем со нивниот лихварски менталитет. Си зел пари - Ќе си плаќаш брачко. Ја плаќам кредит со 7.5% каматна стапка +30% на вредноста од земените пари враќам камата!!! Ама ако дужен сум!!! Кај што си го дал газот под вересија ќе си плаќаш.
Али за свои пари некој да те јебе и да те краде така ситно суптилно и умешно? Е нече мочи!

Па не се прави тоа така. Ќе си ставиш депозит на истата трансакциска сметка на која што примаш плата, приходи итн. итн. за која што секако плаќаш 30 мкд за одржување и ќе ги орочиш тие пари на одреден временски период (има можност да ги разрочиш по потреба кога сакаш). На тој начин ќе ти стојат тие пари на страна и плус ќе ти капе некој процент камата. Значи таа сметка што ти стои така затвори ја и тие пари орочи си ги со депозит на главната трансакциска сметка.
 
Да ама на главната сметка кај што земам плата, имам и кредит! Дали банката ќе ми ги чува парите или ќе си ги дрпне за свои потреби?
6 години плаќам кредит. Јас досега немам земено цела плата
Кога и да легне платата.. Првин си ја наплаќаат ратата од кредитот па за мене што ќе остане.
Ако по некоја случајност после 1-ви од месецот останале 2 денари или Мој ДДВ ми уплатиле или незнам што, банката ги шмука одма.
По ѓаволите!!!! Пред 15ти не можам ни да ставам пари да си купам нешто Online од Ebay или Алиекспрес. Ако не е покриена ратата од кредитот. Јас ќе ги уплатам на сметка додека сум стасал дома. Парите ги нема! Резервирани се за кредитот.
 
Па по се изгледа најдобра опција ти се Биткоинти.Гледам отишол у плафон.Ем ќе ти рипаат парите ем извини на изразот ама ќе ти бричат знаеш што.Банкиве се паразити и секогаш тоа биле.Можеш и он лине да си пазариш што сакаш со него.И плус како ќе се крева цената така ќе бидеш ќар.Ако си купел тогаш спрема цената до сега ќе си имал дупло пари и нема да има контакт банката до нив.Единствена крипто што нема контрола банката.Банките купуваат ама ги немаат да ги штампаат
 
Не бе брат, чист комар се крипто валутите. Изгорев еднаш 1500 евра, и доволно ми беше.
 
Да ама на главната сметка кај што земам плата, имам и кредит! Дали банката ќе ми ги чува парите или ќе си ги дрпне за свои потреби?
6 години плаќам кредит. Јас досега немам земено цела плата
Кога и да легне платата.. Првин си ја наплаќаат ратата од кредитот па за мене што ќе остане.
Ако по некоја случајност после 1-ви од месецот останале 2 денари или Мој ДДВ ми уплатиле или незнам што, банката ги шмука одма.
По ѓаволите!!!! Пред 15ти не можам ни да ставам пари да си купам нешто Online од Ebay или Алиекспрес. Ако не е покриена ратата од кредитот. Јас ќе ги уплатам на сметка додека сум стасал дома. Парите ги нема! Резервирани се за кредитот.

Па добро јас ти кажав како да правиш ако не сакаш да ти зимаат тоа 30 денари месечно, кредитот е друга тема, треба прво да се раздужиш па да штедиш :)
 
Ова ти е критериум по кој бираш банка?

Комерцијална
НЛБ
Стопанска

се најстабилни.

Благодарам на одговорот.

НЛБ - веќе имам сметка
Стопанска - незнам како е кај вас, али во Кавадарци е калакурница. Цел ден ќе го изгубиш за да влезеш работа да си завршиш
Комерцијална - за ниво помала калакурница од Стопанска...

Па затоа сакав да побарам совет за четврта, пета стабилна банка.
 
Шпаркасе/Охридска?
 
Шпаркасе/Охридска?

Ги имаме и двете во Кавадарци. Особено Охридска - штама е, кога влегуваш внатре мислиш твоја лична банка е. Човек нема внатре. Не сум знаел дека добро котира на државно ниво?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom