Дали зборувате за секс со родителите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување

Дали зборите за секс со родителите?


  • Вкупно гласачи
    339
Мајка ми често пати ме потсеќа истовремено зафкава :што и да праиш, гледај само некоја трудна да не тропне на врата :pos2: , иначе сме разговарале на таа тема, во детаљи не, се случило 1-2пати да паднеме муабет на таа тема и толку, а и мн, мн, не ги гледам моите дома, така да немам време за разговори и муабети:helou:
 
Да.
Еднаш со мама,коа ми најде кондоми у фиоката.
И два-три пати со татко ми.
Ама никогаш нешто поконкретно.Некако ми е чудно за тоа да зборувам со моите,веројатно тоа е и единствената работа за која не сме се испокарале надолго и нашироко дома.
 
не баш, само кога знае дека имам дечко, по 2000 пати ќе ми влезе во соба кога се спремам и ќе ми рече "пази што правиш" :)
иначе и за ова со брат ми си правам моабет...барем со него можам човечки, а не мајка ми да ја слушам кога се дере.
 
Nope, nikogas ne sum otvoril taa tema, samo porano za devojki so majka mi..
 
Да,со мајка ми,отворено си збориме за се,нема тука неугодности за работи што мора да те снајдат у животот.
 
Не баш само мама одвреме-навреме ме потсетвит дека имам уште време дека не треба да брзам дека треба да го сакам ова и за заштита ми кажвит :smir:Ама многу ретко е то.:helou:
 
Мноооогѕ често зборам со моите на оваа тема. татко ми ми одржа предавања уште пред да го фатам првиот децко хехеххе. а за моето прво сексуално искуство прва дозна мајка ми....е па сеа видете колку мнооогу и отворено зборам со моите на оваа тема ;) :pipi:
 
Никогаш ама баш никогаш не сме збореле на таа тема, ама незнам зошто е тоа така вајда ме сметаат за доста малечка па мислат дека не е време за такви разговори што знам????
 
никогаш досега не сме зборувале баш за секс...
можда муабет во два збора пази шо прајш или нешо така али никогаш не сме отвориле тема секс... а и не би се чуствувал удобно да зборувам со нив за то :toe:
 
никогаш досега не сме зборувале баш за секс...
можда муабет во два збора пази шо прајш или нешо така али никогаш не сме отвориле тема секс... а и не би се чуствувал удобно да зборувам со нив за то :toe:
Исто и кај мене...:nesum:
 
NIkogas ne sum se sramela da razgovaram so domasnite za seksot.Najnormalna rabota e toa koja ja pravi sekoj vozrasen covek.
 
Ај малце поинаку да кажам сигурно ќе ми го сфатиш одговорот...Кај мене дома,нема Табу теми. :) и мило ми е поради тоа...Бај д веј ме разочараа резултативе од гласањево : Никогаш одговориле 55.03%...срамота!
 
Збориме, ама тоа е најчесто еднонасочен разговор. Они ми кажуваат совети што веќе напамет ги знам, јас климам со главата. Или мајка ми ми поставува мрсни прашања, јас си одам во соба.
Моите никогаш не успеаа да се зближат со мене на тоа ниво и мојот интимен живот скржаво си го чувам пред нив. Не се чувствувам пријатно да зборувам со нив на таа тема и тоа е тоа. Не дека не се поставиле пријателски-напротив; до мене е, јас едноставно сум таква што уште како помала сум разграничила кои работи сакам да ги дискутирам со моите, кои не и така стојат работите.

Си ги имам најблиските пријатели за такви муабети.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom